Во Јануари 2009 на поклон добив Dracaena . На жалост кога ми ја  донесоа  веќе беше во полузамрзната состојба од ладното надвор кое за  ова тропско растение беше погубно . Набргу и се исушија сите листови ,  но гранките останаа тврди . Едната се исуши а од другата набргу се  родија 3-4 ливчиња , кога после една недела на дното од гранката  приметив меко место т.е гранката почнуваше да скапува . Имав преголема  желба да преживее растението , така што ја отсеков гранката и ја ставив  во вода со надеж дека ќе пушти корен . Наместо тоа по две недели  повторно на дното се појави црно место (1-2мм)  што значење дека  повторно почнува да скапува . Тогаш ја исеков повисоко и решив да се  обидам да ја закоренам во земја . .Одбрав меавина на хумус и  покрупна  земја ја наредив така што и обезбедив  добра дренажа на водата и го  посадив растението . Сега следеше период на чекање . Dracaenata остана  во истата состојба околу месец и половина , но не се исуши и тогаш почна  да развива нови ливчиња
На мое задоволство успеав да ја спасам Dracaenata но и да му се  радувам на драгиот поклон иако сега во многу помал формат 

  . Но ќе си порасне а јас ќе уживам да ја  гледам како расте
No comments:
Post a Comment