Ова ми се случи некаде во втората половина на Мај или првата половина на Јуни . Како и да е се ближеше јунска сесија и имав многу за учење .Уште релативно поспана само со едно испиено кафе кое во последно време воопшто и не ме расонуваше заради премореноста тргнав набрзинка да ги поливам Љубичиците и да му ја летнам на книгата .Ставив вода и кога ја враќав саксијата во тацната нешто ми промрда на цветовите . Тогаш го провртев цветот и видов дека на неговите прашници и толчници се гоштеват неколку зелени инсектчиња кои по мое си ги нареков вошки . Прв пат во животот видов штетник врз љубичица . отпрвин немав идеја и oдев со помислата да земам инсектицид , но тоа сигурно ќе ги уништеше цветовите, а за листовите исто не бев сигурна бидејќи африканската Љубичица има многу нежни листови . Втората идеја беше да ги истуширам под млаз вода , но и така секако ќе го оштетев растението , а излекувањето не ми беше гарантирано . Време за размислување немаше испитот ми висеше над глава , а и проблемот кој никако не ми идеше да го одложам неговото решавање .Тогаш ми дојде една радикално-генијална идеја , додуша повеќе радикална . Мехначики начин на отстранување .Почнав најпрвин со отстранување една по една а кога видов дека ги има многу и дека се кријат помеѓу прашниците и толчниците и дека го носат она што го испуштаа цветовите како бел поленов прав сфатив дека ако ги нема цветовите ќе немаат храна и ќе изумрат . Е тогаш заиграа ножиците . Искрено ми беше криво имаше многу цветови ама ги отстранив сите до едно . Потоа убаво ги прегледав листовите сега ми беа достапни за преглед и со една пинцета го отстранив тие што се беа закачиле на листовите , неа беа многу . Љубичицата изгледаше искубано , лито без цветовите .Тогаш ми падна криво ама се убедував дека правилно постапив . И навистина не зажалив . За 3 недели таа повторно пушти пупки .Сега Љубичицата изгледа исто како пред шишањето :)
Имам две љубичици кои што имаат прекрасни листови но никако да процветаат. Не знам кој е проблемот.
ReplyDeleteМногу е битно да се дохрануваат , и да бидат на светло до прозор во топла просторија 20-25 степени но никако на сонце
ReplyDelete