Како што споменав во еден од моите претходни постови овде ќе пишуваме за начинот на чување на Украсното пиперче . Ова растение воопшто и не бара некоја посебна грижа , толку е едноставно а и за кратко време ќе ве награди со своите плодови . Грижата за неговото чување се разликува во зависнот од тоа дали сте го засадиле самите од семче или сте го купиле како веќе израснато растение .
Најпрво е потребна саксија со добра дренажа. почвата која ќе ја користите може да биде најобична земја за цвеќе ако решите самите да припремате измешајте малку хумус (една -две шаки) со најобична земја и ќе биде доволно . Ако се работи за семе и откако ви изникнало растението тоа е многу кревко . Најдобро ќе биде откако ќе има 10 цм во саксијата да ставите мало дрвце и полека со конче да го врзете ,но никако стегнато . Тоа ќе му даде потпора бидејќи ваквото растение брзо ќе се скрши. Се додека е младо и кревко потребно да го засолнувате од умерен или силен ветер и дожд зашто и тоа може да доведе до негово кршење .
Можете да го чувате на сонце . Ова растение сака сонце , но ако сметате дека деновите се премногу топли и земјата многу се загрева во најтоплите часови можете на кратко 2-3 часа да го засолните на место кое не е изложено на директно сонце .
Растението покрај сонце сака и вода . Не е пребирливо во поглед на водата можете слободно да го наводнувате со водоводна вода .Препорачливо е таа да биде отстоена. . Наводнувањето може да биде потребно секој ден особено во топлите месеци за што ќе одлучите врз основа на сувоста на земјата и изгледот на листовите . Кога растението сака вода веднаш се забележува дека листовите му се навалени (клапнати) . По наводнувањето за кратко време неполни 15 мин тие ќе се исправат . Во летните периоди наводнувањето се врши тогаш кога саксијата нема да биде топла ( рано насабајле или касно навечер ) Растението може да процвета рано уште првата година кога е кревко зашто исто така треба да се води сметка особено ако дојде до формирање на плод . Плодот ќе биде тежок и може да го скрши. Не го отстранувајте плодот доволно ќе биде да го потпрете некако на веќе поставеното стапче за прицврстување на растението . Првите цветови му се појавуваат некаде мај- јуни месец и продолжува неговото цветање некаде до септември иако во меѓувреме веќе се формираат плодови .За да се формираат плодовите не е потребна никаква грижа освен да е на отворено каде инсектите или лесното ветре самите ќе извршат оплодување на цветот .
Од почетокот на формирањето на плодот тоа се мали зелени топчиња кои полека ќе преминуваат во портокалови и се повеќе ќе натежнуваат тогаш му е потребно да не се изнесува на силен ветер .
За прихранувње доволно е течно ѓубриво како за собни растенија јас користам такво иако можете да користите и ѓубриво во вид на кристали ама со ова треба многу претпазливо бидејќи и мала количина од кристалите може да го убие растението .
Зимно време на растението му треба топла росторија некаде околу 18 степени отприлика иако јас го чувам и во потопло и одлично е приспособено . Ако зимно време го чувате како мене во топло бидејќи немам многу избор може да цвет аи тогаш ама тие цветови ретко или скоро никогаш не преминуваат во плодови.
Со ова растение може уште додека е младо да се соочите со штетници од типот на бели вошки или мали пајачиња кои набрзо ќе создадат мрежа и ќе го убијат растението .Затоа е потребно набљудување . Штом забележите и најмали промени по листовите особено ако се работи за пајажинки според моето искуство е најдобро најпрво да го истуширате расттението под млаз вода и потоа да ги отстраните пајажинките . Ако убаво сте го измиле би требало пајачињата да ги нема .При туширањето може да отпаднат плодови листови и цветови , но во случајот ова е споредно придржувајте ги само гранките да не се испокршат . Листовите избришете ги со солфетки. Ако после 2-3 дена почнат да се појавуваат пајажинки мора да одберете инсектицид . Јас користам бубакил бидејќи истиот е неотровен за топлокрвните животни и луѓето но меѓутоа истиот може да остави бели флеки по листовите кои не исчезнуваат .Друг инсектицид не сум пробала . Истиов исектицид го решава и проблемот со белите вошки .
Ако растението е купено и поголемко прво што треба да направите е да ја видите земјата и количината на водата . Обично местата од каде купувам цвеќиња истите ги чуваат во очајна земја и преплавени во вода и јас одма ги пресадувам но ако задоволува земјата тогаш можете да го оставите во истата да се адаптира . Доволен стрес му е што го сменил местото на престој . За да почне да се приспособува ќе му треба околу една недела
На сликата е едно младо пиперче
Двете заедно младо и старо :)
No comments:
Post a Comment