о размножување на Љубичица денес скоро секој или барем скоро секој кој сака растенија се занимавал . На сите им е познато дека Љубичицата се размножува вегетативно со ливче . Ова ливче ќе пушти корен потоа го засадувате и си посакувате среќа да почне да расте или ако што викаме да се фати . Може да биде непријатно ако ливчето се исуши а вас така многу ви се допаѓа токму таа Љубичица . Затоа еве нeколку совети како размножувањето да биде поуспешно .
Сечете ливче притоа резот нека биде остар и малку накосен .
Користете нож или скалпел за да го постигнете тоа . Ножици ако користите би требало да се остри за да не направат нагмечување . Ако сте како мене и од секаде каде што одите собирате некое ливче од врста која ја немате тогаш наједноставно скинете го .Тоа се кревки ливчиња и се кинат лесно . При тоа не го влечете ливчето туку фатете го со два прста се до самото издвојување и завртете за 180 степени . Ќе го измоделирате подоцна .
Откако го скинавте не брзајте веднаш да го ставите во вода оставете го 5-7 мин на воздух да престане да се појавува прозирната течност на дното на ливчето .
Оттука има два начина едниот да го засадите директно во земја и вториот оној кој јас го практикувам да го ставам во вода . За 1 недела отприлика или 10 дена ќе почнат да се појавуват изданоци кои во иднина ќе се развијат во коренов систем .
Ако немате време или не сакате и се решите веднаш да го посадите ливчето тогаш послужете се со шеќер . Најочбичен бел шеќер ќе ви заврши рабта наједноставно на местото каде што ќе го садите ставтете малку шеќер исто така навлеажнете го долниот дел од ливчето и посипете со шеќер и засадете . Засадете го така да целото стебленце до ливчето биде во земја затоа кога земате ливче за размножување стеблото нека има средна должина . Акого практикувате мојот начин да го чувате ливчето во вода се до пуштање корен потоа едноставно само засадете го исто со целото стебленце во земја се до листот .
оттука не ви преостанува ништо друго туку само да се грижите за вашето идно растение и да се надевате дека ќе почне да расте
Мој совет е секогаш да засадувате резерва од истиот вид зашто не значи дека ако сте постапиле на овој начин ливчето нема да скапе или да се исуши .
Иако овој начин е најзастапен постојат уште неколку :
Од круната на растението . Ги одбирате листовите кои се на врвот од добро разлистано постаро растение . Вака поставените листови надолу уствари потекнуваат од едно место и откако ќе исечете под припојот на тоа место ќе добиете гранче со ливчиња . Ова го засадувате така што повторно над почвата ќе бидат само листовите .
.Исто така местото од каде што сте исекле од старото рстение ќе пушти неколку мали „бебиња“ кои треба да бидат отсечени и повторно засадени . Подолу сликата е директно засаден горен дел (круна ) на растението
Постои уште еден начин на вегетативно размножување а тоа е од стебленцата каде што се цветовите . При тоа се одбираат свежи стебленца кај кои пупките сеуште не расцветале или пак имаат само неколку цвета и пупки . Тоа се прави на следниов начин : го отсекувате стеблецето и ги отстранувате пупките и цветовите . Пред да ги отстраните забележете ги двете мали зелени изданоци (членчиња) кои се наоѓаат под гранчињата од каде се двојат цветовите . Овие наликуваат на мали ливчиња . Откако прецизно сте ги издвоиле а остнале само овие изданоци можете да ги посадите во сад . Можете да посадите повеќе гранчиња во еден сад но треба да имате на ум дека после ќе треба да ги двоите . Исто засадувањето оди со внесување на цело стебленце во земја . Над земјата треба да бидат само овие членчиња .
Последниот начин е преку семе кое едноставно го засадувате . Семето можете да го најдете во продавница или да чекате некоја од вашите Љубичици што ги имате да го создаде . Разликата е во тоа што кога засадувате семе не значи дека љубичицата која што ќе израсне ќе ја има истата боја како онаа од која сте го зеле семето ... ама за тоа во некој друг пост . :)
No comments:
Post a Comment