Sunday, February 20, 2011

Безименко

Ова растение го добив пред неколку месеци на поклон од една комшивка . Едно сабајле дојде кај нас дома и го држеше  посадено во саксија . Го расадувала , па  знаејќи дека сакаме  цвеќиња  едно стебленце ни посадила . Растениево има меко стебло , поради што ако сакате да биде исправено неопходно му е стапче за потпора . Ние тоа не го  сторивме и  некако стана подгрбавено , ама  на сталажата токму таква форма и ни одговара . Искрено потребите не му ги знаев ,а  бидејќи немам појма како се вика , а името не го знаеше ни неговата претходна сопственичка немав можност ни да прочитам некаде како треба да се одгледува . Така овие  месеци експериментирав со него секако со некои мали совети од комшиката . За овие  неколку месеци открив дека сака  многу светлина , но не и директно сонце дури и листовите за многу кратко време ги врти кон неа , веројатно воопшто не е пребирлив во поглед  земјата  бидејќи беше донесен во најобична земја , а досега не е пресадуван и  добро напредува . Во поглед на наводнувањето го наводнувам исклучиво кога ќе приметам дека се исушила земјата , а тоа е на доста кратко време на околу 3-4 дена , па претпоставувам дека е љубител на многу вода .  Во поглед на температурата сега е сместен во мојот стакларник впрочем каде што и се сместени  и другите цвеќиња  зимно време , некаде на  +25степени . Искрено не знам дали цвета , но кај комшиката за време од неколку години не процветало , ама затоа има интересни зелено -жолтеникави листови заради кои и е привлечно .









No comments:

Post a Comment