Кога ни ја поклони црвената детелина жената ни рече дека со време во коренчињата создава некакви си црвени топчиња кои потоа може да се извадат и така да се размножи . Оваа зима детелината остана надвор и не измрзна меѓутоа бевме решени да видиме дали навистина во коренот создава некакви си црвени топчиња и ако ги има да ги посадиме во поголема саксија (жардињера ) . Бидејќи тукушто беше помината зимата тоа беше крајот на март почеток на април дел од листовите и беа овенати а свежи имаше малку лесно ја истуривме земјата од саксијата и навистина имаше црвено - портокалови „топчиња“ иако според мене имаа повеќе вретенеста отколку топчеста форма . Полека ги раздвоивме и ги посадивме во поголема саксија. Сега остануваше да чекаме да видиме дали ќе изникне нешто. Чекавме околу еден месец кога почнаа да се појавуваат првите црвени ливчиња . Бидејќи беа многу нежни кога требаше да ја нводнуваме тоа го правевме со прскалка зада не ги „поплавиме“ ливчињата
Топчињата изгледаа вака :
Детелината сега малку потпорасната ,но очекувам до крајот на летото да ја исполни саксијата изгледа вака
Детелината минтата година изгледаше
вака
No comments:
Post a Comment