Sunday, July 10, 2011

Welcome back :)

Преголема  е празнината кога те испраќам и колку и да се обидувам да се навикнам на тоа  таа стои таму како дупка од  ништо.  Црнило кое може да ме голтне .... И колку да се трудам да ја избркам и заменам со убави мисли не иде . Повторно се појавува црно отпрвин малечко потоа се поголемо  и поголемо . Некогаш навистина се прашувам дали ќе ме голтне ...

Обожувам да ги бројам деновите кога те дочекувам последните 5 ги шкрткам во календарот  . Колку што претходно била голема празнината  станува голема возбудата за нови КОМПЛЕТНИ , ИСПОЛНЕТИ денови . Како на онаа празнина токму тоа да и е задача да создаде резерва место за да се всели возбудата   таму некаде во мене , не знам каде точно , но битно е ја чувствувам ...

И се така како во циклуси возбуда - празнина .... Живеам за денот кога нема да има потреба да те испраќам далеку туку ќе те чувам блиску блиску и секој ден ќе биде КОМПЛЕТЕН ИСПОЛНЕТ .




П.С Можеби требаше да почекам до Денот „Д “ но возбудата , инспирацијата и желбата за пишување  беа преголеми



Saturday, June 25, 2011

Дрвја во центарот на градот

Случајно поминував низ Жена-парк  кога погледот ми го привлече  едно од дрвата  кое имаше една многу интересна дебела гранка  која тргнува  од  долниот дел на стеблото и е дебела  околу полвина од стеблото . За среќа  апаратот беше во мојата чанта па  го фотографирав.  Потоа се рашетав и направив уште неколку фотки и од околните дрвја  . Тогаш ми текна дека секогаш кога поминувам спроти Црвен крст до тротоарот има едно интересно дрво со интересно групирани листови кои образуваат топки . Дрвово никогаш не сум видела  некој да го поткаструва ниту полева , можеби затоа  ми е толку интересно и привлечно







На последнава слика е прикажано „топчестото“ дрво спроти Црвен крст отприлика 

Thursday, June 23, 2011

Прошетка во Крушево

На оваа посета до Крушево беше татко ми , не јас . Ми ги донесе сликите вечерта . Беше полн со впечатоци што од градот , што од манастирот , и од доброто друштво кое беше со него , но не заборави да истакне  дека е потребно уште средување ... 
Уживајте во сликите , за овој пост не сакам многу  да пишувам и да го упропастувам со зборови 




















Дел од сликите  мене ми будат многу тажни спомени ... 

















Saturday, June 18, 2011

Чудесен цвет

Сега додека го пишувам постов цветањето и е при крај . Уште неколку дена  и ќе го отсечам стебленцето на кое се наоѓаа прекрасните цветови а сега се засушени . Чекав да  ги фотографирам сите фази од цветањето пред да го напишам постов . Ме изненади со цветањето не го очекував,  можеби затоа толку многу му се израдував  . Ја пресадив и очекував мирување а добив награда  преубав цвет со преубав мирис  . Ја чувам само 2 и пол  години . За неа пишував во вториот пост беше многу малечка т.е едно малечко стебленце кое се бореше за живот  , а сега е вистинско дрво . Кога ова растение го купувате од  цвеќара едни може ќе ви речат дека не цвета а  дека му се преубави листовите  , другите кои се поупатени ќе ви речат доколку цвета  да го отсечете стебленцето уште  веднаш за да не скапе  оттаму и  за да продолжи да расте нагоре . Со вторава констатација се сложувам делумно . Точно е дека стебленцето на цветовите може да биде место од каде ќе тргне скапување , но јас лично не се сложувам со негово предвремено отсекување зашто да се види и доживее цветот  на Dracaena (Дрво на живот ) , не само што е вистинска реткост туку и вистински благослов  ,а да не почнувам дека предвременото отсекување е нарушување на природниот развој на растението .
Да онаа малечка Dracaena за која пишував во неколку наврати процвета овој месец  . Кога прв пат ја забележав пупката  ме обзема силна радост и веднаш се сместив пред  компјутерот  и почнав да барам информации . Наидов на неколку форуми каде пишуваше дека нејзиното цветање во саксија  е вистинска реткост со просечно појавување на  7 години . Ретки беа написите (се на се 5-6) од некои сопственици  кај кои цветот се појавил после три четири  или пет години . Кај мене се појави на две години и  околу 6 месеци старост на растението .
Најпрво се појави едно топче на мало стебленце  со неколку пупки на него и си реков во ред за малата возраст  на растението е доволно . Но стебленцето растеше се појавија и други такви топчиња . Го погледнував секој ден пупките  се зголемуваа но сеуште не се отвораа .Случајно едно попладне  повторно седев пред компјутерот кога  почувствував  еден преубав мирис .Тоа беше сладуњав релативно јак мирис кој потсетуваше на мирисот на хојата  и на еден мој парфем  од јасмин  . Излегов надвор ,а таму ме пречекаа неколку  отворени   цветчиња . Тогаш сфатив дека кога во наредните неколку денови ќе се отворат сите цветови навистина ќе биде како да имам истурено парфем по дома  . Цветовите беа мали ситни распоредени во групи  со мали тенки бели ливчиња од чија средина штрчеа прашниците , но може да бидат и поинакви во зависност за кој подвид станува збор .  И сега кога полека мирисот исчезнува , а белите цветови стануваат кафеави и засушени се надевам дека и следната година ќе ме почасти со ваков цвет  .



Вака изгледаше кога прв пат ја забележав пупката



Вака изгледаше целото  гранче со пупките 




Фотографијата е направена кога прв пат го почувствував мирисот 






Вака изгледаа цветчињата 


Засушување 

Колку за споредба следнава слика е од јуни 2009 направена веднаш откако бев уверена дека Dracaenata ќе се спаси и истата може да ја видите во постот „Спасената Dracaena “



Претходни постови каде сум пишувала за оваа Dracaena со фотографии може да видите овде и овде  

Sunday, June 5, 2011

Безимен „сукулент“ или безименко 2

Беше  само едно гранче  кое  татко ми го донесе  во мај  2010 .
Ми рече : - Посади го можеби ќе се фати  
Најпрво го ставив  во вода  и откако и после 10 дена немаше  никакви проемни  го засадив и си помислив што биде - биде  . Гранчето стоеше така  цела пролет и цело лето и цела есен , Кога дојде време да  ги внесуваме цвеќињата на него немаше промени , ниту едно ливче  повеќе  . Го внесовме  , не знаевме дали може  да презими надвор . Нормално незнаевме и сеуште незнаеме како се вика  . За време на целата зима беше некако вишок го маткавме од место на место моите викаа ќе се осуши . Повторно дојде пролет со гранчето немаше никакви промени  . Кон крајот  на април  му ставав вода кога приметив мала пукнатина  . Си помислив   пукнатината би требало да асоцира на ново гранче  и навистина  во мај месец се појави едно мало гранче , кое поолека  го отскриваше   своите листови .До сега бше лесно вода  и светлина  ама сега бидејќи  не знам како се вика не знам кога и дали може да се прихранува  .Случајно налетав во една цвеќара  на цвеќе со такви листови таа ми рече дека е сукулент  и тоа се што имам од информации  за растениево .

Sunday, May 29, 2011

Пресадена и размножена црвена детелина

Кога ни ја поклони црвената детелина жената ни рече  дека со време во коренчињата создава некакви си црвени топчиња кои потоа може да се извадат и така да се размножи . Оваа зима детелината остана надвор и не измрзна  меѓутоа бевме решени да видиме  дали навистина во коренот создава некакви си црвени топчиња и ако ги има  да ги посадиме во поголема  саксија (жардињера ) . Бидејќи тукушто беше помината зимата тоа беше крајот на март почеток на април  дел од листовите и беа овенати а свежи имаше  малку лесно ја истуривме земјата од саксијата и навистина имаше црвено - портокалови  „топчиња“ иако според мене  имаа повеќе вретенеста отколку топчеста форма . Полека ги раздвоивме  и ги посадивме во поголема саксија. Сега остануваше да чекаме да видиме дали ќе изникне нешто. Чекавме околу еден  месец кога почнаа да се појавуваат првите црвени ливчиња . Бидејќи беа многу нежни кога требаше да ја нводнуваме тоа го правевме со  прскалка зада не ги „поплавиме“ ливчињата  

Топчињата изгледаа вака :



Детелината сега малку потпорасната ,но очекувам до крајот на летото да ја исполни саксијата  изгледа вака 






Детелината минтата година изгледаше вака 

   

Sunday, May 15, 2011

Азалеа

Случајно сретнав во една локална цвеќарница и ми текна дека одамна ветив дека ќе напишам пост за азалеата . Нажалост ја немам иако е една од најубавите цвеќиња / грмушки кои имаат прекрасен убав цвет .Таа погодна за формирање Бонсаи  кое доколу ви процвета практично ќе ве маѓепса
Азалеата припаѓа на генусот  Родендрон и е растение кое цвета во пролет .
Азалеата може да ја посадите во било кое време иако најдобро е во есен како би имала  време да се прилагоди на својот дом во текот на зимата .  
Земјата во која ја садите треба да биде кисела  тоа се постигнува со ѓубриво кое сорджи азот во колку и треба корекција .
Дренажата мора да биде добра тоа се постигнува со малку песок на дното
Азалеата не смее да биде изложена на директно сонце таа сака сенка така да доколу  имате двор може да ја ставите под некое дрво кое ќе иобезбеди добра сенка или во домот заштитена од сонце , но сепак до извор на светло како на пример прозор кој ќе обезбеди дифузно светло со малку сонце евентуално само во утринските часови .
Прихрана - Прихранувањето е најдобро да се спроведе после цветањето . При прихранувањето конзервативниот став е најдобар тоа значи преполовете ја дозата од таа кој ае напишана на упатството .
Наводнување - коренот треба да се одржува влажен но не премногу мокар . По цветањето може листовите да се прскаат со вода .Не смее да се употребува водоводна вода особено не за прскање  бидејќи ќе остави флеки кои ќе го оштетат листот .
Во колку при појавата на пупки се појават нови гранчиња тие се отстрануваат зашто цветањето ќе биде спречено а по цветањето истите се оставаат зашто од нив следната година ќе се развијат нови пупки .
Поткаструвањето на  азалеата е најдобро по цветањто . Со него треба да се отстранат сите исушени гранки а ,преголемите гранки се поткаструваат малку така да пуштат поатрактивни нови гранчиња .
Во колку азалеата е засадена во  градина во двор потребно е пред зимата да ја пресадите во саксија .


Азалеа бонсаи 










Линкови со кои се послужив за дел од постот
 http://en.wikipedia.org/wiki/Azalea
 http://landscaping.about.com/cs/treesshrubs/a/rhodo_azaleas_3.htm

Сликите се искористени од следните сајтови
http://www.artofbonsai.org/forum/viewtopic.php?f=62&t=996&start=15
http://www.buffalobonsaisociety.com/AzaleaTasks.html
http://www.thegrowspot.com/know/f5/bonsai-inspiration-53896.html
http://www.plant-shed.com/index.php?p=product&id=347&parent=13
http://www.bonsai4me.com/Gallery/GalleryPhilippeMassard.htm