Sunday, July 4, 2010

Моите три нови пријателчиња

Претходниот викенд на семејна прошетка навративме во една од продавниците за цвеќиња и вртејќи се така низ  разно разните растенија заслепени од убавината на некои цветови кои ни јас незнам на кое растение  му припѓаа се решивме домот да го збогатиме  за  уште три малечки кактусчиња . Помеѓу дилемите на мајка ми  каде ќе ги чуваме дека нема место за цвеќиња и слично одговорноста ми припадна на мене . Очекувано  откако херојски се  зазедов за катусите кои веќе ги имавме а моите ги одгледуваа кој како стигне  па едниот дури и го испекоа на сонце . Ги донесовме малецките дома и другиот ден решив да ги пресадам . Она на што наидов во  саксиите во кои беа  беше доста  сув корен  . Искрено тоа малку ме збуни  не успеав да го сликнам но коренот личеше на сув коноп . Како и да е  ја пипремив земјата песок хумус малку обична земја за цвеќе и  почнав да садам . На крајот малку крупни каменчиња и  се беше готово . Следен предизвик местото каде ќе стојат . Бидејќи врска немав какви кактуси се  и незнаев дали можам директно да ги ставам на сонце се решив за стакларникот притоа овозможувајќи им доволно светлина .Од она што пребарував на интернет и колку што можев да споредам е дека едниот  му  припаѓа на Notocactus другиот на групата сенилни кактуси а третиот остана дилема . Сега засега   ги наводнувам ретко , досега само еднаш а веќе пројде една недела . Мислам и дека е сосема во ред тоа со оглед дека температурата паѓа во стакларникот до 14 степени  а  дење е обично околу 22-25 .  Секој ден влегувам во стакларникот и им се радувам и не само на нив туку и на секое растение кое е таму . Уживам кога  ги гледам како растат пуштаат нови листови … Се надевам дека моите нови пријателчиња убаво ќе се „ раскомотат “ во новиот дом и ќе ме дружат уште долго долго време


Следнава слика е од старите кактуси пресадени и  дотерани со некое камче

No comments:

Post a Comment