Љубичиците според литературата се пресадуваат напролет кога и нивниот раст е најсилен меѓутоа јас водејќи се од потребите на растението големината на саксијата ја пресадив сега во втората половина на летото иако веќе кај Љубичиците забележувам успорување на пуштањето на нови листови , а и цветовите се менуваат тие стануваат помали . Што се однесува до техниката таа е иста . Љубичицата е кревко растение па може да добиете впечаток дека ви се потребни повеќе од две раце за да ја извадите од саксијата неоштетена . Најпрво ја одвојувате земјата од саксијата со остор ноже по рабовите. Потоа со ножето полека ја избуткувате одоздола . Другата рака препорчливо е да ја ставите најдолу кај коренот и полека како што ќе попушта цврстината на коренот да ја вадите Љубичицата од саксијата. Постои уште една варијанта ама мене ми е прегруба . Откако сте ја одвоиле земјата од рабовите на саксијата да ја завртите наопаку и да ја извлечете ,но вака еднаш завршив со многу скршени ливчиња и песок на другите кои после тешко се чистат , да не заборавиме листовите на Африканската Љубичица не смее да се воденат . Откако сте ја извадиле погледнете го коренот и долниот дел на листовите .Во колку кај некое ливче започнало скапување отстранете го или пак ако има можност поделете ја Љубичицата на неколку делови кои ќе ги засадите одделно . Останува да ја припремите саксијата со земја . Обогатете најобична земја со хумус . Јас ја припремам од око . .Кога ќе засадувате водете сметка дека не е доволно само коренот да биде засаден .Внимавајте и дел од стебленцата на сите листови да бидат во земја . Имено од три дела кои ги добив при пресадувањето едниот почна да ми скапува , па токму поради тоа морав да го зачистам повторно да го разделам на уште два дела и повторно да го засадам ама и така веќе не е сигурно дека ќе расте . Ливчињата кои се скршиле при манипулациите со растението може да ги ставите во вода или веднаш да пробате да ги закорените . Повод покрај големината на Љубичицата да ја пресадам сега беше и нејзиното запирање на пуштањето цветови во време кога тоа не е вообичаено .
Ја пресадував оваа Љубичица
Резултатот е
И едно 10 тина ливчиња кои се ставени за закоренување .За овие две сум сигурна дека ќе останат живи и ќе растат .Другите две ако останат ќе има нареден пост за нив :)
No comments:
Post a Comment