Showing posts with label градски парк. Show all posts
Showing posts with label градски парк. Show all posts

Monday, May 2, 2011

Прошетка за втори

Денес не бевме воопшто некаде далеку на излетничките места  .  Најверојатно веќе ни се смачи секоја година некаде на излет со  скарите и сендвичите . Денес навистина сакавме да поуживаме ,да се прошетаме  ... Отидовме во градскиот парк . Таму милина за уши ... немаше многу луѓе па птиците со нивното црцорење доминираа . Пролетно , зелено , преубаво изгледаше иако езерцето не е исчистено што навистина ме нервира и водата во каналот не е пуштена насекаде и не е наполнет  колку што треба  .Вистинска оддишка  од улиците кои ги поминувам секој работен ден од колите нивното брмчење и свирење  . Ја посетивме и зоолошката е таму беше многу пораздвижено . Животните беа надвор се разладуваа ,некои се печеа , некои трчкаа по храната  што им ја нудевме секако купена од зоолошката  , а некои беа вонемирени претпоставувам заради вревата која ја  предизвикуваа децата  

Кутрево го сретнавме во паркот беше многу пријателски расположено ...



















Слики од зоолошката нема бидејќи на картите пишува снимањето е дозволено само за приватни пореби ...а за се друго да се разговара со управата ...