Станување рано наутро . Се знае кафе спремање .Сендвичи - check . Вода -check Запалка и ноже - check. А да и најбитното апарат и резервни батерии... Тргнавме со намера да истераме добар излет да видиме што се променило бидејќи одамна не бевме отишле и да направиме некоја добра фотка . A Матка таа секогаш успева да му го запре здивот на секој оној кој прв пат ја посетил и да му го забрза дишењето на секој кој погледнува надолу во езерото или пак нагоре во синото небо и врвовите на карпите . Љуѓето во кањонот изгледаа како заковани меѓу две супериорни нешта , знае природата да ја покаже својата одлучност и смелост тука , да покаже дека всушност никој не може да ја освои и да ја има , единствено таа е господарот што одлучува колку ќе му поклони на секој посетител да ужива во неа . Воздухот многу поинаков од Скопје свеж а тивкото ветренеце само го дополнуваше убавото чувство . Водата со камењата поставени во неа и брзаците кои тие ги предизвикуваат го покачуваат адреналинот а од спротива се смирува мислиш поточе станува а не река . Го слушам татко ми реди : „ Е и оваа карпа останала тука се симнував како дете и се бањав во реката “ . Се симнува надоле сакајќи преку неа дојде до долу а одозгора виси некој објект одмана затворен претпоставувам. Се враќа . -Го затвориле онде заѕидале покажува до подот на објектот ...
Одиме понатаму хидроцентралата , браната лесно ги одминуваме .Се качуваме доаѓаме до картата на кањонот полека застануваме и ја разгледуваме небаре се ќе запаметиме потоа карпите од каде тргнува едно мало патче , покрај карпите наместа има поставено јажиња а понатаму и сајли за држење . Тргнавме по него со татко ми , тој се пофали како патов го поминувал без да биде модифициран уште кога бил многу помлад кога немало сајли а наместа од карпите си ја удирал главата . По патот камењата понекаде кршени и моделирани во скали , мора да се запази удобноста на туристите колку се може во една ваква средина бидејќи колку да сме совршени како суштества немоќни сме без механизација да го совладаме сами предизивкот кој тука го поставила природата ...
По патчето се чувствува дека се си го нашло своето место на припекот на сонцето , долу до водата , отспротива патчето под сенката . Меѓу карпите ѕиркаат разни треви т,н полски цвеќиња некој вид на папрат , мовови . Во околината бршлен разни видови на дрвца . вистинско место за опуштање на мозокот . по враќањето од оваа прошетка низ кањонот убаво се одморивме покрај реката и потоа ја посетивме црквата Св Богородица -Матка . Градината во црквата ме плени неможев да ги одвојам очите од борчињата и другите зимзелени растенија , ситната , ружа и многу други .
Кога се вратив дома и ги префрлив сликите на компјутер испаднаа плус минус 100тина фотографии . Од нив повеќе од 60 тина се навистина прекрасни .Во неможност да ги ставам сите на овој пост клиповите и неколку слики ќе ги ставам на постов а другите ќе одат како серијал слики секој ден .
No comments:
Post a Comment