Сличен пост можеби има некаде а ако нема можеби добро ќе им дојде на љубителите на ова цвеќе.
Љубичицата е можеби едно од најчестите собни цвеќиња. Тоа е мало ниско растение кое се чува обично покрај прозорот .Има листови покриени со мали влакненца а цветот може да се види во повеќе бои .
Ако решите да чувате или веќе го имате еве некои практични совети кои мене ми се покажале како корисни :
Најпрво љубичицата има доста плиток корен така да за нејзино одгледување може да одберете поплитка украсна саксија .
За да ја задржите убавината на листовите и на истите да не се појават кафеави пеги препорачливо е да не ги мокрите листовите . Ова можете да го постигнете полесно ако водата ја ставате во тацната од саксијата . Како мое позитивно искуство откако почна една од љубичиците заради директното залевање во саксија да не ми пушта листови се покажа честото залевање во тацната во ритам од 3 дена со додавање на течно ѓубриво еднаш во месецот . Иако во литературата стои дека во зима залевањето треба да е поретко , можеби заради високите собни температури од 24 степени кај мене сеуште го практикувам ова залевање на 3 дена .
Околу цветањето во литературата стои дека околу 6 недели треба да се држи на 15 степени со ретко залевање за да настапи прекин на цветањето бидејќи некои сметаат дека следното цветање ќе биде побујно . На жалост мене ми е страв да ја изнесам во стакларник каде температурите се движат сега обично 15 степени и плус не можам да ја контролирам таа температура и да ја направам да биде постојана па така кај мене цело време се на 24 степени и воопшто не престануват со цветање . Цветањето им е константно за секој овенат цвет обично се наоѓа по една пупка и не би рекла дека е помалку бујно.
Во однос на светлината како и повеќето растенија не сакаат директно сонце но уживаат на светлина .
Во однос на размножувањето во текот на моето одгледување и консултации со луѓе кои исто така одгледуваат вакви љубичици наiдов на така да речам два начна со кои се служат луѓето за да ги размножат љубичиците .Првиот во тек на пресадувањето каде издвојуваат цели делови од растението заедно со коренот и го засадуваат во друга саксија и вториот можеби и попознат со исечено ливче кое се става во вода или директно во влажна растресита земја .
Во контекст на ова неодамна ми се случи нешто интересно . Имено добив две љубичици со корен . За да направам мал експеримент им отстранив по 3 ливчиња од секоја двете растенија ги посадив (ги добив без земја сопственичката ми ги даде во тек на пресадување ) .Посадените љубичици нормално почнаа да напредуваат и наскоро почнаа да цветаат . На ливчињата им требаше одредено време да пуштат корен а потоа и додатно време од скоро 2 месеци да пуштат нови листови па дури и сега се сеуште многу млади уште им е рано за цветање . На мое големо изненадување најпрво забележав разлика во распространетоста на листовите . Додека љубичиците кои беа со корен потешко пуштаа нови листови а побрзо цветови па дури добија и некаква неправилна форма со раштракани ливчиња засадените ливчиња пуштаа ливчиња кои имаа поправилен распоред и форма и некако покажуват поголема виталност за разлика од другите кои покажуваат крхкост
Друга работа која ја забележав дека ливчињата кои беа посадени така што делови од нивната дршка се гледаше на земјата и покрај тоа што имаа корен се исушија . Така да мој заклучок е дека при размножување на растението попрактично е да се употребат ливчиња кои со целата дршка значи до самиот лист ќе бидат закопани во земја. . Можеби за резултатите ке треба подолго време но мене некако на овој начин повеќе мис е допаѓаат .
Мислам дека може да се долови правилноста иако можеби првата е понапредна затоа што цвета . Втората е засадена од ливче и сеуште е премногу млада ама мене ми изгледамногу поздраво .
Еве уште неколку слики :
No comments:
Post a Comment