Showing posts with label кактус. Show all posts
Showing posts with label кактус. Show all posts

Sunday, November 13, 2011

Проблем со штетници


Оваа година навистина имав преголем проблем со штетниците . Особено со малите бели пајачиња . Најпрво се појавија  на  доларот . Отпрвин мислев дека тоа е нешто  што  се појавува   на најмладите листови и е природен тек на растењето   . Тоа бели малечки топкички кои беа лоцирани на спојот на најмладите листови со стеблото и за кратко време исчезнуваа и повторно се појавуваа на најмладите листови . Тоа  беше причината што изгубив доста време , а требаше да делувам многу порано . Случајно еден ден при полевање го закачив доларот со рака тогаш наеднаш испаднаа неколку најмлади ливчиња , а топчињата кои беа на нив се растурија и видов дека се работи за пајажина . По една недела упорно туширање немаше никакво подобрување па отидов во продавница (земјоделска  аптека) и купив средство за штетници кај растенија . Купив Бубакил за растенија кој воопшто не е отровен за топлокрвни животни . Знаев дека се работи за Перметрин но на него немаше упатство на кои рстенија смее , а на кои не смее да  се користи . Бидејќи ми се брзаше воопшто не ѕирнав на интернет ништо за перметринот туку го испрскав доларот , а ги прегледав и другите растенија . Истиот штетник беше присутен на  пиперчето па и него го испрскав . Прскав два дена по ред . Четвртиот ден немаше  штетници ни на двете растенија но ме чекаше ново изненадување . ПЕРМЕТРИНОТ БИЛ КОНТРАИНДИЦИРАН КАЈ СУКУЛЕНТИ КАКО ДОЛАРОТ  . Дури сега следуваше масовно испаѓање на листовите . Сега  и по неколку месеци од прскањето растението сеуште  закрепнува   .За разлика од него пиперчето се разграни расцвета и сега има многу плодови . Соединенијата на перметринот сеуште ми се број 1 избор за штетниците особено заради ниската токсичност кон топлокрвнте животни и човекот но дефинитвно ќе мислам каде ги аплицирам .
Подолу е сликан доларот дури 3 месеци по прскањето и сеуште не е дојден на себе .







Кафеавите траги на листот се оштетувањата од  инсектицидот . Тоа е  еден од листовите кои сеуште не се паднати . 
А еве како изгледаше пред да биде масовно нападнат . 


Уште една слика од пред употребата на инсектицидот има тука

Sunday, November 6, 2011

Aлое


Желбата да си купам Алое Вера ја имав одамна . Случајно на  пазарот во Чаир  поточно надвор пред влезот во едно мајско  пладне оваа година налетав на една  жена која продаваше цвеќиња .  Брзав многу  , а жешкото сонце ми ја печеше главата а немав ни наочари  . Покрај неа пројурив  и некаде одзади го слушнав нејзиниот глас „ајде цвеќињаааааа“ .  Влегов во пазарот да купам што треба и тоа не за мене  туку за  баба ми кога враќајќи си го филмот наназад помислив  дека таму имаше алое . По купувањето ми останаа уште 100 денари . Решив на излегување да поминам од истото место и  доколку има таму алое  и доколку цената му е до 100 денаро  да го купам . Алое за 100 денари мислев дека немаше шанса . Излегов и овојпат запрев  пред саксиите со цвеќиња и навистина долу имаше  2 саксии со алое . Прашав колку чинат .

- Помалото 50  а поголемкото 70 денари - ми одговори . 

Ха па тоа беше помалку од 100 денари . Го зедов поголемото , платив , ги однесов продуктите кај баба ми и му ја летнав дома . Одејќи дома приметив дека алоето беше скоро садено целото се нишаше наваму натаму а беше премало за таа саксија . Отпрвин помислив дека нема  да се фати  па затоа не го ни пресадив . Го ставив до прозор , сонце го грееше само во утринските часови , а го наводнував секогаш кога земјата беше  сува . Извесно време немаше нови листови но не венееше кога после 3 недели од земјата никнуваше ново стебленце . Откако стебленцето излезе некои 5 см над земјата поголемото стебло отпочна со пуштање на нови листови , а и помалото растеше  .Сега има уште едно ново стебленце и сега  уште повеќе ми е страв да го пресадам ама кај и да е ќе морам .
И кога се испофалив на неколку пријателки  дека конечно имам Алое вера  по 2 дена кај кактусарот го  видов  блог записот „Горчливо алое“  . Моето алое дефинитивно многу повеќе личи на горчливото алое отколку на алое верата ама кој си нема искуство .... 
Како и да е јас сум побогата за уште едно цвеќе кое  прекрасно си расте , а во следна прилика на купување можам и да го носам за споредба

Подолу на фотографиите  е прикажано веќе потпораснато сликано пред една недела 










Saturday, April 9, 2011

Најубавото изненадување за 8 ми Март

За денот на жената се опоравував .... со други зборови не можев да одам многу освен низ дома и тоа не подолго од неколку минутки  и сакала -несакала бев прикована за телевизорот . Ги гледав сите анкетирања прифаќања и неприфаќања на празникот идеите за прославување по кафани и сл . Ми текна дека низ годините наназад  се помалку сретнував луѓе кои купуваат цвеќе ,  сите  земаа нешто практично вазни , чаши , сервиси . А не знам зошто и не знам од каде тој ден ми беше секогаш за подарувње цвеќе , можеби дека како деца само тоа им подарувавме на нашите мајки . Свежо цвеќе собрано од тревниците или  откинато од некој двор . Бидејќи во текот на денот освен да размислувам ништо друго не можев да правам , почнав да мислам што би добила за  8 ми  Март . Сега сум мажена  веќе ја нема двосмисленоста  за девојчиња/девојки не бил празникот и слично .... Повторно почнаа да ми се редат слики на цвеќиња. Можеби нешто со цвет или некое дрво . Не , не  дрва имам веќе неколку , нема место за нив . Ми текна дека одамна се наканував да си купам сукулент -долар и се кога ќе дојдеше ред на него се парите ми притребуваа за нешто друго . Хммм што би било кога би му текнало на нешто  такво , би било супер таман со преселувањето ќе го пренесам во новото дома , ќе го ставам покрај прозор и тоа на југоисток . Таму има совршен прозор и тераса за одгледување цвеќиња . Претпоставував дека ќе биде цвеќе бидејќи знае колку сакам цвеќиња ... Вечерта дојде маж ми со две цвеќиња во рацете едното за мајка ми иако мислам дека му беше јасно дека и двете ќе ги присвојам . Едното цвеќе беше сукулент мислам дека е долар ,а ако не е многу личи на него и прекрасно изгледа а другото кактус кој го немам . Дефинитвно најубавото  изненадување за 8ми Март  . Е после радоста долго време чекаа да бидат пресадени , но штом „застанав убаво на нозе“ ... подолу на сликите се пресадени и малку потпораснати






Цветчето на катусот е вештачко 
Мило мое ти благодарам со тебе секој ден ми е посебен 




Friday, January 28, 2011

Кактус човече

Ова мало кактусче иако треба да е во мирување ,најверојатно заради високите температури во мојот стакларник си расте . Го забележав денес дека се издеформирало т.е попримило чудна форма на човече со рашиерни раце .Барем мене така ми личи . Освен тоа и уште еден кактус со изданоците кои ги пушта добива чудна форма . Тој е на последната слика  :)


Едната „рака“ е во сенка


Овде мислам се забележува поубаво 


Кактусот со чудни мали изданоци

Friday, July 9, 2010

Плачко од кактус

Овој кактус е исто така примерок од мои мали нозе . Го засадил татко ми од семе и од тоа садење останале само овој и уште 2 . Не би знаела да кажам колку е стар но влегува во едно од најстарите примероци во мојот дом значи повеќе од 10 год . Релативно  е  голем во горниот дел и многу широк но нажалост никогаш не процвета . Оваа година го зедов како би се рекло под „своја капа “ .  Го ставив под сенка завртен отприлика на север бидејќи моите забележале дека не му се допаѓа сонцето многу па ги послушав . Со редовно прихранувње расте доста брзо од почетокот  на пролетта па досега видно е забележливо неговото зголемување. Покрај наводнувањето со вода не му бега и прихранувњето може и затоа толку брза со растот но повторно до сега не процвета а нема изгледи тоа да се случи . Она што е интересно дека  на неговите најгорни делови забележав еден феномен . Имено се појавува една кафеава смолеста  течност која е густа и леплива во вид на капки . Оттпрвин се плашев дека му ставам премногу вода  па оретчив но секако одвреме навреме капките си беа присутни . Потоа ја исклучив прихраната  и повторно ништо не се промени кактусот си растеше а капките понатаму си беа присутни одвреме навреме . На крајот остана само да го набљудувам во смисла да не скапува или нешто слично но такво нешто за среќа не се случи .Кактусот и понатаму напредува но си го заработи прекарот Плачко бар меѓу нас дома
Еве ги и фотографиите каде  се гледаат капките . Потеклото на овие капки ми остана мистерија до ден денес . Единствено можам да претпоставувам дека  се резултат на сецернирање на течност од внатрешноста која претпоставувам изобилува со  токму таква течност - кафеаво црна леплива смолеста густа .



И подолу во целата своја големина :

Monday, July 5, 2010

Растеме растемеее ....

Ова се моите кактуси повторно само за да се пофалат дека пораснале : )
Најмногу расте бушавиот потоа  другите некако помалку иако се сите наводнувани според потребите и прихранувани исто така . На жалост ниеден од нив не цвета барем не сеуште се надевам  ако ништо повеќе барем догодина . Секако  тука  е и  фотографијата од мојот најнов кактус  кој го земав  пред околу 1 месец . Тој се каракеризира со своето брзо растење  веќе почна да пушта  „ топчиња “  кои ги ма се повеќе и повеќе ..

Овој кактус со белите  боцки е и најнов и иако при пресадувањето изгуби дел од „топчињата “ брза  брза да си ја постигне големината :)