Showing posts with label цвеќе. Show all posts
Showing posts with label цвеќе. Show all posts

Sunday, July 7, 2013

Маранта цвет

Ова растение за кое  пишував и во  претходниот пост  воглавно  воодушевува  со неговите прекрасни листови  кои може да бидат двобојни или тробојни . Вториве секако се многу поубави бидејќи  онаа  темно црвеникаво виолетовка боја им дава посебен шарм.
Отсекогаш сум сметала дека растение кое добро се развива и цвета  е  задоволно растение  . На мое големо изненадување марантата кај моите родители процвета .Сега за  неа се грижи мајка ми
Цветот не е ниту голем ниту  со живописни бои меѓутоа мене ме израдува . Растението кое скоро секогаш го гледав со убави листови сега имаше и цветови . Веднаш ми пројде мислата низ глава : - Ти си задоволно растение  . Ми дојде и насмевка на  устата . Бев задоволна . Цветот траеше неколку дена а потоа   почна да венее . Меѓутоа цветањето се повтори неколкупати  и секој нов цвет  ми причинуваше голема радост

Подолу ви ги прикажувам малите шармирачки  цветови  на марантата








Sunday, March 18, 2012

Пред и по кроење


Повеќегодишните растенија секоја пролет имам навика да ги кројам пред се за да се одржи обликот , а и да пушти нови свежи ластарчиња кои ќе придонесат да си ја задржат убавината . Вчера кај моите го кроевме „Христовиот трн“ растение старо повеќе од 20-  тина години . Скоро сите стари гранки ги отстранивме ги оставивме само помладите како би му овозможиле на растението да ги одржи своите природни процеси и респирацијата која се одвива преку листовите  . Од ластарчињата може да се зафатат нови примероци , така да доколку некој има желба за вакво растение  може слободно да ми пише  ластарчињата ќе бидат оставени во вода некое  време .

Пред кроење :



По кроење :



Ластарчиња:





Tuesday, March 13, 2012

Нова интересна љубичица

Пред околу 7-8 месеци татко ми ми донесе 2 ливчиња на африканска љубичица и ми рече дека имале многу интересна боја нешто меѓу бордо и виолетово . Ги засадив и двете ливчиња веднаш но едното после  околу 2  месеци кога мислев дека ќе  почне да пушта ливчиња ми се исуши . За среќа другата опстана и после околу 4  месеци започна нагло да пушта нови ливчиња . Мислев дека ќе цвета некаде околу летото , но пред 2  недели ме изненади кога забележав две мали пупки . Сега има 4 убави големи цветчиња кои повеќе наликуваат на виолетово отколку на  бордо меѓутоа нивната форма за разлика од другите љубичици со еднолисни  цветчиња е многу поубава . Сеуште не ми е пресадена , дури и ми е страв тоа да го направам да не ја  изгубам па затоа ќе  чекам сосем да ја исполни саксијата па дури тогаш внимателно ќе ја пресадувам





Споредба со структурата на листовите на цветот со розовата или виолетовата љубичица тука и тука 

Sunday, June 5, 2011

Безимен „сукулент“ или безименко 2

Беше  само едно гранче  кое  татко ми го донесе  во мај  2010 .
Ми рече : - Посади го можеби ќе се фати  
Најпрво го ставив  во вода  и откако и после 10 дена немаше  никакви проемни  го засадив и си помислив што биде - биде  . Гранчето стоеше така  цела пролет и цело лето и цела есен , Кога дојде време да  ги внесуваме цвеќињата на него немаше промени , ниту едно ливче  повеќе  . Го внесовме  , не знаевме дали може  да презими надвор . Нормално незнаевме и сеуште незнаеме како се вика  . За време на целата зима беше некако вишок го маткавме од место на место моите викаа ќе се осуши . Повторно дојде пролет со гранчето немаше никакви промени  . Кон крајот  на април  му ставав вода кога приметив мала пукнатина  . Си помислив   пукнатината би требало да асоцира на ново гранче  и навистина  во мај месец се појави едно мало гранче , кое поолека  го отскриваше   своите листови .До сега бше лесно вода  и светлина  ама сега бидејќи  не знам како се вика не знам кога и дали може да се прихранува  .Случајно налетав во една цвеќара  на цвеќе со такви листови таа ми рече дека е сукулент  и тоа се што имам од информации  за растениево .

Sunday, May 15, 2011

Азалеа

Случајно сретнав во една локална цвеќарница и ми текна дека одамна ветив дека ќе напишам пост за азалеата . Нажалост ја немам иако е една од најубавите цвеќиња / грмушки кои имаат прекрасен убав цвет .Таа погодна за формирање Бонсаи  кое доколу ви процвета практично ќе ве маѓепса
Азалеата припаѓа на генусот  Родендрон и е растение кое цвета во пролет .
Азалеата може да ја посадите во било кое време иако најдобро е во есен како би имала  време да се прилагоди на својот дом во текот на зимата .  
Земјата во која ја садите треба да биде кисела  тоа се постигнува со ѓубриво кое сорджи азот во колку и треба корекција .
Дренажата мора да биде добра тоа се постигнува со малку песок на дното
Азалеата не смее да биде изложена на директно сонце таа сака сенка така да доколу  имате двор може да ја ставите под некое дрво кое ќе иобезбеди добра сенка или во домот заштитена од сонце , но сепак до извор на светло како на пример прозор кој ќе обезбеди дифузно светло со малку сонце евентуално само во утринските часови .
Прихрана - Прихранувањето е најдобро да се спроведе после цветањето . При прихранувањето конзервативниот став е најдобар тоа значи преполовете ја дозата од таа кој ае напишана на упатството .
Наводнување - коренот треба да се одржува влажен но не премногу мокар . По цветањето може листовите да се прскаат со вода .Не смее да се употребува водоводна вода особено не за прскање  бидејќи ќе остави флеки кои ќе го оштетат листот .
Во колку при појавата на пупки се појават нови гранчиња тие се отстрануваат зашто цветањето ќе биде спречено а по цветањето истите се оставаат зашто од нив следната година ќе се развијат нови пупки .
Поткаструвањето на  азалеата е најдобро по цветањто . Со него треба да се отстранат сите исушени гранки а ,преголемите гранки се поткаструваат малку така да пуштат поатрактивни нови гранчиња .
Во колку азалеата е засадена во  градина во двор потребно е пред зимата да ја пресадите во саксија .


Азалеа бонсаи 










Линкови со кои се послужив за дел од постот
 http://en.wikipedia.org/wiki/Azalea
 http://landscaping.about.com/cs/treesshrubs/a/rhodo_azaleas_3.htm

Сликите се искористени од следните сајтови
http://www.artofbonsai.org/forum/viewtopic.php?f=62&t=996&start=15
http://www.buffalobonsaisociety.com/AzaleaTasks.html
http://www.thegrowspot.com/know/f5/bonsai-inspiration-53896.html
http://www.plant-shed.com/index.php?p=product&id=347&parent=13
http://www.bonsai4me.com/Gallery/GalleryPhilippeMassard.htm

Sunday, February 20, 2011

Безименко

Ова растение го добив пред неколку месеци на поклон од една комшивка . Едно сабајле дојде кај нас дома и го држеше  посадено во саксија . Го расадувала , па  знаејќи дека сакаме  цвеќиња  едно стебленце ни посадила . Растениево има меко стебло , поради што ако сакате да биде исправено неопходно му е стапче за потпора . Ние тоа не го  сторивме и  некако стана подгрбавено , ама  на сталажата токму таква форма и ни одговара . Искрено потребите не му ги знаев ,а  бидејќи немам појма како се вика , а името не го знаеше ни неговата претходна сопственичка немав можност ни да прочитам некаде како треба да се одгледува . Така овие  месеци експериментирав со него секако со некои мали совети од комшиката . За овие  неколку месеци открив дека сака  многу светлина , но не и директно сонце дури и листовите за многу кратко време ги врти кон неа , веројатно воопшто не е пребирлив во поглед  земјата  бидејќи беше донесен во најобична земја , а досега не е пресадуван и  добро напредува . Во поглед на наводнувањето го наводнувам исклучиво кога ќе приметам дека се исушила земјата , а тоа е на доста кратко време на околу 3-4 дена , па претпоставувам дека е љубител на многу вода .  Во поглед на температурата сега е сместен во мојот стакларник впрочем каде што и се сместени  и другите цвеќиња  зимно време , некаде на  +25степени . Искрено не знам дали цвета , но кај комшиката за време од неколку години не процветало , ама затоа има интересни зелено -жолтеникави листови заради кои и е привлечно .









Friday, January 28, 2011

Кактус човече

Ова мало кактусче иако треба да е во мирување ,најверојатно заради високите температури во мојот стакларник си расте . Го забележав денес дека се издеформирало т.е попримило чудна форма на човече со рашиерни раце .Барем мене така ми личи . Освен тоа и уште еден кактус со изданоците кои ги пушта добива чудна форма . Тој е на последната слика  :)


Едната „рака“ е во сенка


Овде мислам се забележува поубаво 


Кактусот со чудни мали изданоци

Tuesday, November 23, 2010

Љубичицата цвета

Во еден од постовите за љубичиците напоменав дека  ја  добив на поклон , но беше болна најверојатно заради неквалитетната земја  во која беше претходно сместена . Како што и напишав тогаш  веднаш ја пресадив но поминуваа месеци и љубичицата не  се менуваше  . Немаше ниту нови ливчиња ниту нови цветови . Тогаш претпоставував дека и е потребно време на прилагодување иако беше сместена во поволни услови покрај прозор и редовно наводнувана  . Не згрешив . Иако помина летото љубичицата не почасти со цветови убави големи во средината на ноември . За мое чудо цветовите траат веќе две недели . Обично другите љубичици ми цветаат и зимно време бидејќи се во многу топло , но нивните цветови  се помали и траат 2-3 дена па се заменуваат со нови  .Оваа ме изненади .



Овде може да го видите постот каде прв пат  е објавена  љубичицата  со болни листови и цветови http://nteresenblog.blogspot.com/2010/07/update.html
( последна слика )

Tuesday, August 31, 2010

Црвена детелина

Ова рестение е доста често по домовите терасите , а и на пазарите . На моите е едно од омилените. Има несекојдневен изглед . Листовите му се црвени личат на листови на детелинка само малку по косо и надолу поставени .Можеби и затоа така го добило името кај нас - латинското име на растениево не го знам .Мене листовите ми личат на пеперутки . Расте во вид на жбунче т.е од коренот тргаат неколку стебленца кои се многу кревки од кое секое завршува со ливчиња . Има мал ситен , но преубав виолетов цвет . Многу е лесна за одржување . Редовно да биде влажна никако премокра . До сега не сме ја прихранувале па не би знаела што точно да ви препорачам . Но и без прихрана нашата стана огромна .Во однос на светлината ја чуваме во сенка во најтоплите делови на денот , инаку на сонце во приквечерието и утринските часови , постојано е заштитена од ветар и никако не е изложена на дожд Еднаш ми се намокрија неколку ливчиња и целите клапнаа надолу и за неколку дена отпаднаа. Се размножува многу лесно при пресадувањето се одделува сноп од неколку стебленца со корен . Ова растение ги примамува погледите со црвениот  лист и на секој кој ќе ми стапне на тераса  погледот му  оди кај неа и прашува какво е тоа растение . Одлична е како декор меѓу зелени растенија ја разбива монотонијата на зеленило :)

Thursday, August 26, 2010

Спасување на Сардела

Само една од сарделите е засадена во саксија . Немаше за неа место до прозорот па ја  ставивме долу на подот од терасата ,  за  да не биде изожена на најтоплото сонце , а над неа малку повисоко имаше сталажи на кои исто имаше цвеќиња . Беше тоа пред околу 2 месеци . Тој ден не бевме дома  , а имало невреме .Една од саксиите  паднала од  ветрот и  ја закачила  сарделата . Паднатото цвеќе не беше оштетено освен што дел од земјата излегла надвор , но затоа на сарделата и беа искршени повеќе од половина од гранчињата . Полека нив ги исчистивме и ја остававме под сенка да закрепне кога за неполна  недела  приметив пајажинки . Сите мислевме дека е готова .Остануваше последното да се проба .   Преостанатите листови  да ги истушираме и тоа го направивме најпрво со вода на собна температура а потоа со вода во која доставив малку ракија . Ја набљудував неколку дена . Не знам дали од водата дали од ракијата зашто  ова прв пат го пробав и за среќа до сега е и последен пат , пајачињата не се повторија . Но затоа листовите како да се лепеа  и некои од нив почнаа да пожолтуваат  , но имаше знаци за живот . После околу 2 недели дел од листовите паднаа , но и се гледаа нови изданоци . Тогаш почнав да ја прихранувам со најобично течно ѓубриво за собни цвеќиња . Имавме многу среќа остана жива а и  не награди со многу цветови .Обидот за спасување успеа

 Дел од цветовите веќе почнале и да овенуваат , но  има нови пупки , па овенатите набрзо ќе бидат заменети со нови цветови
 

Sunday, August 22, 2010

Рајска птица (растение )

Називот рајска птица покрај еден вид на растение го носат и некои птици кои имаат впечатливи бои . Вакво растение добив на поклон како букет за во вазна за мојот роденден . Мислам дека ниту ТОЈ не знаеше каков назив носи ова растение , а и јас го открив пред неколку дена . Кога ми го врачи ми објасни дека цветовите кои се портокалови ги има повеќе и треба да бидат вадени еден по еден од долниот лист за да траело цвеќето подолго . И траеше . Последните три цветови ги извадив наеднаш зашто покажуваше скапување во долниот дел . Тогаш и ми заличи на птичји клун . Не се сеќавам дали е сликан тој букет , но ако е , сликата не можам да ја најдам  .
Цветот е впечатлив егзотичен портокалов со синкаста нијанса во внатрешноста и издолжен , а завршува во вид на шпиц од кој се двојат прашниците и како да ѕиркаат .
Не сум сретнала некој тука да го одгледува посаден во земја , но ако има такви еве неколку насоки за чување .
Растението Рајска птица е тропско растение кое припаѓа на фамилијата Strelitziaceae на редот Zingiberales . Научно се нарекува Strelitzia reginae и најчесто е познат како дива банана ,ова растение потекнува од топлите и влажни услови на Јужна Африка   . Категоризирано е како грмушка . Листовите на ова растение се слични со оние на бананата само што се помали .Кога е зрело висината на растението достигнува околу 120 -150 цм . Цветовите на растението имаат портокалови и  сини ливчиња . Со неспоредлива убавина и елеганција цветот на ова растение се користи за декоративни цели .
Како да го одгледувате ова растение ? 
Одгледувањето на ова растение е лесно што го прави посакувано растение меѓу почетниците и искусните одгледувачи . Бидејќи потекнува од тропски климатски региони оптимална сончева светлина е круцијална за подобро растење и навремено цветање .

Одбирање на место за растението : За одгледување на  растението главен предизвик е одбирањето на соодветно место за засадување .Ако имате градина која има многу  сонце и земјата не е  премногу влажна тогаш можете да го засадите вообичаено како и другите растенија .
Припремање на соодветна почва : Откако сте го одбрале местото каде ќе го одгледувате растението следи припрема на почвата на правилен начин . Во случај да имате тешка непропустилва земја додадете малку песок во дупките каде  ќе го засадите растението да се подобри дрнажата . Дупките можете да ги ископате со 60 см растојание меѓу нив . Не заборавајте во нив да додадете малку органско ѓубриво .
Услови : За подобро растење на рајската птица , растението треба да биде изложено на  сончева светлина . Наводнувајте го редовно да биде влажно , не мокро .

Ако сакате да исечете цвет за во вазна : Одберете долго стебло кое што е спремно и само што не процветало  .Отсечете го така што да остане еден лист .Ставете го во тесна вазна исполнета со каменчиња во различни бои и вода и можете да уживате во цветот околу 3 недели .
Размножување: Има два начина на размножување со одвојување и со семе .
  • Со одвојување : се вади  растението од земјата или саксијата и се поделува според подземните стебла (ризоми) водејќи сметка секое од нив да има доволно коренчиња и потоа  деловите се засадуваат во мали саксии и се ставаат на индиректно сонце . Откако ќе се аклиматизираат ( 8 недели ) може да се префрлат на место со повеќе директно сонце . Вака новото растение  ќе процвета за 2-3 години 
  • Со семе : Вка добиените растенија ќе процветаат за 4- 10 години


 Рајска птица (животно)




Делови од постот се преведувани од следните сајтови
http://www.flowershopnetwork.com/pages/newsletter/NewsletterAugust2007.php

http://www.buzzle.com/articles/bird-of-paradise-plant.html
 а за слики покрај претходниот  сајт се користени :
http://en.academic.ru/dic.nsf/enwiki/110705
http://www.seednation.com/seeds.php?type1=flower&page=1
 http://www.ejmandassociates.com/about.html

Monday, August 16, 2010

Кимера (Chimera ) Африканска Љубичица ???

Пред некое време кога пребарував во врска  со Африканската Љубичица налетав на зборот „Chimera“ .Веднаш ме асоцираше на некаков генетски инжињеринг . Можеби заради „mission impossible “ филмот . Провртев и по you tube , жената која зборува за ваквите видови на Африканска љубичица ги нарекува Камарин Африканска љубичица , но мене повеќе ми е врежан овој поим кимера а и како таков го најдов на еден сајт , па како таков ќе го користам и тука . Мотив да  го напишам постов ми беше  љубичицата која мајка ми ми ја опиша по враќањето од гости од кај една нејзина пријателка . Ми опиша дека видела розево бела африкаснска љубичица . Тогаш ме потсети на кимерите .Мислам дека сите  кимери се двобојни (ако не сум грешка ) , но  не сите стандардни се еднобојни така да јас мислам дека не би можела да ги разликувам освен по ригите на цветовите кои се карактеристични за кимерите  . Ваквата Љубичица некој и ја поклонил . Мајка ми и побарала ливче но не добила . Не дека би се фатило и ако би се фатило којзнае дали  би излегло истото растение ,  ама би вредело да се проба чисто од љубопитност што би излегло .За тоа што се и какви се овие  Африкански љубичици најдов на еден сајт . Не би сакала да му правам промоција  бидејќи овој и продава вакви видови ама  морам да го наведам изворот :
https://www.violetbarn.com/store/index.php?_a=viewCat&catId=6_a=viewCat&catId=6&sort_by=price&sort_order=low
На следниов линк подолу се стандардни љубичици за споредба :
https://www.violetbarn.com/store/index.php?_a=viewCat&catId=4
или за да не кликате :
Стандардна Љубичица

Кимера



„What's a chimera?  According to Webster's dictionary, a "chimera" is a "living structure or organism in which the tissues are of varied genetic origin".  What does this mean?  Unlike other violets which, when propagated by leaf cuttings, will typically produce plantlets ("babies"), identical in appearance to the "mother" plant, this cannot be done with chimeras (the babies will look different than the mother plant).  Why?  because the tissues are of "different genetic origin" for each leaf, or plant part.  Instead, propagation must be done by "suckers" or "crown cuttings", which are most likely to share the same genetic properties.  This is why their price is higher--this is a more time consuming and less productive process than when done by leaf cutting.
These African violets are quite unusual, known for their "pinwheel" striped blooms or, sometimes, uniquely variegated foliage

Што е кимера (Chimera) ? Според Webster's dictionary кимера е жива структура или организам во кое ткивата се од различно генетско потекло . Што ова значи ? За разлика од другите Љубичици кои кога се размножувани од листови ќе продуцираат растенија идентични на растението од кое потекнуваат , ова не може да се случи со кимерите (продуцираните растенија -бебиња ќе изгледаат различно од растението -мајка )  Зошто ? Бидејќи ткивата се од различно генетичко потекло за секој лист или за секој дел на растението . Размножувањето може да биде направено со цели стебленца или од круната на растението за кои е  најсигурно деќа ќе ги делат истите генетски карактеристики .Ова е зашто нивната цена е повисока . Овој процес бара повеќе  вложување на време, а е помалку продуктивен отколку кога се прави со отсечени ливчиња . Овие Африкански љубичици се доста необични и се познати по своите цветови  како велосипедско тркало или понекогаш по различните листови .

Подолу следуваат две видеа во првото се дава некакво според мене штуро објаснување за кимера (Kamarin; chimera) ,А на вторто е како да направите размножување на истите . Размножувањето може да го користите и за стандардните  на нам добро познати африкански Љубичици . На второто видео круната која тој ја добива по отсекување и ги отстранува листовите и ги засадува (што ми паѓа чудно бидејќи кимерите не се размножуваат така ), но таа може да биде директно засадена со отстранување на само 2-3 листа . Последново го имам пробувано и самата , но  на стандардна Африканска Љубичица .

Thursday, August 12, 2010

Историја на Африканската љубичица

Случајно налетав на историјата за Африканската Љубичица ми фати око ја преведов и еве ја : 
Скоро секој поседува или барем има видено Африканска Љубичица . Можеби не мислите дека ова е егзотично или  возбудливо растение  ,гледајќи го како се продава насекаде . Но всушност убавата Африканска љубичица има светска историја .
На крајот од 19 век најголемиот дел од Источна Африка бил управуван од Германија и имало војска - офицери стационирано во регионот . Еден од нив бил Baron Walter von Saint Paul-Illaire кој се интересирал за ботаниката . Овие интереси најверојатно биле поттикнати од неговиот  татко  Baron Ulrich von Saint Paul-Illaire кој бил долгогодишен зашттитник на ботаничката градина во Herrinhausen  , блиску Хановер (Hanover) Германија (Germany.) . Тој исто така бил запознаен со директорот на ботаничката градина Herman Wendland.
Барон Волтер ги поставил темелите на  историјата во собните растенија во1892  кога патувал низ Африка набљудувајќи ги овие растенија . Близу Танга во Танзанија тој нашол нискорастечко растение со влакнести ,месести листови кои имале плави цветчиња . .Тој собрал неколку примероци и му ги испратил на својот татко Баронот Урлих . Tој пак ги покажал на Вендланд кој пак забележал дека тие потекнуваат од дотогаш непознат род во растителниот свет . Ги нарекол genus (род)  Saintpaulia  во чест на таткото и синот кои го поделиле своето откритие со него . Овој род  ние го знаеме по заедничкото име  Африканска Љубичица .
До сега (2005 е пишувана статијата ) има : 21 вид , 6 варијанти и 2 природни хибриди на Африканска Љубичица кои ни се познати . Интересен факт е дека секој вид има свое специфично  живеалиште во Источна Африка .Овие растенија природно не растат на ниедно друго место во светот . Овие растенија варираат во растењето формата и цветовите кои се движат од скоро бели до темно виолетови . Кој би рекол дека така уникатен член на растителниот свет ќе биде продаван за само 1.99$ во продавниците . Боите и формите кои ги гледаме денес водат потекло од оригиналните колекции и се резултат на генерации внимателно одгледување
 Сликите се превземени од :
http://www.forestryimages.org/browse/detail.cfm?imgnum=3970047
http://www.forestryimages.org/browse/detail.cfm?imgnum=3970042
http://www.forestryimages.org/browse/detail.cfm?imgnum=0011042
http://www.forestryimages.org/browse/detail.cfm?imgnum=0011004
Извор  
http://web.extension.illinois.edu/macon/palette/050109.html

Tuesday, August 10, 2010

Како јас пресадувам Љубичица

Љубичиците според литературата се пресадуваат напролет кога и нивниот раст е најсилен меѓутоа јас водејќи се од потребите на растението големината на саксијата ја пресадив сега во втората половина на летото иако веќе кај Љубичиците забележувам успорување на пуштањето на нови листови , а и цветовите се менуваат тие стануваат помали . Што  се однесува до техниката таа е иста  . Љубичицата  е кревко растение па може да добиете впечаток дека ви се потребни повеќе од две раце за да ја извадите од саксијата неоштетена . Најпрво ја одвојувате земјата од  саксијата со остор ноже по рабовите. Потоа со ножето полека ја избуткувате одоздола . Другата рака препорчливо е да ја ставите најдолу кај коренот и полека како што ќе попушта  цврстината на коренот да ја вадите Љубичицата од саксијата. Постои уште една варијанта ама  мене ми е прегруба . Откако сте ја одвоиле земјата од рабовите на саксијата да ја завртите наопаку и да ја извлечете ,но вака  еднаш завршив со многу скршени ливчиња и песок на другите кои после тешко се чистат , да не заборавиме листовите на Африканската Љубичица не смее да се воденат . Откако сте ја извадиле погледнете го коренот и долниот дел на листовите .Во колку кај некое ливче започнало скапување отстранете го или пак ако има можност поделете ја Љубичицата на неколку делови кои ќе ги засадите одделно . Останува да ја припремите саксијата со земја . Обогатете најобична земја со хумус  . Јас ја припремам од око . .Кога ќе засадувате водете сметка дека не е доволно само коренот да биде засаден .Внимавајте  и дел од стебленцата на сите листови да бидат во земја . Имено од три дела кои ги добив при пресадувањето едниот почна да ми скапува , па токму поради тоа  морав да го зачистам повторно да го разделам на уште два дела и повторно да го засадам ама и така веќе не е сигурно дека ќе расте . Ливчињата кои се скршиле при манипулациите со растението може да ги ставите во вода или веднаш да пробате да ги закорените . Повод покрај големината на Љубичицата да ја пресадам сега беше и нејзиното запирање на пуштањето цветови во време кога тоа не е вообичаено .
Ја пресадував оваа Љубичица
Резултатот е
И едно 10 тина ливчиња кои се ставени за закоренување .За овие две сум сигурна дека  ќе останат живи и  ќе растат .Другите  две ако останат  ќе има нареден пост за нив :)

Saturday, August 7, 2010

Подарок

Завчера кога се разбудив и излегов од мојата соба прво што ми падна во очи беше затворената врата од дневната соба . Значи моите не се дома . Полека дојдов до купатилото каде се расвестував со ладната вода . Откако веќе излегов од полусонот помислив на кафе : нес кафе , обично , некакво ми се пиеше . Сепак ќе ги почекам моите можеби ќе дојдат наскоро па две ќе ми бидат многу помислив . Со чаша ладен сок се сместив пред компјутерот блог,  Facebook набрзина пролистав дали има некој нов наслов и седнав да  се подружам со книгата. По малку време го слушнав крцкањето на клучот на врата . Влегуваа моите . Мајка ми почна да вика по мене . Мислејќи дека се пренатоварени  со тоа што купувале се стрчнав да помогнам . При тоа си ја закачив ногата на бирото и рамото на вратата од мојата соба . На влезната врата стоеше мајка ми со најубавиот подарок  за мене . Цвеќе .

- Види што најдов . Чувар на куќа расцветан - ми рече
Ми подаде еден сукулент со големи , дебели , меснати листови од кои се издигнуваа снопчиња на мали црвени цветчиња . По стебленцата каде на врвот стоеја цветовите имаше листови тие беа со синкастозеленкаста боја. Занесена од неговата убавина го грабнав и излетав на тераса. Го пресадив веднаш , му најдов место на кое што има  доволно сонце , но сепак во најтоплите часови е сенка . Тогаш во очи ми паднаа листовите кои не беа збиени како што тоа беше кај другиот чувар на куќа кој го имам . Провртев на интернет не најдов растение со такви цветови , слични листови најдов , но не сосема исти ... Не бев така сигурна дека е навистина чувар .Бидејќи отприлика знам нешто за сукулентите од типот да не  им се става премногу вода и да се ставаат на топло се водев по тоа , но детаљи за ова растение во случај да не е чувар навистина не знам  Во секој случај растението е преубаво . Јас се надевам дека долго ќе ми прави друштво и ќе ми го украсува домот со преубавите цветови ,а јас навреме ќе ги сфаќам неговите потреби .
Во меѓувреме додека го дотерував постот ја видов пораката што ми ја пратил кактусар  со одговорот на моето прашање дали е чувар или не .Сепак растението е Echeveria а не Sempervivum  кој пак е чувар на куќа . Моите ги зезнала продавачката , но сепак јас сум пресреќна што добив вака убав подарок