Блогот е комплетно истиот од blog.mk . Направен е со цел да се сочуваат записите постирани на таа платформа со оглед на нејзината непостојаност . Не е исклучено блогирањето да го продолжам на оваа платформа без притоа да ги префрлам записите таму.
Прошетката до Куманово поточно до манастирот во Старо Негоричане беше договорена два месеци порано меѓу маж ми и еден негов колега ,а беше утврден и датумот - 15. 07 .2011. Тргнавме по најжешкото некаде околу 16 часот од Скопје . Тогаш ако се сеќавате беше почетокот на топлотниот бран . По автопатот беше пеколно немаше многу автомобили а со тоа немаше и многу бучава и ќе беше уживанција за набљудување преку прозор да не беше сонцето . По сите преземени мерки млеко 60 ка фактор и квалитетни очила за сонце патувањето не беше така неиздржливо .На бензинската на почетокот од Куманово се најдовме со пријателите и продолживме према манастирот . Кога стигнавме до манастирот тој беше веднаш до патот во Старо Негоричане . Пред нас се издигна голема црква убава камена градба ... Човекот кој беше одговорен за црквата не беше дома , ни отвори жена му меѓутоа неговото неприсуство ме чинеа некои факти кои сакав да ги дознаам. Во дворот на црквата мирно тивко зелено со огромни дрвја како листопадни така и зимзелени ... вистински одмор за душата . Исто така во дворот се наоѓаат неколку гробови претпоставувам на црковните луѓе . Влегувањето низ не многу високата врата беше проследено со групна воздишка бидејќи внатре беше многу поладно . Фрескоживописот беше посебно впечатлив на него се познаваа годините на кои им пркосел . Жената која ни ја отвори црквата ни кажа дека тоа истиот фрескопис од обновувањето на црквата некаде 13-14 век Истиот наместа е оштетен меѓутоа плени со боите , ликовите ,а композициите се наредени во циклуси . Запаливме свеќи се помоливме поседовме . Чувството додека бев внатре беше необично , прекрасно како да ги полните батериите 100 на саат . Искрено се чувствував како да се раѓам одново ....
Излеговме ..Имав чудно чувство додека го нпуштав местото беше навистина убаво и ми беше жал што мораше за кратко да се замине меѓутоа мнозинството од друштвото посебно децата беа со празни стомаци па мораше , а и изгледа никого не го влечеа старите храмови како мене . Единствено ми остана нејасно зашто храмот го нарекуваа манастир кога тој во суштина е црква бидејќи конаци не видов нигде
За Етно село нема многу да зборувам ... единствено ми го привлекоа вниманието селските алатки и колата кои беа поставни во дворот
Првата слика подолу е направена на патот од Црквата до Етно село
Одамна не бев отишла на Водно . Можеби немаше уште долго да отидам но фатена помеѓу конечната одлука дека на одмор нема да одам и преголемата желба барем на кратко да се побегне од овие температури сепак тоа е најблиското место кое ми паѓаше на памет како засолниште .
За денес прогнозата велеше високи 35 степени . Не му ја мислев многу ги спакував моите и отидовме . Таму не пречека познатата природа со големите дрва од типот на липа , бреза како и зимзелените некои смрекички и борчиња . Изненадувањето допрва доаѓаше . Тргнавме по едно патче кое веднаш се одвојува од лево над паркингот на средно водно . Тоа порано ни беше омилено патче . По него доаѓавме на една полјана која освен жешко сонце немаше ништо , но ако беше пролет таму најчесто го забележувавме качунките и кокичињата кон крајот на зимата . А не беше далеку таа полјана не требаше многу пеш одење и тоа ни годеше . Уште на почетокот ги забележавме мапите и инструкциите за однесувањето во природа . Беа кратки и јасни , на нив стоеше испишано она што секој човек го знае ама некаде го оставил ,изгубил. .Штом малку залеговме ги видовме трупците од исечените дрвја кои веќе беа обраснати со мов и правеа интересни фигури а дел од корењата на дрвата што се простираа позади висеа меѓу овие фигури и ја дополнуваа сликата .
Не изненадија поставените масички и столчиња на секое проширување на патчето .
Наскоро се одвои едно патче од десно но не тргнавме по него . Претпоставувам дека води кон врвот . Од десната страна забележавме печурки но сепак се врткав кон желадите кои се наоѓаат од левата страна кога одите нагоре . Отсекогаш ми биле примамливи нивните изрецкани листови , а имаше и млади дрва кои најверојатно сами никнале За плодови сеуште е рано .
Малку погоре се одвои за нас добро познатиот пат од левата страна кој водеше до полјаната . Сместен меѓу високи дрвја брзо го изодевме иако ни годеше дебелата сенка .
Само што излеговме на полјаната не чекаше вистинско изненадување . Полјаната не се препознаваше тоа беше веќе пошумено место со мали дрва и летниковец од кој се гледаше дел на Скопје . Младите дрвца беа листопадни , но имаше и зимзелени .
Некаде на средината сеуште стоеше едно дрво кое до половина беше суво а од пола со листови -живо . Тука беа и дивите цвеќиња и трње кои само го дополнуваа изгледот и беа вистински отисок на природата . На целото место му даваа див изгледа и се трудеа на секој начин да ја затскријат „човечката рака „. Така природата чинам покажуваше дека и самата знае да обликува како да се бунтуваше на помошта од човекот иако се гледаше дека тоа беше неопходно . Претходно цврстата земја од новата вегетација беше ровка .
Местото ни овозможи разладување со лесното ветренце , спокој со шумолењето на листовите а раположението го дополнуваше музикалното инсектче кое татко ми го нарекува жежи-печи .
После уживањето од околу два часа и опуштањето на ушните тапанчиња од метежот во Скопје сесимнавме и упативме кон црквата на средно водно .Отсекогаш сум им се нагледувала на растенијата во малата градина позади црквата , но мислам дека овојпат розите беа по прекрасни од кога и да било .
Од страната лево ако се симнувате по скалите према црквата има браздичка посадена со растенија и разнобојни цвеќиња .Босилекот ме плени со неговиот облик , а покрај мене и едно инсектче не можеше да им одолее на цветовите . Заносно се вовлекуваше меѓу нивните црвени ливчиња а уште по ошумоглвено излегуваше и така опијането одеше до другото цветче
Сеуште сме со фотографиите од црквата Св. Богородица - Матка . Овојпат со слики од конаците камбанаријата и повторно дел од градината .Црквата е ставена во целост како последна да го комплетира постот иако е еднаш прикажана во постот Од посетата на Матка
Како што споменав во претходниот пост во овој и наредните неколку поста покрај други постови ќе објавувам слики од последната моја посета на Матка .Во вој пост сликите се од црквата Св Богородица -Матка поточно од градината којае пред нејзиниот влез а веднаш после големата порта .Преубаво место .. Ќе заклучите и сами
На оваа слика е претставен бршлен кој е малку поинаков од вообичаениот темнозелен по белите делови на листовите а зелената боја е со посветла нијанса .
Мала ниска ситна ружа
Расцветана Јука
Патеката коај води до црквата со дел од растенијата кои се наоѓаат воградината .
Во следниот пост уште неколку слики од истава градина ...
Станување рано наутро . Се знае кафе спремање .Сендвичи - check . Вода -check Запалка и ноже - check. А да и најбитното апарат и резервни батерии... Тргнавме со намера да истераме добар излет да видиме што се променило бидејќи одамна не бевме отишле и да направиме некоја добра фотка . A Матка таа секогаш успева да му го запре здивот на секој оној кој прв пат ја посетил и да му го забрза дишењето на секој кој погледнува надолу во езерото или пак нагоре во синото небо и врвовите на карпите . Љуѓето во кањонот изгледаа како заковани меѓу две супериорни нешта , знае природата да ја покаже својата одлучност и смелост тука , да покаже дека всушност никој не може да ја освои и да ја има , единствено таа е господарот што одлучува колку ќе му поклони на секој посетител да ужива во неа . Воздухот многу поинаков од Скопје свеж а тивкото ветренеце само го дополнуваше убавото чувство . Водата со камењата поставени во неа и брзаците кои тие ги предизвикуваат го покачуваат адреналинот а од спротива се смирува мислиш поточе станува а не река . Го слушам татко ми реди : „ Е и оваа карпа останала тука се симнував како дете и се бањав во реката “ . Се симнува надоле сакајќи преку неа дојде до долу а одозгора виси некој објект одмана затворен претпоставувам. Се враќа . -Го затвориле онде заѕидале покажува до подот на објектот ...
Одиме понатаму хидроцентралата , браната лесно ги одминуваме .Се качуваме доаѓаме до картата на кањонот полека застануваме и ја разгледуваме небаре се ќе запаметиме потоа карпите од каде тргнува едно мало патче , покрај карпите наместа има поставено јажиња а понатаму и сајли за држење . Тргнавме по него со татко ми , тој се пофали како патов го поминувал без да биде модифициран уште кога бил многу помлад кога немало сајли а наместа од карпите си ја удирал главата . По патот камењата понекаде кршени и моделирани во скали , мора да се запази удобноста на туристите колку се може во една ваква средина бидејќи колку да сме совршени како суштества немоќни сме без механизација да го совладаме сами предизивкот кој тука го поставила природата ...
По патчето се чувствува дека се си го нашло своето место на припекот на сонцето , долу до водата , отспротива патчето под сенката . Меѓу карпите ѕиркаат разни треви т,н полски цвеќиња некој вид на папрат , мовови . Во околината бршлен разни видови на дрвца . вистинско место за опуштање на мозокот . по враќањето од оваа прошетка низ кањонот убаво се одморивме покрај реката и потоа ја посетивме црквата Св Богородица -Матка . Градината во црквата ме плени неможев да ги одвојам очите од борчињата и другите зимзелени растенија , ситната , ружа и многу други .
Кога се вратив дома и ги префрлив сликите на компјутер испаднаа плус минус 100тина фотографии . Од нив повеќе од 60 тина се навистина прекрасни .Во неможност да ги ставам сите на овој пост клиповите и неколку слики ќе ги ставам на постов а другите ќе одат како серијал слики секој ден .