Sunday, September 4, 2011

Прошетка Скопје - Валандово -Дојран ;Манастир Св Ѓорѓи Валандово

Ова лето кон крајот  на јули месец заминавме на кај Валандово  . Бевме сместени во едно од  Валандвоските села - Удово .Селото  беше збиено , луѓето воглавном растрчани секој по своите работи . На  лозјата  грозјето полека зрееше а  лубениците веќе  масовно се береа . Првиот ден го поминавме меѓу роднини никој нејќеше да не изостави  така да едвам постигнавме .... Удовчани  ги доживеав како генерално љубезни и искрени луѓе ....Вториот ден беше определен за посета на градот  ,а во текот на третиот ден беше планирано да тркнеме до Дојран и потоа  назад за Скопје . Кога влеговме во Валандово тоа беше еден смирен град  без гужви и чекања , мало гратче со само една раскрсница на која имаше семафори . Се чувствував прекрасно токму поради таа тивкост во градот ,вистинска оддишка  за  мојот веќе уморен мозок од секојдневната гужва во Скопје  . Во градот не застанувавме зашто времето беше прекратко , па се упативме кон манастирот Св Ѓорѓи . Патот беше тесен , кривулест и нагорен . Постојат два влеза за тој пат во зависност од кој ќе скршнете прво ќе го видите или манстирот или базенот . Манастирот се наоѓа на планината Плавуш а од човекот кој беше одговорен дознав дека е изграден во средниот век како црква а потоа  прераснал во манастир .Човеков не  беше многу зборлив а јас се чувствував како да се натурам .  Местото на кое се наоѓа манастирот е необично тивко смирувачко . Дури и кога зборувавме како да  шепотевме  не знам ни сама зошто .  Погледот е прекрасен восхитувачки на момент ти запира здивот . Половина час седење во дворот беa вистинско уживање и тотално психичко возобнувавање . Се чувствував  како  да ми се изоструваат сетилата , како плуќата да ми „работи“ со тотален капацитет . Црквата е мала  и кога влегувате се симнувате едно скалило надолу . Иконите се некои понови , некои постари . Конаците се исто  така мали а во дворот се наоѓаат неколку чешми со необично ладна вода . Толку ладна  вода досега не сум вкусила . Оттаму се упативме кон базенот друштвото имаше намера да се бања ... Отпрвин ми сметаше гужвата таму ми требаше едно половина час да се привикнам можеби и повеќе  ... Битно зафатив место на стол под сенка пто тој ден беше вистински луксуз и ги гледав како другите се бањаат а  размислував за манастирот ....





На сликите погоре е прикажан погледот од  дворот на манастирот 










Следните две слики подолу се од базенот



За Дојран заминавме третиот ден бидејќи беше претопло седевме кратко и немавме многу време за шетање . Дојран оваа година  ми се виде како пријатно место  , и за чудо таму јадев една од поубавите пици . .На жалост немав време  да разгледам и да се качам до Св Илија  Од се највеќе ми привлекоа внимание штрковите   ...