Showing posts with label лично. Show all posts
Showing posts with label лично. Show all posts

Sunday, November 13, 2011

Проблем со штетници


Оваа година навистина имав преголем проблем со штетниците . Особено со малите бели пајачиња . Најпрво се појавија  на  доларот . Отпрвин мислев дека тоа е нешто  што  се појавува   на најмладите листови и е природен тек на растењето   . Тоа бели малечки топкички кои беа лоцирани на спојот на најмладите листови со стеблото и за кратко време исчезнуваа и повторно се појавуваа на најмладите листови . Тоа  беше причината што изгубив доста време , а требаше да делувам многу порано . Случајно еден ден при полевање го закачив доларот со рака тогаш наеднаш испаднаа неколку најмлади ливчиња , а топчињата кои беа на нив се растурија и видов дека се работи за пајажина . По една недела упорно туширање немаше никакво подобрување па отидов во продавница (земјоделска  аптека) и купив средство за штетници кај растенија . Купив Бубакил за растенија кој воопшто не е отровен за топлокрвни животни . Знаев дека се работи за Перметрин но на него немаше упатство на кои рстенија смее , а на кои не смее да  се користи . Бидејќи ми се брзаше воопшто не ѕирнав на интернет ништо за перметринот туку го испрскав доларот , а ги прегледав и другите растенија . Истиот штетник беше присутен на  пиперчето па и него го испрскав . Прскав два дена по ред . Четвртиот ден немаше  штетници ни на двете растенија но ме чекаше ново изненадување . ПЕРМЕТРИНОТ БИЛ КОНТРАИНДИЦИРАН КАЈ СУКУЛЕНТИ КАКО ДОЛАРОТ  . Дури сега следуваше масовно испаѓање на листовите . Сега  и по неколку месеци од прскањето растението сеуште  закрепнува   .За разлика од него пиперчето се разграни расцвета и сега има многу плодови . Соединенијата на перметринот сеуште ми се број 1 избор за штетниците особено заради ниската токсичност кон топлокрвнте животни и човекот но дефинитвно ќе мислам каде ги аплицирам .
Подолу е сликан доларот дури 3 месеци по прскањето и сеуште не е дојден на себе .







Кафеавите траги на листот се оштетувањата од  инсектицидот . Тоа е  еден од листовите кои сеуште не се паднати . 
А еве како изгледаше пред да биде масовно нападнат . 


Уште една слика од пред употребата на инсектицидот има тука

Sunday, July 10, 2011

Welcome back :)

Преголема  е празнината кога те испраќам и колку и да се обидувам да се навикнам на тоа  таа стои таму како дупка од  ништо.  Црнило кое може да ме голтне .... И колку да се трудам да ја избркам и заменам со убави мисли не иде . Повторно се појавува црно отпрвин малечко потоа се поголемо  и поголемо . Некогаш навистина се прашувам дали ќе ме голтне ...

Обожувам да ги бројам деновите кога те дочекувам последните 5 ги шкрткам во календарот  . Колку што претходно била голема празнината  станува голема возбудата за нови КОМПЛЕТНИ , ИСПОЛНЕТИ денови . Како на онаа празнина токму тоа да и е задача да создаде резерва место за да се всели возбудата   таму некаде во мене , не знам каде точно , но битно е ја чувствувам ...

И се така како во циклуси возбуда - празнина .... Живеам за денот кога нема да има потреба да те испраќам далеку туку ќе те чувам блиску блиску и секој ден ќе биде КОМПЛЕТЕН ИСПОЛНЕТ .




П.С Можеби требаше да почекам до Денот „Д “ но возбудата , инспирацијата и желбата за пишување  беа преголеми



Saturday, June 18, 2011

Чудесен цвет

Сега додека го пишувам постов цветањето и е при крај . Уште неколку дена  и ќе го отсечам стебленцето на кое се наоѓаа прекрасните цветови а сега се засушени . Чекав да  ги фотографирам сите фази од цветањето пред да го напишам постов . Ме изненади со цветањето не го очекував,  можеби затоа толку многу му се израдував  . Ја пресадив и очекував мирување а добив награда  преубав цвет со преубав мирис  . Ја чувам само 2 и пол  години . За неа пишував во вториот пост беше многу малечка т.е едно малечко стебленце кое се бореше за живот  , а сега е вистинско дрво . Кога ова растение го купувате од  цвеќара едни може ќе ви речат дека не цвета а  дека му се преубави листовите  , другите кои се поупатени ќе ви речат доколку цвета  да го отсечете стебленцето уште  веднаш за да не скапе  оттаму и  за да продолжи да расте нагоре . Со вторава констатација се сложувам делумно . Точно е дека стебленцето на цветовите може да биде место од каде ќе тргне скапување , но јас лично не се сложувам со негово предвремено отсекување зашто да се види и доживее цветот  на Dracaena (Дрво на живот ) , не само што е вистинска реткост туку и вистински благослов  ,а да не почнувам дека предвременото отсекување е нарушување на природниот развој на растението .
Да онаа малечка Dracaena за која пишував во неколку наврати процвета овој месец  . Кога прв пат ја забележав пупката  ме обзема силна радост и веднаш се сместив пред  компјутерот  и почнав да барам информации . Наидов на неколку форуми каде пишуваше дека нејзиното цветање во саксија  е вистинска реткост со просечно појавување на  7 години . Ретки беа написите (се на се 5-6) од некои сопственици  кај кои цветот се појавил после три четири  или пет години . Кај мене се појави на две години и  околу 6 месеци старост на растението .
Најпрво се појави едно топче на мало стебленце  со неколку пупки на него и си реков во ред за малата возраст  на растението е доволно . Но стебленцето растеше се појавија и други такви топчиња . Го погледнував секој ден пупките  се зголемуваа но сеуште не се отвораа .Случајно едно попладне  повторно седев пред компјутерот кога  почувствував  еден преубав мирис .Тоа беше сладуњав релативно јак мирис кој потсетуваше на мирисот на хојата  и на еден мој парфем  од јасмин  . Излегов надвор ,а таму ме пречекаа неколку  отворени   цветчиња . Тогаш сфатив дека кога во наредните неколку денови ќе се отворат сите цветови навистина ќе биде како да имам истурено парфем по дома  . Цветовите беа мали ситни распоредени во групи  со мали тенки бели ливчиња од чија средина штрчеа прашниците , но може да бидат и поинакви во зависност за кој подвид станува збор .  И сега кога полека мирисот исчезнува , а белите цветови стануваат кафеави и засушени се надевам дека и следната година ќе ме почасти со ваков цвет  .



Вака изгледаше кога прв пат ја забележав пупката



Вака изгледаше целото  гранче со пупките 




Фотографијата е направена кога прв пат го почувствував мирисот 






Вака изгледаа цветчињата 


Засушување 

Колку за споредба следнава слика е од јуни 2009 направена веднаш откако бев уверена дека Dracaenata ќе се спаси и истата може да ја видите во постот „Спасената Dracaena “



Претходни постови каде сум пишувала за оваа Dracaena со фотографии може да видите овде и овде  

Saturday, April 9, 2011

Најубавото изненадување за 8 ми Март

За денот на жената се опоравував .... со други зборови не можев да одам многу освен низ дома и тоа не подолго од неколку минутки  и сакала -несакала бев прикована за телевизорот . Ги гледав сите анкетирања прифаќања и неприфаќања на празникот идеите за прославување по кафани и сл . Ми текна дека низ годините наназад  се помалку сретнував луѓе кои купуваат цвеќе ,  сите  земаа нешто практично вазни , чаши , сервиси . А не знам зошто и не знам од каде тој ден ми беше секогаш за подарувње цвеќе , можеби дека како деца само тоа им подарувавме на нашите мајки . Свежо цвеќе собрано од тревниците или  откинато од некој двор . Бидејќи во текот на денот освен да размислувам ништо друго не можев да правам , почнав да мислам што би добила за  8 ми  Март . Сега сум мажена  веќе ја нема двосмисленоста  за девојчиња/девојки не бил празникот и слично .... Повторно почнаа да ми се редат слики на цвеќиња. Можеби нешто со цвет или некое дрво . Не , не  дрва имам веќе неколку , нема место за нив . Ми текна дека одамна се наканував да си купам сукулент -долар и се кога ќе дојдеше ред на него се парите ми притребуваа за нешто друго . Хммм што би било кога би му текнало на нешто  такво , би било супер таман со преселувањето ќе го пренесам во новото дома , ќе го ставам покрај прозор и тоа на југоисток . Таму има совршен прозор и тераса за одгледување цвеќиња . Претпоставував дека ќе биде цвеќе бидејќи знае колку сакам цвеќиња ... Вечерта дојде маж ми со две цвеќиња во рацете едното за мајка ми иако мислам дека му беше јасно дека и двете ќе ги присвојам . Едното цвеќе беше сукулент мислам дека е долар ,а ако не е многу личи на него и прекрасно изгледа а другото кактус кој го немам . Дефинитвно најубавото  изненадување за 8ми Март  . Е после радоста долго време чекаа да бидат пресадени , но штом „застанав убаво на нозе“ ... подолу на сликите се пресадени и малку потпораснати






Цветчето на катусот е вештачко 
Мило мое ти благодарам со тебе секој ден ми е посебен 




Thursday, September 9, 2010

Идеја -семчиња од околината

Се чувствува дека летото уште малку ќе почне  да ни „мафта“ за збогум до следната година . Веќе некаде почнуваат да стасуваат плодовите кои обично ја карактеризираат есента . Имам желба да израснам во саксија  некоку дрвја кои ќе можат да презимат надвор , а потоа да ги обликувам се надевам во успешно бонсаи . Бидејќи оној концепт „земи од природата“  не  се покажа како многу успешен за мене ,а  семчињата од купените плодови не р`тат бидејќи тие плодови се собрани зелени , оваа година се послужив со плодови кои ги најдов во мојата околина . Во еден од парковите забележав ситна јаболкница т.е петровка , потоа неколку грмушки кои даваа интересни црвени плодови кои наликуваат на цреши , потоа неколку шишарки од разни зимзелени дрвја и сл  . Подолу се моите досегашни собрани плодови  и неколку исчистени семчиња  ,а како  ќе доаѓа есента се надевам и на други плодови . Половината планирам да ги подготвам и да ги засадам есенва а другата половина  напролет .Идејата за есенското садење ми е да им овозможам да презимат семчињата под почва на ладно ,ова  на некој начин ќе ги симулира природните услови во кои тие се развиваат ,а ако не никне ништо ќе садам и напролет .Па од сето тоа ќе видиме што ќе испадне бидејќи се се базира на моите идеи ништо вакво досега не сум пробувала ...   .Бидејќи не очекувам голем процент да никнат ќе  биде добро ако  израсне по едно од секој вид од многуте семчиња

Sunday, August 22, 2010

Рајска птица (растение )

Називот рајска птица покрај еден вид на растение го носат и некои птици кои имаат впечатливи бои . Вакво растение добив на поклон како букет за во вазна за мојот роденден . Мислам дека ниту ТОЈ не знаеше каков назив носи ова растение , а и јас го открив пред неколку дена . Кога ми го врачи ми објасни дека цветовите кои се портокалови ги има повеќе и треба да бидат вадени еден по еден од долниот лист за да траело цвеќето подолго . И траеше . Последните три цветови ги извадив наеднаш зашто покажуваше скапување во долниот дел . Тогаш и ми заличи на птичји клун . Не се сеќавам дали е сликан тој букет , но ако е , сликата не можам да ја најдам  .
Цветот е впечатлив егзотичен портокалов со синкаста нијанса во внатрешноста и издолжен , а завршува во вид на шпиц од кој се двојат прашниците и како да ѕиркаат .
Не сум сретнала некој тука да го одгледува посаден во земја , но ако има такви еве неколку насоки за чување .
Растението Рајска птица е тропско растение кое припаѓа на фамилијата Strelitziaceae на редот Zingiberales . Научно се нарекува Strelitzia reginae и најчесто е познат како дива банана ,ова растение потекнува од топлите и влажни услови на Јужна Африка   . Категоризирано е како грмушка . Листовите на ова растение се слични со оние на бананата само што се помали .Кога е зрело висината на растението достигнува околу 120 -150 цм . Цветовите на растението имаат портокалови и  сини ливчиња . Со неспоредлива убавина и елеганција цветот на ова растение се користи за декоративни цели .
Како да го одгледувате ова растение ? 
Одгледувањето на ова растение е лесно што го прави посакувано растение меѓу почетниците и искусните одгледувачи . Бидејќи потекнува од тропски климатски региони оптимална сончева светлина е круцијална за подобро растење и навремено цветање .

Одбирање на место за растението : За одгледување на  растението главен предизвик е одбирањето на соодветно место за засадување .Ако имате градина која има многу  сонце и земјата не е  премногу влажна тогаш можете да го засадите вообичаено како и другите растенија .
Припремање на соодветна почва : Откако сте го одбрале местото каде ќе го одгледувате растението следи припрема на почвата на правилен начин . Во случај да имате тешка непропустилва земја додадете малку песок во дупките каде  ќе го засадите растението да се подобри дрнажата . Дупките можете да ги ископате со 60 см растојание меѓу нив . Не заборавајте во нив да додадете малку органско ѓубриво .
Услови : За подобро растење на рајската птица , растението треба да биде изложено на  сончева светлина . Наводнувајте го редовно да биде влажно , не мокро .

Ако сакате да исечете цвет за во вазна : Одберете долго стебло кое што е спремно и само што не процветало  .Отсечете го така што да остане еден лист .Ставете го во тесна вазна исполнета со каменчиња во различни бои и вода и можете да уживате во цветот околу 3 недели .
Размножување: Има два начина на размножување со одвојување и со семе .
  • Со одвојување : се вади  растението од земјата или саксијата и се поделува според подземните стебла (ризоми) водејќи сметка секое од нив да има доволно коренчиња и потоа  деловите се засадуваат во мали саксии и се ставаат на индиректно сонце . Откако ќе се аклиматизираат ( 8 недели ) може да се префрлат на место со повеќе директно сонце . Вака новото растение  ќе процвета за 2-3 години 
  • Со семе : Вка добиените растенија ќе процветаат за 4- 10 години


 Рајска птица (животно)




Делови од постот се преведувани од следните сајтови
http://www.flowershopnetwork.com/pages/newsletter/NewsletterAugust2007.php

http://www.buzzle.com/articles/bird-of-paradise-plant.html
 а за слики покрај претходниот  сајт се користени :
http://en.academic.ru/dic.nsf/enwiki/110705
http://www.seednation.com/seeds.php?type1=flower&page=1
 http://www.ejmandassociates.com/about.html

Tuesday, July 20, 2010

За мојот ѕвер од миленик

Со „малиот“  се запознавме пред околу 10 години. Тогаш случајно влета низ прозорецот од дневната . Јас бев кај баба ми . Откако дознав дека дома имаме папгалче кое мајка ми од страв го затворила во  еден од стакларниците (заградена тераса )  земав кафез од кај баба ми (она ги имаше некоку од претходни папгали) и тргнав дома . Стигнав после половина саат со кафез во една торба и куп просо во ташната . Го уредив кафезот додека  ме гледаше исплашено горе фатен за една од  кваките на прозорот и излегов . Влезе да јаде  и полека влегов и го затворив . Го крстивме Мики . Конечно после долги години молење ми се оствари желбата за било каков миленик . Си добив папагал или папагалот ме доби мене како и да е . Седеше во кафез 3 дена за кои му зборував се и сешто и го набљудував .Дефинитвно ја имаше најмилата папагалска фаца а ги имав видено многу по продавниците . После третиот ден решив да го пуштам од кафезот немав намера да го држам затворен требаше да си има слобода   . Не брзаше да излезе , таму беше сигурен таму му беше и јадењето , во тоа време  и само толку му требаше . Полека почна да  се опушта да излага по малку но не се дружевме не  набљудуваше фатен за кабли , за кваки и за едно цвеќе кое го имавме . Набрзо интересно стана она што ние го јадевме , лебот за почеток  . Потоа стана постојан гостин  на масата . Од леб на компири  сега јаде се месо вклучително и пача која ни јас не ја јадам патлиџани пиперки сирење . Пие млеко кафе капучино јаде и сладолед . Она што е карактеристично што јаде токму од местото каде загризував и јас . Сега редовно ми го тероризира тањирот и каснува буквално од секое местенце . Освен авантурите со јадењето почнаа и некои други како на пример пешки од кујна до дневна што се мои 5 чекори ама на него му требаат повеќе од 30 мин пешачење . Кога спијам во дневна редовно застанува на масата до креветот и ме набљудува , не сум го чула да  пее додека спијам секогаш кога се будам го наоѓам загледан во мене . Често му зборувам ,  полека почнав да му ги препознавам звуците и движењата . Почна самиот да си бара леб  така да дневно сега сме задолжени да му даваме лепче   и тогаш кога ние не јадеме  . И така полека одеше времето кога го каравме зашто извршил нужда таму кај што нетреба кога се галевме . Потоа дојде годината со птичјиот грип . Комшиите сите кои имаа папагали почнаа да ги пуштаат тоа беше страшно . Навистина не можев да ги разберам се  нафатиле  , ги чувале , истите не можеа да заболат  во колку не се во контакт со заболена птица но стравот човечки беше поголем . Бидејќи знаев како птиците а и човекот се заразува со птичји грип знаев дека нема никаква шанса  да се разболе папгалот така да ние продолживме да си уживаме .За тоа време кој и да ми дојдеше на гости или не земаше ништо или ме прекоруваше  да го затворам некаде зашто има обичај да шета по масата . Полека почна да си присвојува работи  па така кога ќе извадевме шоља  за кафе или чаша застануваше до неа  и ги чуваше . Канчињата од јогурт се посебна приказна и негово најголемо уживање ги бутка ги вртка . Бидејќи во собата моја  немав маса за читање често учев во кујната каде што тој ми правеше друштво .Заедно спремивме над 40 испити и повеќе од 20 предмети додека бев во средно . Имаше обичај да застане токму над местото каде што читам , да ја наведне главата  божем и тој чита . Со татко ми се возеа  . Тој ќе решава крстозбор а  папагалот ќе застане врз местот каде  писшува и  ќе чека . Татко ми ќе почне да го нишка  по масата . Мајка ми имаше проблем сите ручеци ги спремаа заедно . Релативно беше тешко да се полни тенџере или сецка нешто зашто „малиот“ влегува токму меѓу рацете и ножот .Тој секогаш знае  и предосеќа кога сум расположена кога сум напната , нервозна па така и се однесува знае кога  играме , а кога нешто озбилно му кажувам и како божем се разбира ќе застане ме загледува вочи и само слуша . Не испушта глас . Дефинитивно е најдобриот слушач.  Деца не сака и воглавном се плаши од нив зашто многу му викаат . Ужива да  гледа низ прозорецот надвор како се движат колите . Само два пати сме имале поголем проблем . Еднаш кога падна позади еден тежок масивен регал и излезе со цел куп прашина и повредено крилце и еднаш позади фрижидер се најде но  тогаш не се повреди. Спие качен  на едно цвеќе кое лози на поставена жица во стакларникот и си ги грицка листовите . Она што е карактеристично сите листови се изгризани до пола . Деновиве му е  жешко ниту му се игра,  најголем дел од  времето го поминува врз аквариумот и го преспива или потпрен на една од саксиите . Добро ќе биде набрзо да залади  мислам ќе му се врати расположението . Дефинитивно го разбранува , разубави животот на сите нас  тројцата дома .