Во овој пост слики од растенијата кои се наоѓаа во градината на манстирот и од самоникнатите растенија во околината ...
Последнава слика мислам дека е од орхидеја . Ја видов внатре во конаците и ја фотографирав . Ептен ми беше убава .
Последнава слика е од стара куќа во селото
Блогот е комплетно истиот од blog.mk . Направен е со цел да се сочуваат записите постирани на таа платформа со оглед на нејзината непостојаност . Не е исклучено блогирањето да го продолжам на оваа платформа без притоа да ги префрлам записите таму.
Showing posts with label Скопска Црна Гора. Show all posts

Tuesday, August 3, 2010
Прошетка - манастир Св Илија Горни с.Бањани 02.08.2010
Иако за Св . Илија постарите знаат да речат тој ден врне , грми Св Илија се лути денеска денот беше преубав , создаден за прошетка .Откако се одвоивме од добро асфаlтираниот пат , почнавме да возиме по калдрмата , a планината почна дa станува се поблиска и поблиска , чиниш се отвара да не прими , да не собере сите луѓе кои се бевме упатиле натаму . Отсекогаш сум ја обожавала Скопска Црна Гора . Таму воздухот е поинаков , птиците е погласни , водата повкусна , таму има нешто . Им реков на моите високо е за нас кои се бевме навикнале на котлината ќе спиеме многу кога ќе се вратиме ... Ме погледна маjкa ми со потсмев како да сакаше дами каже :
- Е како да не знаеш ти - ама не рече ништо или барем јас не слушнав .
Веднаш се упативме кон манастирот .А тој оддолу изгледаше како заробен меѓу двата планински масива кои се идигаа од неговата десна и лева страна . До манастирската црква се стигнува по скали кои се тесни или преку конаците Едниот дел од манастирската црква беше заѕидан во карпа . На неа времето си го беше оставило својот печат , но тоа ја правеше поубава . Вратничето мало не би знаела да кажам зашто е такво и внатре се толку тесно што мораше веднаш да излезам за да им отстапам место на другите .Конаците реновирани а и преполни со гости .Луѓето кои беа задолжени за припремањето на ручекот -гравче иако премногу зафатени ни разменија 2-3 збора и не поканија на ручек ...
А околу манастирот се издигнуваше планината сета обрасната во шума од најразлични дрвја . А подолу малку под манастирот се слушаше жуборењто на Бањска река која се удираше од големите камења ....
Тука и се сместивме и уживавме во природата , дрвјата , големите листови ....
Слики од преубавата природа во околината и некои растенија од манастирот ќе следат во следниот пост
П.С Постов требаше да биде готов и вчера ама сепак не можевме да се изнаспиеме откако дојдовме

Subscribe to:
Posts (Atom)