Со „малиот“ се запознавме пред околу 10 години. Тогаш случајно влета низ прозорецот од дневната . Јас бев кај баба ми . Откако дознав дека дома имаме папгалче кое мајка ми од страв го затворила во еден од стакларниците (заградена тераса ) земав кафез од кај баба ми (она ги имаше некоку од претходни папгали) и тргнав дома . Стигнав после половина саат со кафез во една торба и куп просо во ташната . Го уредив кафезот додека ме гледаше исплашено горе фатен за една од кваките на прозорот и излегов . Влезе да јаде и полека влегов и го затворив . Го крстивме Мики . Конечно после долги години молење ми се оствари желбата за било каков миленик . Си добив папагал или папагалот ме доби мене како и да е . Седеше во кафез 3 дена за кои му зборував се и сешто и го набљудував .Дефинитвно ја имаше најмилата папагалска фаца а ги имав видено многу по продавниците . После третиот ден решив да го пуштам од кафезот немав намера да го држам затворен требаше да си има слобода . Не брзаше да излезе , таму беше сигурен таму му беше и јадењето , во тоа време и само толку му требаше . Полека почна да се опушта да излага по малку но не се дружевме не набљудуваше фатен за кабли , за кваки и за едно цвеќе кое го имавме . Набрзо интересно стана она што ние го јадевме , лебот за почеток . Потоа стана постојан гостин на масата . Од леб на компири сега јаде се месо вклучително и пача која ни јас не ја јадам патлиџани пиперки сирење . Пие млеко кафе капучино јаде и сладолед . Она што е карактеристично што јаде токму од местото каде загризував и јас . Сега редовно ми го тероризира тањирот и каснува буквално од секое местенце . Освен авантурите со јадењето почнаа и некои други како на пример пешки од кујна до дневна што се мои 5 чекори ама на него му требаат повеќе од 30 мин пешачење . Кога спијам во дневна редовно застанува на масата до креветот и ме набљудува , не сум го чула да пее додека спијам секогаш кога се будам го наоѓам загледан во мене . Често му зборувам , полека почнав да му ги препознавам звуците и движењата . Почна самиот да си бара леб така да дневно сега сме задолжени да му даваме лепче и тогаш кога ние не јадеме . И така полека одеше времето кога го каравме зашто извршил нужда таму кај што нетреба кога се галевме . Потоа дојде годината со птичјиот грип . Комшиите сите кои имаа папагали почнаа да ги пуштаат тоа беше страшно . Навистина не можев да ги разберам се нафатиле , ги чувале , истите не можеа да заболат во колку не се во контакт со заболена птица но стравот човечки беше поголем . Бидејќи знаев како птиците а и човекот се заразува со птичји грип знаев дека нема никаква шанса да се разболе папгалот така да ние продолживме да си уживаме .За тоа време кој и да ми дојдеше на гости или не земаше ништо или ме прекоруваше да го затворам некаде зашто има обичај да шета по масата . Полека почна да си присвојува работи па така кога ќе извадевме шоља за кафе или чаша застануваше до неа и ги чуваше . Канчињата од јогурт се посебна приказна и негово најголемо уживање ги бутка ги вртка . Бидејќи во собата моја немав маса за читање често учев во кујната каде што тој ми правеше друштво .Заедно спремивме над 40 испити и повеќе од 20 предмети додека бев во средно . Имаше обичај да застане токму над местото каде што читам , да ја наведне главата божем и тој чита . Со татко ми се возеа . Тој ќе решава крстозбор а папагалот ќе застане врз местот каде писшува и ќе чека . Татко ми ќе почне да го нишка по масата . Мајка ми имаше проблем сите ручеци ги спремаа заедно . Релативно беше тешко да се полни тенџере или сецка нешто зашто „малиот“ влегува токму меѓу рацете и ножот .Тој секогаш знае и предосеќа кога сум расположена кога сум напната , нервозна па така и се однесува знае кога играме , а кога нешто озбилно му кажувам и како божем се разбира ќе застане ме загледува вочи и само слуша . Не испушта глас . Дефинитивно е најдобриот слушач. Деца не сака и воглавном се плаши од нив зашто многу му викаат . Ужива да гледа низ прозорецот надвор како се движат колите . Само два пати сме имале поголем проблем . Еднаш кога падна позади еден тежок масивен регал и излезе со цел куп прашина и повредено крилце и еднаш позади фрижидер се најде но тогаш не се повреди. Спие качен на едно цвеќе кое лози на поставена жица во стакларникот и си ги грицка листовите . Она што е карактеристично сите листови се изгризани до пола . Деновиве му е жешко ниту му се игра, најголем дел од времето го поминува врз аквариумот и го преспива или потпрен на една од саксиите . Добро ќе биде набрзо да залади мислам ќе му се врати расположението . Дефинитивно го разбранува , разубави животот на сите нас тројцата дома .
No comments:
Post a Comment