Showing posts with label сукулент. Show all posts
Showing posts with label сукулент. Show all posts

Saturday, April 9, 2011

Најубавото изненадување за 8 ми Март

За денот на жената се опоравував .... со други зборови не можев да одам многу освен низ дома и тоа не подолго од неколку минутки  и сакала -несакала бев прикована за телевизорот . Ги гледав сите анкетирања прифаќања и неприфаќања на празникот идеите за прославување по кафани и сл . Ми текна дека низ годините наназад  се помалку сретнував луѓе кои купуваат цвеќе ,  сите  земаа нешто практично вазни , чаши , сервиси . А не знам зошто и не знам од каде тој ден ми беше секогаш за подарувње цвеќе , можеби дека како деца само тоа им подарувавме на нашите мајки . Свежо цвеќе собрано од тревниците или  откинато од некој двор . Бидејќи во текот на денот освен да размислувам ништо друго не можев да правам , почнав да мислам што би добила за  8 ми  Март . Сега сум мажена  веќе ја нема двосмисленоста  за девојчиња/девојки не бил празникот и слично .... Повторно почнаа да ми се редат слики на цвеќиња. Можеби нешто со цвет или некое дрво . Не , не  дрва имам веќе неколку , нема место за нив . Ми текна дека одамна се наканував да си купам сукулент -долар и се кога ќе дојдеше ред на него се парите ми притребуваа за нешто друго . Хммм што би било кога би му текнало на нешто  такво , би било супер таман со преселувањето ќе го пренесам во новото дома , ќе го ставам покрај прозор и тоа на југоисток . Таму има совршен прозор и тераса за одгледување цвеќиња . Претпоставував дека ќе биде цвеќе бидејќи знае колку сакам цвеќиња ... Вечерта дојде маж ми со две цвеќиња во рацете едното за мајка ми иако мислам дека му беше јасно дека и двете ќе ги присвојам . Едното цвеќе беше сукулент мислам дека е долар ,а ако не е многу личи на него и прекрасно изгледа а другото кактус кој го немам . Дефинитвно најубавото  изненадување за 8ми Март  . Е после радоста долго време чекаа да бидат пресадени , но штом „застанав убаво на нозе“ ... подолу на сликите се пресадени и малку потпораснати






Цветчето на катусот е вештачко 
Мило мое ти благодарам со тебе секој ден ми е посебен 




Monday, September 13, 2010

Јас веднаш да се пофалам

Само што ги донесе татко ми и јас веднаш ги средив т.е ги засадив еве веднаш да си се пофалам на блог . Татко ми доби на поклон неколку розети  Чувар на  куќа .  Му ги поклонија  комшии од зградата каде што живеам . Ги имале многу во дворот . Резниците ги засадив веднаш а едно добив со се саксијата зафатено . Не знам дали сите ќе се зафатат ама јас им стискам палци .Се издрадував особено  бидејќи го изгубив мојот  Чувар на куќа  . Од тој останаа само неколку бебиња кои исто така ги фотографирав :)

Ова подолу се моите бебиња чувари .


Благодарам чичко Ристо и тетка Борка

Saturday, August 7, 2010

Подарок

Завчера кога се разбудив и излегов од мојата соба прво што ми падна во очи беше затворената врата од дневната соба . Значи моите не се дома . Полека дојдов до купатилото каде се расвестував со ладната вода . Откако веќе излегов од полусонот помислив на кафе : нес кафе , обично , некакво ми се пиеше . Сепак ќе ги почекам моите можеби ќе дојдат наскоро па две ќе ми бидат многу помислив . Со чаша ладен сок се сместив пред компјутерот блог,  Facebook набрзина пролистав дали има некој нов наслов и седнав да  се подружам со книгата. По малку време го слушнав крцкањето на клучот на врата . Влегуваа моите . Мајка ми почна да вика по мене . Мислејќи дека се пренатоварени  со тоа што купувале се стрчнав да помогнам . При тоа си ја закачив ногата на бирото и рамото на вратата од мојата соба . На влезната врата стоеше мајка ми со најубавиот подарок  за мене . Цвеќе .

- Види што најдов . Чувар на куќа расцветан - ми рече
Ми подаде еден сукулент со големи , дебели , меснати листови од кои се издигнуваа снопчиња на мали црвени цветчиња . По стебленцата каде на врвот стоеја цветовите имаше листови тие беа со синкастозеленкаста боја. Занесена од неговата убавина го грабнав и излетав на тераса. Го пресадив веднаш , му најдов место на кое што има  доволно сонце , но сепак во најтоплите часови е сенка . Тогаш во очи ми паднаа листовите кои не беа збиени како што тоа беше кај другиот чувар на куќа кој го имам . Провртев на интернет не најдов растение со такви цветови , слични листови најдов , но не сосема исти ... Не бев така сигурна дека е навистина чувар .Бидејќи отприлика знам нешто за сукулентите од типот да не  им се става премногу вода и да се ставаат на топло се водев по тоа , но детаљи за ова растение во случај да не е чувар навистина не знам  Во секој случај растението е преубаво . Јас се надевам дека долго ќе ми прави друштво и ќе ми го украсува домот со преубавите цветови ,а јас навреме ќе ги сфаќам неговите потреби .
Во меѓувреме додека го дотерував постот ја видов пораката што ми ја пратил кактусар  со одговорот на моето прашање дали е чувар или не .Сепак растението е Echeveria а не Sempervivum  кој пак е чувар на куќа . Моите ги зезнала продавачката , но сепак јас сум пресреќна што добив вака убав подарок