Tuesday, August 3, 2010

Прошетка - манастир Св Илија Горни с.Бањани 02.08.2010

Иако за Св . Илија постарите знаат да речат тој ден врне , грми Св Илија се лути денеска денот беше преубав , создаден за прошетка .Откако се  одвоивме од добро асфаlтираниот пат , почнавме да возиме по калдрмата , a планината почна дa станува се поблиска и поблиска , чиниш  се отвара да не прими , да не собере сите луѓе кои се бевме упатиле натаму . Отсекогаш сум ја обожавала Скопска Црна Гора  . Таму воздухот е поинаков , птиците е погласни , водата повкусна , таму има  нешто . Им реков на моите високо е за нас кои се бевме навикнале на котлината  ќе спиеме многу кога ќе се вратиме ... Ме погледна маjкa ми со потсмев како да сакаше дами каже  :
- Е како да не знаеш ти  - ама не  рече ништо или барем јас не слушнав .
Веднаш се упативме кон манастирот .А тој оддолу изгледаше како заробен меѓу двата планински масива кои се  идигаа од неговата десна и лева страна . До манастирската црква се стигнува по скали кои се тесни или преку конаците  Едниот дел од манастирската црква беше заѕидан  во карпа . На неа времето си го беше оставило својот печат , но тоа ја правеше поубава . Вратничето мало  не би знаела да кажам зашто е такво и внатре се толку тесно што мораше веднаш да излезам за да им отстапам место на другите .Конаците реновирани а и преполни со гости .Луѓето кои беа задолжени за припремањето на ручекот -гравче иако премногу зафатени ни разменија 2-3 збора и не поканија на ручек ...
А околу манастирот се издигнуваше планината сета обрасната во  шума од најразлични дрвја . А подолу малку под манастирот се  слушаше жуборењто на Бањска река која се удираше  од  големите камења ....
Тука и се сместивме и уживавме во природата , дрвјата , големите листови ....
Слики од преубавата природа во околината и некои растенија од манастирот ќе следат во следниот пост
П.С  Постов требаше да биде готов и  вчера ама сепак не можевме да се изнаспиеме откако дојдовме

No comments:

Post a Comment