Беше само едно гранче кое татко ми го донесе во мај 2010 .
Ми рече : - Посади го можеби ќе се фати
Најпрво го ставив во вода и откако и после 10 дена немаше никакви проемни го засадив и си помислив што биде - биде . Гранчето стоеше така цела пролет и цело лето и цела есен , Кога дојде време да ги внесуваме цвеќињата на него немаше промени , ниту едно ливче повеќе . Го внесовме , не знаевме дали може да презими надвор . Нормално незнаевме и сеуште незнаеме како се вика . За време на целата зима беше некако вишок го маткавме од место на место моите викаа ќе се осуши . Повторно дојде пролет со гранчето немаше никакви промени . Кон крајот на април му ставав вода кога приметив мала пукнатина . Си помислив пукнатината би требало да асоцира на ново гранче и навистина во мај месец се појави едно мало гранче , кое поолека го отскриваше своите листови .До сега бше лесно вода и светлина ама сега бидејќи не знам како се вика не знам кога и дали може да се прихранува .Случајно налетав во една цвеќара на цвеќе со такви листови таа ми рече дека е сукулент и тоа се што имам од информации за растениево .
ZZ flower кратко или Zamioculcas zamiifolia
ReplyDelete