Блогот е комплетно истиот од blog.mk . Направен е со цел да се сочуваат записите постирани на таа платформа со оглед на нејзината непостојаност . Не е исклучено блогирањето да го продолжам на оваа платформа без притоа да ги префрлам записите таму.
Showing posts with label прошетка. Show all posts
Showing posts with label прошетка. Show all posts
Monday, March 12, 2012
Викенд качување на порта „ Македонија “
Одамна се наканувам да се качам горе на платформата на портата . Прво ми кажаа дека имало многу гужва , па се одложи за подоцна , потоа ладното ме смести дома пред грејалката и немав желба за излегување надвор ,а на работа бев затрупана така да конечно се подослободив претходниот викенд и одма му ја летнавме со маж ми во центар . Дојдовме до портата . Луѓе имаше таман не многу ама далеку од малку . Се искачивме нагоре по скалите искрено се изморувам до 4 ти , ама таму ми летаа нозете . Беше облачно и скиснато полека роскаше . Погледот од горе преубав особено према фонтаната Александар Македонски ( воинот на коњ) . Искрено погледот према зградите кон водно како да го затскрива тој дел од градот а како да го спојува водно со центар . Ама затоа погледот према улицата кон старата градска болница и кон фонтаната фрапираа . Поседовме кратко ама заклучивме дека понатаму кога ќе се доуреди ќе биде уште попрекрасно место за посета :)
Sunday, September 4, 2011
Прошетка Скопје - Валандово -Дојран ;Манастир Св Ѓорѓи Валандово
Ова лето кон крајот на јули месец заминавме на кај Валандово . Бевме сместени во едно од Валандвоските села - Удово .Селото беше збиено , луѓето воглавном растрчани секој по своите работи . На лозјата грозјето полека зрееше а лубениците веќе масовно се береа . Првиот ден го поминавме меѓу роднини никој нејќеше да не изостави така да едвам постигнавме .... Удовчани ги доживеав како генерално љубезни и искрени луѓе ....Вториот ден беше определен за посета на градот ,а во текот на третиот ден беше планирано да тркнеме до Дојран и потоа назад за Скопје . Кога влеговме во Валандово тоа беше еден смирен град без гужви и чекања , мало гратче со само една раскрсница на која имаше семафори . Се чувствував прекрасно токму поради таа тивкост во градот ,вистинска оддишка за мојот веќе уморен мозок од секојдневната гужва во Скопје . Во градот не застанувавме зашто времето беше прекратко , па се упативме кон манастирот Св Ѓорѓи . Патот беше тесен , кривулест и нагорен . Постојат два влеза за тој пат во зависност од кој ќе скршнете прво ќе го видите или манстирот или базенот . Манастирот се наоѓа на планината Плавуш а од човекот кој беше одговорен дознав дека е изграден во средниот век како црква а потоа прераснал во манастир .Човеков не беше многу зборлив а јас се чувствував како да се натурам . Местото на кое се наоѓа манастирот е необично тивко смирувачко . Дури и кога зборувавме како да шепотевме не знам ни сама зошто . Погледот е прекрасен восхитувачки на момент ти запира здивот . Половина час седење во дворот беa вистинско уживање и тотално психичко возобнувавање . Се чувствував како да ми се изоструваат сетилата , како плуќата да ми „работи“ со тотален капацитет . Црквата е мала и кога влегувате се симнувате едно скалило надолу . Иконите се некои понови , некои постари . Конаците се исто така мали а во дворот се наоѓаат неколку чешми со необично ладна вода . Толку ладна вода досега не сум вкусила . Оттаму се упативме кон базенот друштвото имаше намера да се бања ... Отпрвин ми сметаше гужвата таму ми требаше едно половина час да се привикнам можеби и повеќе ... Битно зафатив место на стол под сенка пто тој ден беше вистински луксуз и ги гледав како другите се бањаат а размислував за манастирот ....
Следните две слики подолу се од базенот
За Дојран заминавме третиот ден бидејќи беше претопло седевме кратко и немавме многу време за шетање . Дојран оваа година ми се виде како пријатно место , и за чудо таму јадев една од поубавите пици . .На жалост немав време да разгледам и да се качам до Св Илија Од се највеќе ми привлекоа внимание штрковите ...
На сликите погоре е прикажан погледот од дворот на манастирот
За Дојран заминавме третиот ден бидејќи беше претопло седевме кратко и немавме многу време за шетање . Дојран оваа година ми се виде како пријатно место , и за чудо таму јадев една од поубавите пици . .На жалост немав време да разгледам и да се качам до Св Илија Од се највеќе ми привлекоа внимание штрковите ...
Friday, August 5, 2011
Манастир Св.Ѓорѓи -Старо Негоричане и „Етно село “
Прошетката до Куманово поточно до манастирот во Старо Негоричане беше договорена два месеци порано меѓу маж ми и еден негов колега ,а беше утврден и датумот - 15. 07 .2011. Тргнавме по најжешкото некаде околу 16 часот од Скопје . Тогаш ако се сеќавате беше почетокот на топлотниот бран . По автопатот беше пеколно немаше многу автомобили а со тоа немаше и многу бучава и ќе беше уживанција за набљудување преку прозор да не беше сонцето . По сите преземени мерки млеко 60 ка фактор и квалитетни очила за сонце патувањето не беше така неиздржливо .На бензинската на почетокот од Куманово се најдовме со пријателите и продолживме према манастирот . Кога стигнавме до манастирот тој беше веднаш до патот во Старо Негоричане . Пред нас се издигна голема црква убава камена градба ... Човекот кој беше одговорен за црквата не беше дома , ни отвори жена му меѓутоа неговото неприсуство ме чинеа некои факти кои сакав да ги дознаам. Во дворот на црквата мирно тивко зелено со огромни дрвја како листопадни така и зимзелени ... вистински одмор за душата . Исто така во дворот се наоѓаат неколку гробови претпоставувам на црковните луѓе . Влегувањето низ не многу високата врата беше проследено со групна воздишка бидејќи внатре беше многу поладно . Фрескоживописот беше посебно впечатлив на него се познаваа годините на кои им пркосел . Жената која ни ја отвори црквата ни кажа дека тоа истиот фрескопис од обновувањето на црквата некаде 13-14 век Истиот наместа е оштетен меѓутоа плени со боите , ликовите ,а композициите се наредени во циклуси . Запаливме свеќи се помоливме поседовме . Чувството додека бев внатре беше необично , прекрасно како да ги полните батериите 100 на саат . Искрено се чувствував како да се раѓам одново ....
Излеговме ..Имав чудно чувство додека го нпуштав местото беше навистина убаво и ми беше жал што мораше за кратко да се замине меѓутоа мнозинството од друштвото посебно децата беа со празни стомаци па мораше , а и изгледа никого не го влечеа старите храмови како мене . Единствено ми остана нејасно зашто храмот го нарекуваа манастир кога тој во суштина е црква бидејќи конаци не видов нигде
За Етно село нема многу да зборувам ... единствено ми го привлекоа вниманието селските алатки и колата кои беа поставни во дворот
Првата слика подолу е направена на патот од Црквата до Етно село
Saturday, June 25, 2011
Дрвја во центарот на градот
Случајно поминував низ Жена-парк кога погледот ми го привлече едно од дрвата кое имаше една многу интересна дебела гранка која тргнува од долниот дел на стеблото и е дебела околу полвина од стеблото . За среќа апаратот беше во мојата чанта па го фотографирав. Потоа се рашетав и направив уште неколку фотки и од околните дрвја . Тогаш ми текна дека секогаш кога поминувам спроти Црвен крст до тротоарот има едно интересно дрво со интересно групирани листови кои образуваат топки . Дрвово никогаш не сум видела некој да го поткаструва ниту полева , можеби затоа ми е толку интересно и привлечно
На последнава слика е прикажано „топчестото“ дрво спроти Црвен крст отприлика
Thursday, June 23, 2011
Прошетка во Крушево
На оваа посета до Крушево беше татко ми , не јас . Ми ги донесе сликите вечерта . Беше полн со впечатоци што од градот , што од манастирот , и од доброто друштво кое беше со него , но не заборави да истакне дека е потребно уште средување ...
Уживајте во сликите , за овој пост не сакам многу да пишувам и да го упропастувам со зборови
Дел од сликите мене ми будат многу тажни спомени ...
Subscribe to:
Posts (Atom)