Showing posts with label долар. Show all posts
Showing posts with label долар. Show all posts

Sunday, February 12, 2012

Селидба


Од пред 1 месец започнавме  да се селиме па и цвеќињата тргнаа со мене  . Нажалост во меѓувреме започнаа ниските температури а јас требаше  да ги изложувам цвеќињата  надвор цели 15 мин , па така сега за сега нивната селидба   е прекината  па од пролет ќе почнеме . Во новиот дом дел од цвеќињата ги наредив на една  даска до прозорот каде ќе имаат светлина  ,а другите  дел ќе бидат на терасата  и во по некој од ќошевите .
Подолу ви ги прикажувам тие покрај прозорот . Една од љубичиците сеуште се привикнува   затоа беше пресадена само 3 дена пред да ја преселам ама за среќа се забележуваат млади ливчиња што значи напредуваме . За разлика од неа  темно виолетовата љубичица започна  да цвета . Исто така добро напредува   и  доларот ,а  белата љубичица заради присуството на штетници морав  да ја  исечам па изгледа малку чудно но сега е во ред  .  Сега за сега со мене се преселени 8 растенија и едвај чекам да запролети за да ги донесам и другите .










Sunday, November 13, 2011

Проблем со штетници


Оваа година навистина имав преголем проблем со штетниците . Особено со малите бели пајачиња . Најпрво се појавија  на  доларот . Отпрвин мислев дека тоа е нешто  што  се појавува   на најмладите листови и е природен тек на растењето   . Тоа бели малечки топкички кои беа лоцирани на спојот на најмладите листови со стеблото и за кратко време исчезнуваа и повторно се појавуваа на најмладите листови . Тоа  беше причината што изгубив доста време , а требаше да делувам многу порано . Случајно еден ден при полевање го закачив доларот со рака тогаш наеднаш испаднаа неколку најмлади ливчиња , а топчињата кои беа на нив се растурија и видов дека се работи за пајажина . По една недела упорно туширање немаше никакво подобрување па отидов во продавница (земјоделска  аптека) и купив средство за штетници кај растенија . Купив Бубакил за растенија кој воопшто не е отровен за топлокрвни животни . Знаев дека се работи за Перметрин но на него немаше упатство на кои рстенија смее , а на кои не смее да  се користи . Бидејќи ми се брзаше воопшто не ѕирнав на интернет ништо за перметринот туку го испрскав доларот , а ги прегледав и другите растенија . Истиот штетник беше присутен на  пиперчето па и него го испрскав . Прскав два дена по ред . Четвртиот ден немаше  штетници ни на двете растенија но ме чекаше ново изненадување . ПЕРМЕТРИНОТ БИЛ КОНТРАИНДИЦИРАН КАЈ СУКУЛЕНТИ КАКО ДОЛАРОТ  . Дури сега следуваше масовно испаѓање на листовите . Сега  и по неколку месеци од прскањето растението сеуште  закрепнува   .За разлика од него пиперчето се разграни расцвета и сега има многу плодови . Соединенијата на перметринот сеуште ми се број 1 избор за штетниците особено заради ниската токсичност кон топлокрвнте животни и човекот но дефинитвно ќе мислам каде ги аплицирам .
Подолу е сликан доларот дури 3 месеци по прскањето и сеуште не е дојден на себе .







Кафеавите траги на листот се оштетувањата од  инсектицидот . Тоа е  еден од листовите кои сеуште не се паднати . 
А еве како изгледаше пред да биде масовно нападнат . 


Уште една слика од пред употребата на инсектицидот има тука