Showing posts with label кањон Матка. Show all posts
Showing posts with label кањон Матка. Show all posts

Thursday, July 15, 2010

Фотографии од посетата на Матка (5)

Ова е и последниот пост од серијалот слики од Матка .Овде ќе бидат објавени уште неколку слики кои не ги собираше во претходниот пост  .Зборовите се излишни сликите зборуваат сами за убавината опуштањето уживањето ....

Интересен цвет од поддалеку и поблиску
Виолетови полски цветчиња


Жолти полски цветчиња

На сликата подолу е прикажан класичен бршлен . Разликата со белиот оној во градината на црквата  можете да ја видите  на овој пост
Со овој пост завршува серијалот „ Од посетата на Матка  “ . Се надевам уживавте се потсетивте на убавините на Матка а за оние кои одамна не биле  можеби им дадов идеја  каде да се прошетаат на топлово време .

Wednesday, July 14, 2010

Фотографии од посетата на Матка (4)

Во овој пост дел  од фотографираните растенија , реката ....


Коза брсти од вегетацијата ...
Брзаци предизвикани од големите камења . Тука се одржуваат и турнири во кајакарство ...



Птица на патот  .Клипот со птицата е на овој пост

Неколку стебленца камилица
Боцки пазете сеее  :)
На сликава покрај  дел од дрвото има опашка од гуштер се надевам ја пронајдовте

Растенија на карпа

Подолу сликите мислам дека се некои видови на мовови и папрати .
И останува само  уште еден пост со фотографии  растенија од матка

Tuesday, July 13, 2010

Фотографии од посетата на Матка (3)

Oвој пат фотографии од карпите ...


На последната слика сакав да го фотографирам крстот кој се наоѓа на врвот на карпите .Не знам колку се гледа заради зумирањето
Чудесно е што се може природата да изгравира ..
Мислам дека може да се забележи уметноста на природата како го исклесала теренот а потоа му дала живот сместувајќи бројни растенија по самите карпи . Некогаш можеби тие се причина за нивниот одрон но тоа е само начин како природата го црта својот изглед . Непристапноста е забележлива . На  височините по мое мислење би се нашле луѓе со огромно искуство и одреден тип на алатки  . Токму непристапноста и неистраженоста ова место го прави возбудлив уникатен и придонесува во нас да се разбудат посебни чувства .

Monday, July 12, 2010

Фотографии од посетата на Матка (2)

Сеуште сме со фотографиите од црквата Св. Богородица - Матка  . Овојпат со слики од конаците  камбанаријата и повторно дел од градината .Црквата е ставена  во целост како последна да го  комплетира постот иако е еднаш прикажана во постот Од посетата на Матка
Црквата се гледа низ врата

Конакот со одблесок сонце



Цвеќиња во градината


Камбанарија
Црква Св. Богородица - Матка

Sunday, July 11, 2010

Од посетата на Матка ( 10.07.2010)

Станување рано наутро . Се знае  кафе спремање .Сендвичи - check . Вода -check  Запалка и ноже - check. А да и најбитното апарат и резервни батерии... Тргнавме со намера  да истераме добар излет да видиме што се променило бидејќи одамна не бевме отишле и да направиме некоја добра фотка . A Матка  таа секогаш успева да му го запре здивот на секој оној кој прв пат ја посетил и да му го забрза дишењето на секој кој погледнува надолу во езерото или пак нагоре во синото небо и врвовите на карпите . Љуѓето во кањонот изгледаа како заковани меѓу две супериорни нешта , знае  природата да ја покаже својата одлучност и смелост тука , да покаже дека всушност никој не може да ја освои и да ја има , единствено таа е господарот што одлучува колку ќе му поклони на секој посетител да ужива  во неа . Воздухот многу поинаков од Скопје свеж а  тивкото ветренеце само го дополнуваше убавото чувство . Водата со камењата поставени во неа и  брзаците кои тие ги предизвикуваат го покачуваат адреналинот а од спротива се смирува мислиш поточе станува а не река . Го слушам татко ми реди :  „ Е и оваа карпа останала  тука се симнував како дете и се бањав во реката  “ . Се симнува надоле сакајќи преку неа дојде до долу а одозгора виси некој објект  одмана затворен претпоставувам.  Се враќа .  -Го затвориле онде заѕидале покажува до подот на објектот ...
Одиме понатаму  хидроцентралата , браната лесно ги одминуваме .Се качуваме доаѓаме до картата на кањонот полека застануваме и ја разгледуваме небаре се ќе запаметиме потоа карпите од каде тргнува едно мало патче , покрај карпите наместа има поставено јажиња а понатаму и сајли за држење . Тргнавме по него со татко ми , тој се пофали како патов го поминувал без да биде модифициран уште кога бил многу помлад кога немало сајли а  наместа од карпите си ја удирал главата . По патот камењата понекаде кршени и моделирани  во скали , мора да се запази удобноста на туристите колку се може во една ваква средина бидејќи колку да сме совршени како суштества  немоќни сме  без механизација да го совладаме сами предизивкот кој тука го поставила природата ...
По патчето се чувствува дека се си го нашло своето место на припекот на сонцето , долу до водата , отспротива патчето под сенката . Меѓу карпите ѕиркаат разни треви т,н полски цвеќиња некој вид на папрат , мовови . Во околината бршлен разни видови на дрвца . вистинско место за опуштање на мозокот . по враќањето од оваа прошетка низ кањонот убаво се одморивме покрај реката и потоа  ја посетивме црквата Св Богородица -Матка . Градината во црквата ме плени неможев да ги одвојам очите од борчињата и другите зимзелени растенија , ситната , ружа и многу други .
 Кога се вратив дома и ги префрлив сликите на компјутер  испаднаа плус минус  100тина фотографии . Од нив повеќе од 60 тина  се навистина прекрасни .Во неможност да ги ставам сите на овој пост  клиповите и неколку слики  ќе ги ставам на постов а другите  ќе одат како серијал слики секој ден .