Showing posts with label сардела. Show all posts
Showing posts with label сардела. Show all posts

Thursday, August 26, 2010

Спасување на Сардела

Само една од сарделите е засадена во саксија . Немаше за неа место до прозорот па ја  ставивме долу на подот од терасата ,  за  да не биде изожена на најтоплото сонце , а над неа малку повисоко имаше сталажи на кои исто имаше цвеќиња . Беше тоа пред околу 2 месеци . Тој ден не бевме дома  , а имало невреме .Една од саксиите  паднала од  ветрот и  ја закачила  сарделата . Паднатото цвеќе не беше оштетено освен што дел од земјата излегла надвор , но затоа на сарделата и беа искршени повеќе од половина од гранчињата . Полека нив ги исчистивме и ја остававме под сенка да закрепне кога за неполна  недела  приметив пајажинки . Сите мислевме дека е готова .Остануваше последното да се проба .   Преостанатите листови  да ги истушираме и тоа го направивме најпрво со вода на собна температура а потоа со вода во која доставив малку ракија . Ја набљудував неколку дена . Не знам дали од водата дали од ракијата зашто  ова прв пат го пробав и за среќа до сега е и последен пат , пајачињата не се повторија . Но затоа листовите како да се лепеа  и некои од нив почнаа да пожолтуваат  , но имаше знаци за живот . После околу 2 недели дел од листовите паднаа , но и се гледаа нови изданоци . Тогаш почнав да ја прихранувам со најобично течно ѓубриво за собни цвеќиња . Имавме многу среќа остана жива а и  не награди со многу цветови .Обидот за спасување успеа

 Дел од цветовите веќе почнале и да овенуваат , но  има нови пупки , па овенатите набрзо ќе бидат заменети со нови цветови
 

Friday, July 16, 2010

Update Сарделите на мајка ми

Во мај месец во еден од  претходните постови (заради сихронизацијата  тука е покасно објавен а напишан во мај )  објавив слики од расцветана сардела која си презими надвор . Сликите  можете да ги видите тука  и секако да ги споредите  со денешните . Вкупно имаме четрири сардели . Овие сардели се останати од претходната година . Повеќе од 10 се исушија  претпоставувам зашто беа директно изложени на сонцето . Колку и да сакаат сарделите сонце кај мене на тераса зраците  паѓаат некако од косо а температурата на бетонот и плочките е  толку висока што бос е невозможно да се оди .  Па така најверојатно заради прегревање на саксиите а со тоа и развивање на  висока температура во земјата каде што овие  растенија без посадени сигурно беше причина за нивно исушување . Па така бидејќи поголемо место под сенка и немаме си останавме  со овие 4 сардели .  3 од нив презимија во влезот и почнаа да цветаат дури пред неполн месец .  . Иако  пупката формира цел круг со расцветувањето тоа никогаш не се случува за разлика од онаа која презими надвор . Ливчињата на цветовите се отвараат еден по друг и додека едни се сеуште во пупка  други веќе овенуваат . Така цветовите естетски баш и не ми се допаѓаат . Подолу се сликите . Ако ги споредите со фотографиите на растението  од  постот во мај мислам дека разликата е очигледна .

Оваа дури има  само едно цветче . Мислам дека има уште некоја пупка погоре  сега

На последните две слики  има дел од цветот од онаа сардела која си ја помина зимата надвор и мислам дека разликата се забележува.За начинот на чување на ова растение во еден од следните постови кога ќе имам повеќе време :)