Ова рестение е доста често по домовите терасите , а и на пазарите . На моите е едно од омилените. Има несекојдневен изглед . Листовите му се црвени личат на листови на детелинка само малку по косо и надолу поставени .Можеби и затоа така го добило името кај нас - латинското име на растениево не го знам .Мене листовите ми личат на пеперутки . Расте во вид на жбунче т.е од коренот тргаат неколку стебленца кои се многу кревки од кое секое завршува со ливчиња . Има мал ситен , но преубав виолетов цвет . Многу е лесна за одржување . Редовно да биде влажна никако премокра . До сега не сме ја прихранувале па не би знаела што точно да ви препорачам . Но и без прихрана нашата стана огромна .Во однос на светлината ја чуваме во сенка во најтоплите делови на денот , инаку на сонце во приквечерието и утринските часови , постојано е заштитена од ветар и никако не е изложена на дожд Еднаш ми се намокрија неколку ливчиња и целите клапнаа надолу и за неколку дена отпаднаа. Се размножува многу лесно при пресадувањето се одделува сноп од неколку стебленца со корен . Ова растение ги примамува погледите со црвениот лист и на секој кој ќе ми стапне на тераса погледот му оди кај неа и прашува какво е тоа растение . Одлична е како декор меѓу зелени растенија ја разбива монотонијата на зеленило :)
No comments:
Post a Comment