Tuesday, June 16, 2026

Антуриум - Anthurium

Антуриумот е тропско растение кое потекнува од Централна Америка, Јужна Америка и делови од Карибите. Исто така e познато како Фламинго цвет поради нивната раскошна боја. Станало популарно егзотично собно растение токму поради изгледот на цветот .Некои видови антуриум се одгледуваат исклучиво поради атрактивните листови во облик на срце кои се појавуваат во различни бои, форми и шари.

Повеќето видови антуриум се епифити, кои ги прикачуваат своите корени на стеблата или гранките на дрвјата за да извлечат вода и хранливи материи. Кога имаат соодветна грижа и услови за одгледување   овие растенија ќе го разубавуваат домот во текот на  многу години. Еве како да ги одгледувате и користите во вашиот дом или канцеларија.

Пресадување: Антуриумите ќе треба да се пресадуваат на секои 2 до 3 години. Пролетта или летото се најдоброто време кога растенијата активно растат. Извадете го растението од саксијата за да ги проверите корените.

Користете нова саксија која е за 1 до 5 см поголема во дијаметар и малку подлабока од претходната саксија.

Проверете ги корените за знаци на гниење или други оштетувања.
Исечете ги оштетените делови по потреба.
Проверете ги растенијата за проблеми со штетници или болести.
Доколку новата саксија е претходно користена, исчистете ја и стерилизирајте ја пред повторна употреба.
Погрижете се да има соодветни дренажни отвори за да се исцеди вишокот вода од дното.
Поставете свежа кора или почвена подлога на дното од саксијата.
Поставете го растението на исто ниво како и во претходниот сад. Исполнете со земја
Притиснете лесно за да го шотстраните воздухот и да ја зацврстите почвата.
Наводнувајте полека додека течноста не излезе од дното на саксијата.
Потребни услови за светлина: Антуриумите претпочитаат средна до светла индиректна светлина од прозорец свртен кон исток или запад, што се совпаѓа со соодветните барања за светлина на антуриумот. Избегнувајте директна сончева светлина, која може да предизвика изгореници на листовите. Премалку светлина може да предизвика растенијата да не напредуваат и боите да избледат.

Температура: Собното растение антуриум е родено во топлите тропски региони, претпочитајќи температури помеѓу 20 и 30 степени Целзиусови. Температурите под 20 степени Целзиусови може да го оштетат зеленилото и цвеќињата. Држете ги растенијата подалеку од провев, отвори за ладење и греење ..

Почва: Бидејќи повеќето видови се епифити, почвата за антуриум треба да се состои од кора или друг груб материјал за саксии за да се обезбеди соодветна дренажа и циркулација на воздух околу корените. Користете мешавина за саксии специјално формулирана за орхидеи или универзална почва за саксии со додадена кора, тресет или перлит за да се подобри дренажата.

Наводнување: Наводнувајте откако горните 5 см од почвата ќе се исушат, користејќи метод од долу нагоре. Спуштете ја саксијата во сад со малку топла вода на собна температура 15 до 20 минути. Избегнувајте да навлегува вода на зеленилото, бидејќи може да биде проблематично

Ѓубрење: Во текот на сезоната на растење во пролет и лето, ѓубрете месечно со половина од концентрацијата со универзално течно ѓубриво за растенија. Ѓубривото за антуриум за цветни типови треба да биде побогато со фосфор за да се поттикне цветањето. Престанете со ѓубрење во есен и зима кога растот на растенијата ќе се забави .

Кастрење: За цветните типови, отстранете ги избледените цветови за да поттикнете нови цветови. Исечете ги листовите што стануваат кафеави или жолти, како и секој мртов или оштетен раст кога ќе се појави. Кога кастрите собно растение антуриум, користете ракавици за да спречите иритација на кожата од сокот.
Ви посакувам долг живот и прекрасни цветови 

No comments:

Post a Comment