Оригиналнотo имe на ова префинето растение е Dracaena Sanderiana  вид на растението Dracaena или кај нас познато како дрво на животот  .Растението станува популарно заедно со ширењто на Feng Sui каде  се  употребува како еден од многуте „ лекови“ кои придонесуваат да во вашиот  дом има позитивна енергија . Сигурно веќе сте слушнале од некого дека  ова растение носи среќа . Колку е ова точно не знам но знам дека ако  растението не е среќно  сигурно нема да носи среќа колку тоа било или не  било точно   ( оние кои се  занимаваат со уметноста feng sui може да ме  поправат ) . Ако решите да го чувате како feng sui „лек “ потребно е да  му обезбедите  доволно чиста вода која  нема да биде од водовод ,  камења , соодветна вазна и црвен конец . На овој начин обезбедувате  единство на сите 4 елементи земја , метал , вода , оган .Оганот го  симболизира црвеното конче . Така да кога ќе добиете  вакво нешто на  поклон најмалку е пожелно да го оставите со целофанот или само да  го  пикнете во чаша со вода од чешма . На овој начин растението сигурно  полека го убивате . Што се однесува до водата за да не е од чешма можете  да се послужите со дестилирана вода а ако ви е скапа , работа ќе ви  заврши вода од аквариум кој доколку го имате   сметајте дека отпадната  вода ќе има каде да ја ставите , а ако немате едно тенџере или широк сад  надвор кога врне и послужете се со дождовница  . На овој начин во вазна  со вода ова растение може да ви живее и до 5 или 7 години . Секако во  колку сакате да ви стане дел од вашата колекција на собни цвеќиња можете  и да го засадите . Бара песоклива ровка земја  , мора да има добар  дренажен систем и во саксијата не смее да заостанува вода .  При  наводнувањето треба да се припазува да не се стави премногу вода т.е  земјата треба да биде само лесно влажна  . Не обожува многу ѓубриво така  да и со тоа претпазливо . Бара индиректно светло никако директно  изложување на сонце. Јас после 4 години чување во вазна решив да засадам  две .Сама ги кратев и откако пушти ја коренчња денес ги засадив па ќе  видиме што ќе биде
Се надевам дека ова растение ако решите да го чувате ќе ви донесе многу многу среќа .

Се надевам дека ова растение ако решите да го чувате ќе ви донесе многу многу среќа .

 
No comments:
Post a Comment