Во мај месец во еден од  претходните постови (заради сихронизацијата  тука е покасно објавен а напишан во мај )  објавив слики од расцветана  сардела која си презими надвор . Сликите  можете да ги видите тука  и  секако да ги споредите  со денешните . Вкупно имаме четрири сардели .  Овие сардели се останати од претходната година . Повеќе од 10 се  исушија  претпоставувам зашто беа директно изложени на сонцето . Колку и  да сакаат сарделите сонце кај мене на тераса зраците  паѓаат некако од  косо а температурата на бетонот и плочките е  толку висока што бос е  невозможно да се оди .  Па така најверојатно заради прегревање на  саксиите а со тоа и развивање на  висока температура во земјата каде што  овие  растенија без посадени сигурно беше причина за нивно исушување .  Па така бидејќи поголемо место под сенка и немаме си останавме  со овие 4  сардели .  3 од нив презимија во влезот и почнаа да цветаат дури пред  неполн месец .  . Иако  пупката формира цел круг со расцветувањето тоа  никогаш не се случува за разлика од онаа која презими надвор . Ливчињата  на цветовите се отвараат еден по друг и додека едни се сеуште во пупка   други веќе овенуваат . Така цветовите естетски баш и не ми се допаѓаат .  Подолу се сликите . Ако ги споредите со фотографиите на растението  од   постот во мај мислам дека разликата е очигледна .
Оваа дури има  само едно цветче . Мислам дека има уште некоја пупка  погоре  сега
На последните две слики  има дел од цветот од онаа сардела која си ја  помина зимата надвор и мислам дека разликата се забележува.За начинот на чување на ова растение во еден од следните постови кога  ќе имам повеќе време :)





 
No comments:
Post a Comment