Sunday, August 1, 2010

Hoya ; Восочен цвет ; Христов венец

Се додека не наполнив 10-12  години воопшто не го сакав растениево .Тогаш прв пат го видов неговиот цвет , го почувствував неговиот мирис . Тогаш прв пат ни процвета ... Ова растение  моите дома го чуваа од незнам кога , откако јас се сеќавам на себе си , оттогаш го паметам и растението . Откако една од терасите ја приспособивме за стакларник татко ми го исече растението кое го имавме и од него зафати ново . По некое време  процвета и ме шокираше кога една вечер доаѓајќи од надвор мирисаше не само стакларникот туку  скоро целиот стан со исклучок на дневната . ..
Јас чувам бела Hoya ,а ги има во повеќе видови 
Хојата е растение со меко стебло .Тоа расте како ползавец . Може да се разлозува на жица или пак околу некое дрво кое исто така се чува по дома . Ова растение кај нас треба да се заштитува во зимските месеци од замрзнување . Растението кое јас го чувам има долг и доста тврд лист со бели дамки на неговата површина . Неговиот цвет  изгледа како чадорче на кој се наоѓаат повеќе цветчиња кои се тврди и мазни .Формата на секое цветче е со 5 агли ,како петоаголник или петокрака  .Во средниот дел овој петоаголник тој како да се испакнува и  има црвенкаста боја со бело , а во средината испушта една леплива капка која наликува на солза  ,а всушност е медовина . Кај разните видови листовите и цветовите варираат по форма големина , бојата кај цветовите и дамките  кај листовите .
Растението не е пребирливо во поглед на земја и вода .Го чувам во земја за цвеќиња повремено ја обогатуваме со хумус заради големината на саксијата и растението  кое со таква големина скоро е незвоможно да се пресади . За негово наводнување употребувам најобична водоводна вода која е отстоена .Ова растение е голем пребирливко во поглед на светлината . Тоа ужива во огромно количество  светилина  , но не  трпи сонце .Затоа  за негово одгледување како најпогодна се наведува источната страна  , но кај мене е сместено на североисток , па одлично успева . Штом ќе пушти пупки не треба да му се менува местото бидејќи истото  ќе ги исфрли .  Не е потребно да се отстрануваат сувите цветови , тие сами отпаѓаат . Цветот има пријатен , но јак  продорен мирис особено кога има многу цветови , затоа не ви го препорачувам во спалната :) . Како ѓубриво употребувам најобично наменето за собни цвеќиња со претпазливост штом ќе ги пушти пупките престанувам со ѓубрењето за да го превенирам исфрлувањето на пупките кое може понекогаш да се случи заради пребујното растење .Најлесно се размножува вегетативно со ластари кои се закоренуваат во земја или вода , па потоа се засадуваат .

Пупка
Цвет
Различни видови на хоја може да видите тука

2 comments:

  1. Zdravo, moze li da mi kazete od kade go nabavivte rastenieto I kade moze da se najde vakvo rastenie vo skopje?

    ReplyDelete