Растениево го чувам дома повеќе од 10 години . Го засади татко ми од некакво си семе ни сама не знам од каде го набави . Во текот на годините формираше кора на стеблото и сега изгледа како мало дрвце - вистинско бонсаи растение иако всушност не е дрво туку пиперка . Се одликува со мали зелени ливчиња долгнавести по форма .Цветот како и кај секоја пиперка му е бел .Плодот се формира како топчест по форма и полека нараснува .Бојата ја менува од зелена во пороткалова и таков изгледа кога е созреан . Потоа почнува да се скврчува и суши и како таков може да се искористи за семе .
Овде е пред кроење . Мислам дека добро се забележува двојното дебело стебло и првите дебели гранки .
Ова растение сега изгледа вака :
Коренот веќе почнува да излегува на површината што дава можност истиот да биде нагласен и обликуван .
Зрел плод отприлика изгледа вака :
Плодот внатре изгледа вака :
Ова растение е дефинитивно еден интересен примерок посебно додека го гледате како му зреат плодовите .
No comments:
Post a Comment