Овој кактус е исто така примерок од мои мали нозе . Го засадил татко ми од семе и од тоа садење останале само овој и уште 2 . Не би знаела да кажам колку е стар но влегува во едно од најстарите примероци во мојот дом значи повеќе од 10 год . Релативно е голем во горниот дел и многу широк но нажалост никогаш не процвета . Оваа година го зедов како би се рекло под „своја капа “ . Го ставив под сенка завртен отприлика на север бидејќи моите забележале дека не му се допаѓа сонцето многу па ги послушав . Со редовно прихранувње расте доста брзо од почетокот на пролетта па досега видно е забележливо неговото зголемување. Покрај наводнувањето со вода не му бега и прихранувњето може и затоа толку брза со растот но повторно до сега не процвета а нема изгледи тоа да се случи . Она што е интересно дека на неговите најгорни делови забележав еден феномен . Имено се појавува една кафеава смолеста течност која е густа и леплива во вид на капки . Оттпрвин се плашев дека му ставам премногу вода па оретчив но секако одвреме навреме капките си беа присутни . Потоа ја исклучив прихраната и повторно ништо не се промени кактусот си растеше а капките понатаму си беа присутни одвреме навреме . На крајот остана само да го набљудувам во смисла да не скапува или нешто слично но такво нешто за среќа не се случи .Кактусот и понатаму напредува но си го заработи прекарот Плачко бар меѓу нас дома
Еве ги и фотографиите каде се гледаат капките . Потеклото на овие капки ми остана мистерија до ден денес . Единствено можам да претпоставувам дека се резултат на сецернирање на течност од внатрешноста која претпоставувам изобилува со токму таква течност - кафеаво црна леплива смолеста густа .
И подолу во целата своја големина :
No comments:
Post a Comment