Showing posts with label христов трн. Show all posts
Showing posts with label христов трн. Show all posts

Sunday, March 18, 2012

Пред и по кроење


Повеќегодишните растенија секоја пролет имам навика да ги кројам пред се за да се одржи обликот , а и да пушти нови свежи ластарчиња кои ќе придонесат да си ја задржат убавината . Вчера кај моите го кроевме „Христовиот трн“ растение старо повеќе од 20-  тина години . Скоро сите стари гранки ги отстранивме ги оставивме само помладите како би му овозможиле на растението да ги одржи своите природни процеси и респирацијата која се одвива преку листовите  . Од ластарчињата може да се зафатат нови примероци , така да доколку некој има желба за вакво растение  може слободно да ми пише  ластарчињата ќе бидат оставени во вода некое  време .

Пред кроење :



По кроење :



Ластарчиња:





Wednesday, July 7, 2010

На поклон или размена

Од последното сечење на растението кое  го имам дома  имам 3  гранчиња  кои со задоволство ќе  ги дадам било кому на поклон или за размена ако имате воља  или исто вакво растение  само со друга боја на цветот . Се работи за растение наречено Христов трн или  Euphorbia milii . Ова  растение е млечка и има боцки  цветот по боја му е црвен а може да се нјаде во розова жолта  бела  боја - тие ги видов на  блогот на кактусар . Таму можете да прочитате и повеќе за начинот на чување  не би бил фер да го пишувам истото и  да му ја земам работата :) .

Растението кое го чувам дома е старо повеќе од 20 год и изгледа вака

Сега има повеќе цветчиња сликава е  напрена пред  кроење . 
Подолу се слики од трите гранчиња  кои сеуште ги чувам , имаат пуштено корења кои стануваат доста големи  . 
Сликите се фотографирани денес