Цветот е впечатлив егзотичен портокалов со синкаста нијанса во внатрешноста и издолжен , а завршува во вид на шпиц од кој се двојат прашниците и како да ѕиркаат .
Не сум сретнала некој тука да го одгледува посаден во земја , но ако има такви еве неколку насоки за чување .
Растението Рајска птица е тропско растение кое припаѓа на фамилијата Strelitziaceae на редот Zingiberales . Научно се нарекува Strelitzia reginae и најчесто е познат како дива банана ,ова растение потекнува од топлите и влажни услови на Јужна Африка . Категоризирано е како грмушка . Листовите на ова растение се слични со оние на бананата само што се помали .Кога е зрело висината на растението достигнува околу 120 -150 цм . Цветовите на растението имаат портокалови и сини ливчиња . Со неспоредлива убавина и елеганција цветот на ова растение се користи за декоративни цели .
Како да го одгледувате ова растение ?
Одгледувањето на ова растение е лесно што го прави посакувано растение меѓу почетниците и искусните одгледувачи . Бидејќи потекнува од тропски климатски региони оптимална сончева светлина е круцијална за подобро растење и навремено цветање .
Одбирање на место за растението : За одгледување на растението главен предизвик е одбирањето на соодветно место за засадување .Ако имате градина која има многу сонце и земјата не е премногу влажна тогаш можете да го засадите вообичаено како и другите растенија .
Припремање на соодветна почва : Откако сте го одбрале местото каде ќе го одгледувате растението следи припрема на почвата на правилен начин . Во случај да имате тешка непропустилва земја додадете малку песок во дупките каде ќе го засадите растението да се подобри дрнажата . Дупките можете да ги ископате со 60 см растојание меѓу нив . Не заборавајте во нив да додадете малку органско ѓубриво .
Услови : За подобро растење на рајската птица , растението треба да биде изложено на сончева светлина . Наводнувајте го редовно да биде влажно , не мокро .
Ако сакате да исечете цвет за во вазна : Одберете долго стебло кое што е спремно и само што не процветало .Отсечете го така што да остане еден лист .Ставете го во тесна вазна исполнета со каменчиња во различни бои и вода и можете да уживате во цветот околу 3 недели .
Размножување: Има два начина на размножување со одвојување и со семе .
- Со одвојување : се вади растението од земјата или саксијата и се поделува според подземните стебла (ризоми) водејќи сметка секое од нив да има доволно коренчиња и потоа деловите се засадуваат во мали саксии и се ставаат на индиректно сонце . Откако ќе се аклиматизираат ( 8 недели ) може да се префрлат на место со повеќе директно сонце . Вака новото растение ќе процвета за 2-3 години
- Со семе : Вка добиените растенија ќе процветаат за 4- 10 години
Рајска птица (животно)
Делови од постот се преведувани од следните сајтови
http://www.flowershopnetwork.com/pages/newsletter/NewsletterAugust2007.php
http://www.buzzle.com/articles/bird-of-paradise-plant.html
а за слики покрај претходниот сајт се користени :
http://en.academic.ru/dic.nsf/enwiki/110705
http://www.seednation.com/seeds.php?type1=flower&page=1
http://www.ejmandassociates.com/about.html
No comments:
Post a Comment