 
Блогот е комплетно истиот од blog.mk . Направен е со цел да се сочуваат записите постирани на таа платформа со оглед на нејзината непостојаност . Не е исклучено блогирањето да го продолжам на оваа платформа без притоа да ги префрлам записите таму.
Monday, July 5, 2010
Не знам што е ама личи на Dracaena
Растениево е  малку помало од мене така да најверојатно има околу 20  години .Не се ни сеќавам од каде е дали е купено или не  .Моите го  викаат Дрво на Животот  а мене ми личи на Dracаena .  Како и сите  растенија од овој вид и овој не сака директно сонце , не сака премногу  вода  му смета флуорот  и хлорот во водата , истата треба да биде млака ,  да не се претерува со  полевање . Бара умерено  топла соба што би  значело некаде околу 25 степени . И така ова релативно големко растение   се шеташе од тераса  дома наесен и во обратен правец напролет се до  пред 6 години  кога на татко ми му се појави  Херниа  или народски  кажано кила . Оттогаш веќе  не сме во можност да  го изнесуваме   па  сите бевме загрижени како  ќе ги поминува годините   бидејќи е малку  подалеку од прозорот а во тоа време  беше и понизок  па светлината како  да поминуваше над него .За две години се извиши  , тоа беше следено со  сушење на листовите кои  беа во сенка .  Сега има огромно стебло листови  само на горниот дел  ама затоа од дното тргна ново растение .  Едно  малечко расте ли расте  како да трча нагоре .  Тоа му дава многу  интересен изглед и кога пред  1 месец отприлика бевме во "Bonsai Garden  "  мајка ми здогледа  Dracaena deremensis  Lemon  Lime  направена слично  како нашево растение  и извика слична е на нашиот  само овој има жоли  риги . Продавачката љубезно се сврте и  ни се обрати сте купиле сличен ?  И татко ми гордо а  не нен е  самиот си израсна  после  20 тина години .  Од девојката се слушна само едно  аааааа  толку е старо ! Со гордост ви  го претставувам можеби најстарото растение во мојот дом
 
 
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
 
No comments:
Post a Comment