Wednesday, June 24, 2026

Орхидеја запознавање

 Некои љубови започнуваат сосема неочекувано...

Орхидеи .... Отсекогаш ми го мамеле погледот . Секаде, во продавница особено по цвеќарите за 8ми  Март и особено сината иако е обоена . Ми претставувале  императив за добро одгледано цвеќе но со оглед на  малото место покрај прозорот никогаш не сум се решавала   да ја купам .  И  така пред  3 години  ја добив на поклон првата орхидеја .... Се сеќавам на тремата и безбројните прашања: Дали ќе успеам да ја одржам? Дали ќе процвета повторно? Дали ќе направам некоја грешка?. Целата во прашалници и со трема дека можам да ја изгубам  започна моето мало патување и проучувањето за одгледувањето  Орхидеи . Тоа беше почеток .. Денес мојот дом го разубавуваат жолта и бела орхидеја, а секое ново цветче носи посебна радост  .... и дефинитивно стои тезата дека ; Орхидеијата е најнежното  цвеќе па со вас би споделила  неколку кратки податоци  околу одгледувањето и потеклото 


Потекло и куса историја  

Орхидеите (фамилија Orchidaceae) се едно од најстарите и најбројните семејства на цветни растенија на Земјата, со потекло од пред повеќе од 80 милиони години. Денес се распространети низ целиот свет, освен на Антарктикот, но најголемата разновидност потекнува од тропските и суптропските предели на Азија, Австралија и Централна/Јужна Америка
Географско потекло и историја
  • Азија: Во Кина се одгледувале уште пред 3000 години. Филозофот Конфуциј ги опишал како симбол на благородништво и пријателство. 
  • Античка Грција: Името го добиле од старогрчкиот филозоф Теофраст. Тој ги нарекол órkhis (во превод: тестиси) поради специфичниот изглед на подземните клубени, кои биле симбол на плодност и мажественост. 
  • Викторијанска ера: Во Европа станале ексклузивен статус симбол. Богатите колекционери плаќале огромни суми за истражувачите да им донесат егзотични видови од џунглите во Јужна Америка и Азија. 
Најпопуларни сорти денес
Денес на пазарот најчесто среќаваме хибриди создадени од неколку клучни изворни видови:
  • Phalaenopsis (Пеперутка орхидеја): Најпопуларната собна орхидеја чие потекло води директно од тропските дождовни шуми на Азија и Австралија (Хималаите, Филипините).
  • Cymbidium: Потекнуваат од Азија (Кина, Јапонија, Индија) и се одгледувани со векови.
  • Vanda: Се карактеризираат со интензивни бои, а нивната прататковина се тропските делови на Азија

Најчеста кај нас се  сретнува Пеперутка орхидеја или  Phalaenopsis  


Одгледување  (основни принципи)
  • Светлина 
Најубаво е орхидејата  да биде поставена на прозор на индиректна  светлина  тоа се прозорците кон исток, а светлината да биде филтрирана  (лесна завеса ,венецијанер и сл ). Директното изложување на  светлина особено на јужните прозорци или  директно  летно сонце  ги гори листовите .
  • Почва 
Никогаш не ја садете Орхидејата  во стандардна почва . Тоа ги задушува корените. Наместо тоа користете  дрвена кора  или комерцијално достапна почва за Орхидеи  кои всушност се големи парчиња . Најдобро е  саксијата да е проѕирна  за да ја следите состојбата на  корените .  
  • Наводнување 
Водата која ја користите за Орхидеите треба да биде отстоена  на собна температура . Наводнувањето може да се оствари на два начина : 
Првиот  со ставање на вода одозгора но со големо внимание да не навлезе во средишниот дел на на цветот  бидејќи може дадоведе до  скапување   а иста така  да не ги допира стебленцата и цветовите . И  вториот многу побезбеден саксијата со орхидеја да се потопи во вода во текот на 10-15 минути  и потоа да се  исцеди добро  .
Орхидеите никако не смеат  да се оставаат да стојат во вода  бидејки за брзо настанува скапување на коренот  . Времето на наводнување  отприлика е  два пати неделно  во перидот н раст и цветање и еднаш неделно   во фаза на мирување  . Тоа може да се процени и следејќи ја состојбата на коренот  светло зелени  едри набабрени корени значи дека се добро хидрирани штом почнува да фали вода тие се подсобираат и тогаш е време за наводнување 

  • Воздух 
Орхидеите  обожуваат влажен воздух затоа и им одговара покрај прозорите. Ако дома воздухот е сув може под нив да се остави вода  во која се наредени каменчиња така што основата на саксијата да не ја допира водата  

  • Прихрана  
Орхидеите се  прихрануваат  со ѓубриво наменето за Орхидеи  кое може да биде течно во гранули или брикети . Се прихрануваат исклучиво во фазата на  активен раст, а не во мирување  

  • Пресадување  
Време за пресадување  е тогаш кога орхидејата ја надраснала постоечката саксија  и корените практично  излегуваат од саксијата . За пресадување најдобро  е да се користат  проѕирни  саксии со добар дренажен систем  или саксии наменети за орхидеи , како и соодветна почва 

Во прилог неколку слики од моите орхидеи  

















No comments:

Post a Comment