Friday, January 28, 2011

Кактус човече

Ова мало кактусче иако треба да е во мирување ,најверојатно заради високите температури во мојот стакларник си расте . Го забележав денес дека се издеформирало т.е попримило чудна форма на човече со рашиерни раце .Барем мене така ми личи . Освен тоа и уште еден кактус со изданоците кои ги пушта добива чудна форма . Тој е на последната слика  :)


Едната „рака“ е во сенка


Овде мислам се забележува поубаво 


Кактусот со чудни мали изданоци

Saturday, January 22, 2011

Вештачки цвеќиња

Не сум некој нивен голем љубител ,но ги добив на поклон за свадбата . Боите им се интересни . И покрај тоа што на прв поглед се  навистина убави не ми се допаѓа  што не растат и не е потребна никаква грижа за нив.  Јас сум од оние кои навстина уживаат да ги гледаат промените - растењето, цветањето, паѓањето на цветовите и.т.н