Tuesday, July 6, 2010

Прихрана Dracaena

Dracaena-та е растение кое слободно можете да го чувате без воопшто да го прихранувате . Мислам дека ќе биде доволно еднаш на две години да го пресадите во почва припремена со хумус и растението ќе ви биде благодарно . На многу места на интернетов прочитав како е доволно еднаш месечно во летните  месеци да се  прихранува и  бидејќи ова растение ми е едно од најдрагите пишував за него во постот Спасената  Dracaena решив да се придржувам до препораките кои беа на интернет . За 1 месец веќе имав изненадување  флеки на листовите и засушени врвови кои изгледаат како на сликата подолу .



 Ова се случи по вторто прихранување , нормално употребував прихрана која е соодветно разредена во вода . Исплашена од оштетувањата веднаш ја прекинав прихраната земав дестилирана вода  бидејќи од водоводната флуорот само ќе допринесуваше за нови оштетувања .

Како резултат на употребата  на дестилирана вода растението почна пвторно добро да напредува како што беше пред употребата на прихрната  . Листовите одозгора на втората слика се нови






Новите листови  како што може да се забележи не покажуваат никакво оштетување .
  Топло ви препорачувам воопшто да не ги прихранувате растенијата од овој вид - Dracaena или како што популарно се нарекува Дрво на Животот . Наместо тоа редовно пресадувајте ги (еднаш на две години ) и обезбедете им земја со доволно минерали како и со доволно цврстина  .  Ако сепак решите да прихранувате изберете течно ѓубриво за кое со  сигурност ќе знаете дека можете да го употребувате  и за видот Dracaena .
Покрај овој вид на проблем се појави уште еден кој може да се види на првата слика - кафеави врвови . Истите може да се последица на прихранувањето но може да се должат и на употребата на водоводна вода . Нашата вода е тврда и богата со флуор кој влијае токсично на овој вид растенија . Затоа и почнав  да  употребувам дестилирана вода во тоа време кога се појавија оштетувањата нејзината употреба беше единственото сигурно решение  дека  ќе ги средам и двата проблеми како што и се покажа . Ако немате или не сакате да купувате дестилирана вода алтернативни замени се : аквариумска вода , вода дождовница со напомена оваа може да има многу низок ph и повторно да го убие растението .нискиот ph се појавува како резултат на загадувањето со сулфурендиоксид и азотни оксиди . Па така ако ја  собирате во град каде има аерозагадување може да биде погубно за растението . За оние кои имаат  бунари тоа е одлична вода за наводнување само да е микробиолошки чиста .

Растението е на листата на  NASA -растенија  прочистувачи на воздухот во просториите .  Ваквиот вид на растенија не саmо што продуцираат кислород и апсорбираат јаглероден диоксид туку  апсорираат некои загадувачи како  : бензен , формалдехид , трихлоретилен, толуен  и други .

No comments:

Post a Comment