Oвој пат фотографии од карпите ...
На последната слика сакав да го фотографирам крстот кој се наоѓа на врвот на карпите .Не знам колку се гледа заради зумирањето
Чудесно е што се може природата да изгравира ..
Мислам дека може да се забележи уметноста на природата како го исклесала теренот а потоа му дала живот сместувајќи бројни растенија по самите карпи . Некогаш можеби тие се причина за нивниот одрон но тоа е само начин како природата го црта својот изглед . Непристапноста е забележлива . На височините по мое мислење би се нашле луѓе со огромно искуство и одреден тип на алатки . Токму непристапноста и неистраженоста ова место го прави возбудлив уникатен и придонесува во нас да се разбудат посебни чувства .
No comments:
Post a Comment