Бенџаминот многу често се сретнува во нашите домови како помало или поголемо растение некаде и како цели грмови со висина од два и повеќе метри . Бенџаминот е едно најлесните растенија за одгледување . Треба да биде постојано влажен , изложен на дифузна светлина т.е индиректно сонце и да се заштити од прекумерен студ . Има еластично стебло кое со тек на годините оцврснува , па во првите години можете да го обликувате како сакате дури и да си сплетете плетенка од три стебленца . има еднобоен темнозелен малку издлжен лист , но се сретнува и варијанта со бело пребојување на листовите . Она што битно ќе ви го нагласат во секоја цвеќара е дека треба да го туширате во летните денови , некои ќе ви кажат дури и секојдневно . Она што ќе заборават да ви кажат е дека треба да користите дестилирана вода за секојдневно туширање бидејќи тврдата водоводна вода ќе остави бели флеки . Дури и со бришење на листовите по повеќе години на дрвото кое го одгледуваат моите родители на одредени места се појавија такви флеки . Наместо тоа и за да не биде тоа секојдневна обврска самата си воспоставив правило кое се покажа одлично наназад веќе три години . Зимно време туширањето е комплетно исклучено , единствено внимавам земјата да биде секогаш влажна , не водена туку влажна , никако сосема сува . Летен период го туширам секои 15- тина дена кога е топло и кога ќе забележам прашина на листовите водејќи сметка да му е и време за полевање да не биде премногу вода во саксијата . Го туширам со водоводна вода . Потоа листовите ги бришам со книжна салфета така што не оставам капки . На тој начин годишно туширањето е сведено на 5-6 пати и во колку настанат флеки во текот на годината тие листови и ќе отпаднат . За прихрана употебувам најобично ѓубриво за цвеќиња . Бенџаминот се размножува со отсечени делови од растението и тоа со многу голема успешност над 90% од исечените стебленца закоренуваат и растат .
Заради вака лесното размножување стебленцата од дрвото кое го одгледуваат моите родители ги користам во обиди да направам бонсаи .Тоа почна пред 3 години . Од тогашното сечење зедов само едно стебленце и нормално ништо не направив . Растението не се исуши , баш напротив тоа добро напредува , но ни оддалеку не може да се рече дека има било каков облик на бонсаи .Стана само мало растение и за три години обликување може да се „пофалам“ дека тотално сум го утнала :) . Можеби со понатамошното обликување некогаш ќе заличи .... Другите стебленца се помлади од една година па затоа ќе ги фотографирам другпат ако останат здрави и живи .
Бенџамин плетенка
Последната слика е земена од следниот сајт :
http://www.foliageunlimited.net/recommended-office-plants.htm
Бенџаминот заедно со Дракаената е на листата на Растенија пречистувачи на воздух
No comments:
Post a Comment