Блогот е комплетно истиот од blog.mk . Направен е со цел да се сочуваат записите постирани на таа платформа со оглед на нејзината непостојаност . Не е исклучено блогирањето да го продолжам на оваа платформа без притоа да ги префрлам записите таму.
Showing posts with label Dracena. Show all posts

Sunday, July 22, 2012
Еден драг поклон Dracaena
Ова дрво на животот го добив оваа зима на поклон за моето вселување во новиот стан од една моја многу драга пријателка . За среќа го погодила подвидот па не е истата како што ја имам со жолти рабови на листовите ( Dracaena deremensis ) . Ова дрвце нема рабови на листовите па мислам дека е Dracaena fragrans иако не сум сосема сигурна . До сега добро напредуваше , се надевам така ќе остане и натаму . Кај мене си најде место токму како за него скроено ..... уживам да го набљудувам како си расте
Saturday, June 18, 2011
Чудесен цвет
Сега додека го пишувам постов цветањето и е при крај . Уште неколку дена и ќе го отсечам стебленцето на кое се наоѓаа прекрасните цветови а сега се засушени . Чекав да ги фотографирам сите фази од цветањето пред да го напишам постов . Ме изненади со цветањето не го очекував, можеби затоа толку многу му се израдував . Ја пресадив и очекував мирување а добив награда преубав цвет со преубав мирис . Ја чувам само 2 и пол години . За неа пишував во вториот пост беше многу малечка т.е едно малечко стебленце кое се бореше за живот , а сега е вистинско дрво . Кога ова растение го купувате од цвеќара едни може ќе ви речат дека не цвета а дека му се преубави листовите , другите кои се поупатени ќе ви речат доколку цвета да го отсечете стебленцето уште веднаш за да не скапе оттаму и за да продолжи да расте нагоре . Со вторава констатација се сложувам делумно . Точно е дека стебленцето на цветовите може да биде место од каде ќе тргне скапување , но јас лично не се сложувам со негово предвремено отсекување зашто да се види и доживее цветот на Dracaena (Дрво на живот ) , не само што е вистинска реткост туку и вистински благослов ,а да не почнувам дека предвременото отсекување е нарушување на природниот развој на растението .
Да онаа малечка Dracaena за која пишував во неколку наврати процвета овој месец . Кога прв пат ја забележав пупката ме обзема силна радост и веднаш се сместив пред компјутерот и почнав да барам информации . Наидов на неколку форуми каде пишуваше дека нејзиното цветање во саксија е вистинска реткост со просечно појавување на 7 години . Ретки беа написите (се на се 5-6) од некои сопственици кај кои цветот се појавил после три четири или пет години . Кај мене се појави на две години и околу 6 месеци старост на растението .
Најпрво се појави едно топче на мало стебленце со неколку пупки на него и си реков во ред за малата возраст на растението е доволно . Но стебленцето растеше се појавија и други такви топчиња . Го погледнував секој ден пупките се зголемуваа но сеуште не се отвораа .Случајно едно попладне повторно седев пред компјутерот кога почувствував еден преубав мирис .Тоа беше сладуњав релативно јак мирис кој потсетуваше на мирисот на хојата и на еден мој парфем од јасмин . Излегов надвор ,а таму ме пречекаа неколку отворени цветчиња . Тогаш сфатив дека кога во наредните неколку денови ќе се отворат сите цветови навистина ќе биде како да имам истурено парфем по дома . Цветовите беа мали ситни распоредени во групи со мали тенки бели ливчиња од чија средина штрчеа прашниците , но може да бидат и поинакви во зависност за кој подвид станува збор . И сега кога полека мирисот исчезнува , а белите цветови стануваат кафеави и засушени се надевам дека и следната година ќе ме почасти со ваков цвет .
Вака изгледаше кога прв пат ја забележав пупката
Претходни постови каде сум пишувала за оваа Dracaena со фотографии може да видите овде и овде

Вака изгледаше целото гранче со пупките
Фотографијата е направена кога прв пат го почувствував мирисот
Вака изгледаа цветчињата
Засушување
Колку за споредба следнава слика е од јуни 2009 направена веднаш откако бев уверена дека Dracaenata ќе се спаси и истата може да ја видите во постот „Спасената Dracaena “
Tuesday, July 6, 2010
Прихрана Dracaena
Dracaena-та е растение кое слободно можете да го чувате без воопшто да го прихранувате . Мислам дека ќе биде доволно еднаш на две години да го пресадите во почва припремена со хумус и растението ќе ви биде благодарно . На многу места на интернетов прочитав како е доволно еднаш месечно во летните месеци да се прихранува и бидејќи ова растение ми е едно од најдрагите пишував за него во постот Спасената Dracaena решив да се придржувам до препораките кои беа на интернет . За 1 месец веќе имав изненадување флеки на листовите и засушени врвови кои изгледаат како на сликата подолу .
Ова се случи по вторто прихранување , нормално употребував прихрана која е соодветно разредена во вода . Исплашена од оштетувањата веднаш ја прекинав прихраната земав дестилирана вода бидејќи од водоводната флуорот само ќе допринесуваше за нови оштетувања .
Како резултат на употребата на дестилирана вода растението почна пвторно добро да напредува како што беше пред употребата на прихрната . Листовите одозгора на втората слика се нови

Новите листови како што може да се забележи не покажуваат никакво оштетување .
Топло ви препорачувам воопшто да не ги прихранувате растенијата од овој вид - Dracaena или како што популарно се нарекува Дрво на Животот . Наместо тоа редовно пресадувајте ги (еднаш на две години ) и обезбедете им земја со доволно минерали како и со доволно цврстина . Ако сепак решите да прихранувате изберете течно ѓубриво за кое со сигурност ќе знаете дека можете да го употребувате и за видот Dracaena .
Покрај овој вид на проблем се појави уште еден кој може да се види на првата слика - кафеави врвови . Истите може да се последица на прихранувањето но може да се должат и на употребата на водоводна вода . Нашата вода е тврда и богата со флуор кој влијае токсично на овој вид растенија . Затоа и почнав да употребувам дестилирана вода во тоа време кога се појавија оштетувањата нејзината употреба беше единственото сигурно решение дека ќе ги средам и двата проблеми како што и се покажа . Ако немате или не сакате да купувате дестилирана вода алтернативни замени се : аквариумска вода , вода дождовница со напомена оваа може да има многу низок ph и повторно да го убие растението .нискиот ph се појавува како резултат на загадувањето со сулфурендиоксид и азотни оксиди . Па така ако ја собирате во град каде има аерозагадување може да биде погубно за растението . За оние кои имаат бунари тоа е одлична вода за наводнување само да е микробиолошки чиста .
Растението е на листата на NASA -растенија прочистувачи на воздухот во просториите . Ваквиот вид на растенија не саmо што продуцираат кислород и апсорбираат јаглероден диоксид туку апсорираат некои загадувачи како : бензен , формалдехид , трихлоретилен, толуен и други .

Subscribe to:
Posts (Atom)