Saturday, September 22, 2012

Маранта или молитвено растение

Ова реастение  го добива своето  популарно име Растение кое се моли, бидејќи во вечерните часови растението ги свива своите листови слично како и кога дланките се склопуваат за молитва . Имено ова е собно растение со големи листови кои можат да бидат двобојни , но и тробојни . Последниве имаат црвеникава нијанса во средината на листот.
Заради големите листови преферира место во сенка , заштитена од директно сонце  каде ја впива светлината со цела површина на листот . Ова растение ја обжава влажноста па затоа треба да се проверува почвата да има доволно влажност , но никако да не биде премокра .  Обожава ровка земја па затоа треба да се пресадува секоја година воглавном напролет како би се избегнало стврднување и набивање на земјата. Во однос на прихраната се прихранува  од пролет  до есен  и тоа со  добро разблажено течно ѓубриво.
Потребно е внимателно отсекување на листовите кога се поткаструва да не се оштети растението . Ова растение претставува навистина посебно убав декор во домот , со правилна нега ќе биде  присутно и  ќе го разубавува вашиот дом и повеќе години . Јас имам двобојна маранта  и тоа е само еден вид од многуте...