Wednesday, June 24, 2026

Орхидеја запознавање

 Некои љубови започнуваат сосема неочекувано...

Орхидеи .... Отсекогаш ми го мамеле погледот . Секаде, во продавница особено по цвеќарите за 8ми  Март и особено сината иако е обоена . Ми претставувале  императив за добро одгледано цвеќе но со оглед на  малото место покрај прозорот никогаш не сум се решавала   да ја купам .  И  така пред  3 години  ја добив на поклон првата орхидеја .... Се сеќавам на тремата и безбројните прашања: Дали ќе успеам да ја одржам? Дали ќе процвета повторно? Дали ќе направам некоја грешка?. Целата во прашалници и со трема дека можам да ја изгубам  започна моето мало патување и проучувањето за одгледувањето  Орхидеи . Тоа беше почеток .. Денес мојот дом го разубавуваат жолта и бела орхидеја, а секое ново цветче носи посебна радост  .... и дефинитивно стои тезата дека ; Орхидеијата е најнежното  цвеќе па со вас би споделила  неколку кратки податоци  околу одгледувањето и потеклото 


Потекло и куса историја  

Орхидеите (фамилија Orchidaceae) се едно од најстарите и најбројните семејства на цветни растенија на Земјата, со потекло од пред повеќе од 80 милиони години. Денес се распространети низ целиот свет, освен на Антарктикот, но најголемата разновидност потекнува од тропските и суптропските предели на Азија, Австралија и Централна/Јужна Америка
Географско потекло и историја
  • Азија: Во Кина се одгледувале уште пред 3000 години. Филозофот Конфуциј ги опишал како симбол на благородништво и пријателство. 
  • Античка Грција: Името го добиле од старогрчкиот филозоф Теофраст. Тој ги нарекол órkhis (во превод: тестиси) поради специфичниот изглед на подземните клубени, кои биле симбол на плодност и мажественост. 
  • Викторијанска ера: Во Европа станале ексклузивен статус симбол. Богатите колекционери плаќале огромни суми за истражувачите да им донесат егзотични видови од џунглите во Јужна Америка и Азија. 
Најпопуларни сорти денес
Денес на пазарот најчесто среќаваме хибриди создадени од неколку клучни изворни видови:
  • Phalaenopsis (Пеперутка орхидеја): Најпопуларната собна орхидеја чие потекло води директно од тропските дождовни шуми на Азија и Австралија (Хималаите, Филипините).
  • Cymbidium: Потекнуваат од Азија (Кина, Јапонија, Индија) и се одгледувани со векови.
  • Vanda: Се карактеризираат со интензивни бои, а нивната прататковина се тропските делови на Азија

Најчеста кај нас се  сретнува Пеперутка орхидеја или  Phalaenopsis  


Одгледување  (основни принципи)
  • Светлина 
Најубаво е орхидејата  да биде поставена на прозор на индиректна  светлина  тоа се прозорците кон исток, а светлината да биде филтрирана  (лесна завеса ,венецијанер и сл ). Директното изложување на  светлина особено на јужните прозорци или  директно  летно сонце  ги гори листовите .
  • Почва 
Никогаш не ја садете Орхидејата  во стандардна почва . Тоа ги задушува корените. Наместо тоа користете  дрвена кора  или комерцијално достапна почва за Орхидеи  кои всушност се големи парчиња . Најдобро е  саксијата да е проѕирна  за да ја следите состојбата на  корените .  
  • Наводнување 
Водата која ја користите за Орхидеите треба да биде отстоена  на собна температура . Наводнувањето може да се оствари на два начина : 
Првиот  со ставање на вода одозгора но со големо внимание да не навлезе во средишниот дел на на цветот  бидејќи може дадоведе до  скапување   а иста така  да не ги допира стебленцата и цветовите . И  вториот многу побезбеден саксијата со орхидеја да се потопи во вода во текот на 10-15 минути  и потоа да се  исцеди добро  .
Орхидеите никако не смеат  да се оставаат да стојат во вода  бидејки за брзо настанува скапување на коренот  . Времето на наводнување  отприлика е  два пати неделно  во перидот н раст и цветање и еднаш неделно   во фаза на мирување  . Тоа може да се процени и следејќи ја состојбата на коренот  светло зелени  едри набабрени корени значи дека се добро хидрирани штом почнува да фали вода тие се подсобираат и тогаш е време за наводнување 

  • Воздух 
Орхидеите  обожуваат влажен воздух затоа и им одговара покрај прозорите. Ако дома воздухот е сув може под нив да се остави вода  во која се наредени каменчиња така што основата на саксијата да не ја допира водата  

  • Прихрана  
Орхидеите се  прихрануваат  со ѓубриво наменето за Орхидеи  кое може да биде течно во гранули или брикети . Се прихрануваат исклучиво во фазата на  активен раст, а не во мирување  

  • Пресадување  
Време за пресадување  е тогаш кога орхидејата ја надраснала постоечката саксија  и корените практично  излегуваат од саксијата . За пресадување најдобро  е да се користат  проѕирни  саксии со добар дренажен систем  или саксии наменети за орхидеи , како и соодветна почва 

Во прилог неколку слики од моите орхидеи  

















Tuesday, June 16, 2026

Антуриум - Anthurium

Антуриумот е тропско растение кое потекнува од Централна Америка, Јужна Америка и делови од Карибите. Исто така e познато како Фламинго цвет поради нивната раскошна боја. Станало популарно егзотично собно растение токму поради изгледот на цветот .Некои видови антуриум се одгледуваат исклучиво поради атрактивните листови во облик на срце кои се појавуваат во различни бои, форми и шари.

Повеќето видови антуриум се епифити, кои ги прикачуваат своите корени на стеблата или гранките на дрвјата за да извлечат вода и хранливи материи. Кога имаат соодветна грижа и услови за одгледување   овие растенија ќе го разубавуваат домот во текот на  многу години. Еве како да ги одгледувате и користите во вашиот дом или канцеларија.

Пресадување: Антуриумите ќе треба да се пресадуваат на секои 2 до 3 години. Пролетта или летото се најдоброто време кога растенијата активно растат. Извадете го растението од саксијата за да ги проверите корените.

Користете нова саксија која е за 1 до 5 см поголема во дијаметар и малку подлабока од претходната саксија.

Проверете ги корените за знаци на гниење или други оштетувања.
Исечете ги оштетените делови по потреба.
Проверете ги растенијата за проблеми со штетници или болести.
Доколку новата саксија е претходно користена, исчистете ја и стерилизирајте ја пред повторна употреба.
Погрижете се да има соодветни дренажни отвори за да се исцеди вишокот вода од дното.
Поставете свежа кора или почвена подлога на дното од саксијата.
Поставете го растението на исто ниво како и во претходниот сад. Исполнете со земја
Притиснете лесно за да го шотстраните воздухот и да ја зацврстите почвата.
Наводнувајте полека додека течноста не излезе од дното на саксијата.
Потребни услови за светлина: Антуриумите претпочитаат средна до светла индиректна светлина од прозорец свртен кон исток или запад, што се совпаѓа со соодветните барања за светлина на антуриумот. Избегнувајте директна сончева светлина, која може да предизвика изгореници на листовите. Премалку светлина може да предизвика растенијата да не напредуваат и боите да избледат.

Температура: Собното растение антуриум е родено во топлите тропски региони, претпочитајќи температури помеѓу 20 и 30 степени Целзиусови. Температурите под 20 степени Целзиусови може да го оштетат зеленилото и цвеќињата. Држете ги растенијата подалеку од провев, отвори за ладење и греење ..

Почва: Бидејќи повеќето видови се епифити, почвата за антуриум треба да се состои од кора или друг груб материјал за саксии за да се обезбеди соодветна дренажа и циркулација на воздух околу корените. Користете мешавина за саксии специјално формулирана за орхидеи или универзална почва за саксии со додадена кора, тресет или перлит за да се подобри дренажата.

Наводнување: Наводнувајте откако горните 5 см од почвата ќе се исушат, користејќи метод од долу нагоре. Спуштете ја саксијата во сад со малку топла вода на собна температура 15 до 20 минути. Избегнувајте да навлегува вода на зеленилото, бидејќи може да биде проблематично

Ѓубрење: Во текот на сезоната на растење во пролет и лето, ѓубрете месечно со половина од концентрацијата со универзално течно ѓубриво за растенија. Ѓубривото за антуриум за цветни типови треба да биде побогато со фосфор за да се поттикне цветањето. Престанете со ѓубрење во есен и зима кога растот на растенијата ќе се забави .

Кастрење: За цветните типови, отстранете ги избледените цветови за да поттикнете нови цветови. Исечете ги листовите што стануваат кафеави или жолти, како и секој мртов или оштетен раст кога ќе се појави. Кога кастрите собно растение антуриум, користете ракавици за да спречите иритација на кожата од сокот.
Ви посакувам долг живот и прекрасни цветови 

Friday, June 5, 2026

Божиќен кактус во пролет

 Иако карактеристично е неговото цветање во зима поточно јануари моето растение процвета некаде во март

Божиќен кактус скоро секогаш присутен на рафтовите во продавниците пред нова година мами со преубавите најчесто виолетови цветови ,а може да биде розов ,црвен ,бел портокало

Припаѓа родот шлумбергера

Шлумбергера е мал род на кактуси со шест до девет видови кои потекнуваат од крајбрежните планини на југоисточен Бразил. Овие растенија растат на дрвја или карпи во живеалишта кои генерално се засенчени со висока влажност и можат да бидат доста различни по изглед од нивните роднини кои живеат во пустината. Повеќето видови на Шлумбергера имаат стебла кои личат на листовидни перничиња споени едно со друго и цветови кои се појавуваат од сетилните на зглобовите и врвовите 

Може да живее со децении 

Како да се одгледува ?

Сака светло но не директно сонце

Најдобро успева на температура од 15-25 степени но пред цветањето во ноќите треба да се обезбедат пониски температури со цел да имате поголеми и побројни цветови. За таа цел го чувам на тераса се додека ноќта не се спушти по 15 степени . Тогаш оди внатре на прозорецот ориентиран кон исток со сонце само во утринските часови.

. Наводнување - Не претерувајте со наводнување, Пред да ставите вода проверете со раката дека земјата е сува  Премногу вода ќе предизвика дамки на листовите и ќе предизвика корените да скапуваат. Тоа е тропски кактус, а не пустински кактус, но премногу вода ќе направи штета.

Во текот на есенските и зимските месеци треба да се наводнува помалку за да се поттикне цветањето. Внимавајте на паѓање на пупки во овој период. Паѓањето на пупки обично е показател за премногу вода.

.Ѓубрење - Ѓубрете го вашиот божиќен кактус околу 4 пати годишно

Интересно е што мојот кактус само првата година цветање за Божиќ. Следните две излегуваат преубави цветови ама во пролет. 

Секако е преубав за чување восхитување уживање .....