Sunday, July 4, 2010

Почеток на бонсаи

ВОВЕД
Од секогаш ме интресирала оваа уметност .Пред една година засадив ситно лиснет багрем или како што го нарекуваа багрем-рогач .Гледам сега повторно има пупки не ми замрзнал зимото бидејќи е надворешно  растение го чував надвор .Покрај него имам уште неколку кои што се засадени оваа година ..Денес пресадив и еден беџамин кој исто така сум во план да го претворам во бонсаи .Висок околу 15 цм и веќе поткастрен почнав да му го намалувам коренот за да го собере во мал сад .сега се наоѓа во вториот пробен сад кој е помал од првиот . Догодина веке  би требало да влезе во садот во кој планирам да го одгледувам бонсаито т.е во неговиот дефинитивен сад . Добив на поклон две зеленики и еден бор ама тие ќе бидат вистински предизвик за дотерување на стеблото  .  Она што навистина ме двоуми е  начинот на кој се сечат корените  за да се приспособи да го собере во мал сад како и начинот на раздвојување на корените ако се појават нови растенија директно од коренот.имам уште недоумици од типот како да го кастрам врвот . На интернет она што најдов е само мала фрее книга кај кој вооппто не е убаво објаснето како да се уреди врвот . Па молба до сите  оние кои се разбираат во цвекиња за совет или линк каде што може да се прочита или да се види на слика за уредување на врвот на дрвото

No comments:

Post a Comment