Блогот е комплетно истиот од blog.mk . Направен е со цел да се сочуваат записите постирани на таа платформа со оглед на нејзината непостојаност . Не е исклучено блогирањето да го продолжам на оваа платформа без притоа да ги префрлам записите таму.
Showing posts with label поклон. Show all posts
Showing posts with label поклон. Show all posts
Sunday, July 22, 2012
Еден драг поклон Dracaena
Ова дрво на животот го добив оваа зима на поклон за моето вселување во новиот стан од една моја многу драга пријателка . За среќа го погодила подвидот па не е истата како што ја имам со жолти рабови на листовите ( Dracaena deremensis ) . Ова дрвце нема рабови на листовите па мислам дека е Dracaena fragrans иако не сум сосема сигурна . До сега добро напредуваше , се надевам така ќе остане и натаму . Кај мене си најде место токму како за него скроено ..... уживам да го набљудувам како си расте
Sunday, November 13, 2011
Проблем со штетници
Оваа година навистина имав преголем проблем со штетниците . Особено со малите бели пајачиња . Најпрво се појавија на доларот . Отпрвин мислев дека тоа е нешто што се појавува на најмладите листови и е природен тек на растењето . Тоа бели малечки топкички кои беа лоцирани на спојот на најмладите листови со стеблото и за кратко време исчезнуваа и повторно се појавуваа на најмладите листови . Тоа беше причината што изгубив доста време , а требаше да делувам многу порано . Случајно еден ден при полевање го закачив доларот со рака тогаш наеднаш испаднаа неколку најмлади ливчиња , а топчињата кои беа на нив се растурија и видов дека се работи за пајажина . По една недела упорно туширање немаше никакво подобрување па отидов во продавница (земјоделска аптека) и купив средство за штетници кај растенија . Купив Бубакил за растенија кој воопшто не е отровен за топлокрвни животни . Знаев дека се работи за Перметрин но на него немаше упатство на кои рстенија смее , а на кои не смее да се користи . Бидејќи ми се брзаше воопшто не ѕирнав на интернет ништо за перметринот туку го испрскав доларот , а ги прегледав и другите растенија . Истиот штетник беше присутен на пиперчето па и него го испрскав . Прскав два дена по ред . Четвртиот ден немаше штетници ни на двете растенија но ме чекаше ново изненадување . ПЕРМЕТРИНОТ БИЛ КОНТРАИНДИЦИРАН КАЈ СУКУЛЕНТИ КАКО ДОЛАРОТ . Дури сега следуваше масовно испаѓање на листовите . Сега и по неколку месеци од прскањето растението сеуште закрепнува .За разлика од него пиперчето се разграни расцвета и сега има многу плодови . Соединенијата на перметринот сеуште ми се број 1 избор за штетниците особено заради ниската токсичност кон топлокрвнте животни и човекот но дефинитвно ќе мислам каде ги аплицирам .
Подолу е сликан доларот дури 3 месеци по прскањето и сеуште не е дојден на себе .
Подолу е сликан доларот дури 3 месеци по прскањето и сеуште не е дојден на себе .
Кафеавите траги на листот се оштетувањата од инсектицидот . Тоа е еден од листовите кои сеуште не се паднати .
А еве како изгледаше пред да биде масовно нападнат .
Уште една слика од пред употребата на инсектицидот има тука
Saturday, April 9, 2011
Најубавото изненадување за 8 ми Март
За денот на жената се опоравував .... со други зборови не можев да одам многу освен низ дома и тоа не подолго од неколку минутки и сакала -несакала бев прикована за телевизорот . Ги гледав сите анкетирања прифаќања и неприфаќања на празникот идеите за прославување по кафани и сл . Ми текна дека низ годините наназад се помалку сретнував луѓе кои купуваат цвеќе , сите земаа нешто практично вазни , чаши , сервиси . А не знам зошто и не знам од каде тој ден ми беше секогаш за подарувње цвеќе , можеби дека како деца само тоа им подарувавме на нашите мајки . Свежо цвеќе собрано од тревниците или откинато од некој двор . Бидејќи во текот на денот освен да размислувам ништо друго не можев да правам , почнав да мислам што би добила за 8 ми Март . Сега сум мажена веќе ја нема двосмисленоста за девојчиња/девојки не бил празникот и слично .... Повторно почнаа да ми се редат слики на цвеќиња. Можеби нешто со цвет или некое дрво . Не , не дрва имам веќе неколку , нема место за нив . Ми текна дека одамна се наканував да си купам сукулент -долар и се кога ќе дојдеше ред на него се парите ми притребуваа за нешто друго . Хммм што би било кога би му текнало на нешто такво , би било супер таман со преселувањето ќе го пренесам во новото дома , ќе го ставам покрај прозор и тоа на југоисток . Таму има совршен прозор и тераса за одгледување цвеќиња . Претпоставував дека ќе биде цвеќе бидејќи знае колку сакам цвеќиња ... Вечерта дојде маж ми со две цвеќиња во рацете едното за мајка ми иако мислам дека му беше јасно дека и двете ќе ги присвојам . Едното цвеќе беше сукулент мислам дека е долар ,а ако не е многу личи на него и прекрасно изгледа а другото кактус кој го немам . Дефинитвно најубавото изненадување за 8ми Март . Е после радоста долго време чекаа да бидат пресадени , но штом „застанав убаво на нозе“ ... подолу на сликите се пресадени и малку потпораснати
Цветчето на катусот е вештачко
Мило мое ти благодарам со тебе секој ден ми е посебен
Sunday, February 20, 2011
Безименко
Ова растение го добив пред неколку месеци на поклон од една комшивка . Едно сабајле дојде кај нас дома и го држеше посадено во саксија . Го расадувала , па знаејќи дека сакаме цвеќиња едно стебленце ни посадила . Растениево има меко стебло , поради што ако сакате да биде исправено неопходно му е стапче за потпора . Ние тоа не го сторивме и некако стана подгрбавено , ама на сталажата токму таква форма и ни одговара . Искрено потребите не му ги знаев ,а бидејќи немам појма како се вика , а името не го знаеше ни неговата претходна сопственичка немав можност ни да прочитам некаде како треба да се одгледува . Така овие месеци експериментирав со него секако со некои мали совети од комшиката . За овие неколку месеци открив дека сака многу светлина , но не и директно сонце дури и листовите за многу кратко време ги врти кон неа , веројатно воопшто не е пребирлив во поглед земјата бидејќи беше донесен во најобична земја , а досега не е пресадуван и добро напредува . Во поглед на наводнувањето го наводнувам исклучиво кога ќе приметам дека се исушила земјата , а тоа е на доста кратко време на околу 3-4 дена , па претпоставувам дека е љубител на многу вода . Во поглед на температурата сега е сместен во мојот стакларник впрочем каде што и се сместени и другите цвеќиња зимно време , некаде на +25степени . Искрено не знам дали цвета , но кај комшиката за време од неколку години не процветало , ама затоа има интересни зелено -жолтеникави листови заради кои и е привлечно .
Monday, September 13, 2010
Јас веднаш да се пофалам
Само што ги донесе татко ми и јас веднаш ги средив т.е ги засадив еве веднаш да си се пофалам на блог . Татко ми доби на поклон неколку розети Чувар на куќа . Му ги поклонија комшии од зградата каде што живеам . Ги имале многу во дворот . Резниците ги засадив веднаш а едно добив со се саксијата зафатено . Не знам дали сите ќе се зафатат ама јас им стискам палци .Се издрадував особено бидејќи го изгубив мојот Чувар на куќа . Од тој останаа само неколку бебиња кои исто така ги фотографирав :)
Ова подолу се моите бебиња чувари .
Благодарам чичко Ристо и тетка Борка
Ова подолу се моите бебиња чувари .
Благодарам чичко Ристо и тетка Борка
Sunday, August 22, 2010
Рајска птица (растение )
Називот рајска птица покрај еден вид на растение го носат и некои птици кои имаат впечатливи бои . Вакво растение добив на поклон како букет за во вазна за мојот роденден . Мислам дека ниту ТОЈ не знаеше каков назив носи ова растение , а и јас го открив пред неколку дена . Кога ми го врачи ми објасни дека цветовите кои се портокалови ги има повеќе и треба да бидат вадени еден по еден од долниот лист за да траело цвеќето подолго . И траеше . Последните три цветови ги извадив наеднаш зашто покажуваше скапување во долниот дел . Тогаш и ми заличи на птичји клун . Не се сеќавам дали е сликан тој букет , но ако е , сликата не можам да ја најдам .
Цветот е впечатлив егзотичен портокалов со синкаста нијанса во внатрешноста и издолжен , а завршува во вид на шпиц од кој се двојат прашниците и како да ѕиркаат .
Не сум сретнала некој тука да го одгледува посаден во земја , но ако има такви еве неколку насоки за чување .
Растението Рајска птица е тропско растение кое припаѓа на фамилијата Strelitziaceae на редот Zingiberales . Научно се нарекува Strelitzia reginae и најчесто е познат како дива банана ,ова растение потекнува од топлите и влажни услови на Јужна Африка . Категоризирано е како грмушка . Листовите на ова растение се слични со оние на бананата само што се помали .Кога е зрело висината на растението достигнува околу 120 -150 цм . Цветовите на растението имаат портокалови и сини ливчиња . Со неспоредлива убавина и елеганција цветот на ова растение се користи за декоративни цели .
Како да го одгледувате ова растение ?
Одгледувањето на ова растение е лесно што го прави посакувано растение меѓу почетниците и искусните одгледувачи . Бидејќи потекнува од тропски климатски региони оптимална сончева светлина е круцијална за подобро растење и навремено цветање .
Одбирање на место за растението : За одгледување на растението главен предизвик е одбирањето на соодветно место за засадување .Ако имате градина која има многу сонце и земјата не е премногу влажна тогаш можете да го засадите вообичаено како и другите растенија .
Припремање на соодветна почва : Откако сте го одбрале местото каде ќе го одгледувате растението следи припрема на почвата на правилен начин . Во случај да имате тешка непропустилва земја додадете малку песок во дупките каде ќе го засадите растението да се подобри дрнажата . Дупките можете да ги ископате со 60 см растојание меѓу нив . Не заборавајте во нив да додадете малку органско ѓубриво .
Услови : За подобро растење на рајската птица , растението треба да биде изложено на сончева светлина . Наводнувајте го редовно да биде влажно , не мокро .
Ако сакате да исечете цвет за во вазна : Одберете долго стебло кое што е спремно и само што не процветало .Отсечете го така што да остане еден лист .Ставете го во тесна вазна исполнета со каменчиња во различни бои и вода и можете да уживате во цветот околу 3 недели .
Размножување: Има два начина на размножување со одвојување и со семе .
Рајска птица (животно)
Делови од постот се преведувани од следните сајтови
http://www.flowershopnetwork.com/pages/newsletter/NewsletterAugust2007.php
http://www.buzzle.com/articles/bird-of-paradise-plant.html
а за слики покрај претходниот сајт се користени :
http://en.academic.ru/dic.nsf/enwiki/110705
http://www.seednation.com/seeds.php?type1=flower&page=1
http://www.ejmandassociates.com/about.html

- Со одвојување : се вади растението од земјата или саксијата и се поделува според подземните стебла (ризоми) водејќи сметка секое од нив да има доволно коренчиња и потоа деловите се засадуваат во мали саксии и се ставаат на индиректно сонце . Откако ќе се аклиматизираат ( 8 недели ) може да се префрлат на место со повеќе директно сонце . Вака новото растение ќе процвета за 2-3 години
- Со семе : Вка добиените растенија ќе процветаат за 4- 10 години
Рајска птица (животно)
Делови од постот се преведувани од следните сајтови
http://www.flowershopnetwork.com/pages/newsletter/NewsletterAugust2007.php
http://www.buzzle.com/articles/bird-of-paradise-plant.html
а за слики покрај претходниот сајт се користени :
http://en.academic.ru/dic.nsf/enwiki/110705
http://www.seednation.com/seeds.php?type1=flower&page=1
http://www.ejmandassociates.com/about.html
Wednesday, July 7, 2010
На поклон или размена
Од последното сечење на растението кое го имам дома имам 3 гранчиња кои со задоволство ќе ги дадам било кому на поклон или за размена ако имате воља или исто вакво растение само со друга боја на цветот . Се работи за растение наречено Христов трн или Euphorbia milii . Ова растение е млечка и има боцки цветот по боја му е црвен а може да се нјаде во розова жолта бела боја - тие ги видов на блогот на кактусар . Таму можете да прочитате и повеќе за начинот на чување не би бил фер да го пишувам истото и да му ја земам работата :) .
Растението кое го чувам дома е старо повеќе од 20 год и изгледа вака

Растението кое го чувам дома е старо повеќе од 20 год и изгледа вака
Сега има повеќе цветчиња сликава е напрена пред кроење .
Подолу се слики од трите гранчиња кои сеуште ги чувам , имаат пуштено корења кои стануваат доста големи .
Сликите се фотографирани денес

Subscribe to:
Posts (Atom)