Sunday, November 13, 2011

Проблем со штетници


Оваа година навистина имав преголем проблем со штетниците . Особено со малите бели пајачиња . Најпрво се појавија  на  доларот . Отпрвин мислев дека тоа е нешто  што  се појавува   на најмладите листови и е природен тек на растењето   . Тоа бели малечки топкички кои беа лоцирани на спојот на најмладите листови со стеблото и за кратко време исчезнуваа и повторно се појавуваа на најмладите листови . Тоа  беше причината што изгубив доста време , а требаше да делувам многу порано . Случајно еден ден при полевање го закачив доларот со рака тогаш наеднаш испаднаа неколку најмлади ливчиња , а топчињата кои беа на нив се растурија и видов дека се работи за пајажина . По една недела упорно туширање немаше никакво подобрување па отидов во продавница (земјоделска  аптека) и купив средство за штетници кај растенија . Купив Бубакил за растенија кој воопшто не е отровен за топлокрвни животни . Знаев дека се работи за Перметрин но на него немаше упатство на кои рстенија смее , а на кои не смее да  се користи . Бидејќи ми се брзаше воопшто не ѕирнав на интернет ништо за перметринот туку го испрскав доларот , а ги прегледав и другите растенија . Истиот штетник беше присутен на  пиперчето па и него го испрскав . Прскав два дена по ред . Четвртиот ден немаше  штетници ни на двете растенија но ме чекаше ново изненадување . ПЕРМЕТРИНОТ БИЛ КОНТРАИНДИЦИРАН КАЈ СУКУЛЕНТИ КАКО ДОЛАРОТ  . Дури сега следуваше масовно испаѓање на листовите . Сега  и по неколку месеци од прскањето растението сеуште  закрепнува   .За разлика од него пиперчето се разграни расцвета и сега има многу плодови . Соединенијата на перметринот сеуште ми се број 1 избор за штетниците особено заради ниската токсичност кон топлокрвнте животни и човекот но дефинитвно ќе мислам каде ги аплицирам .
Подолу е сликан доларот дури 3 месеци по прскањето и сеуште не е дојден на себе .







Кафеавите траги на листот се оштетувањата од  инсектицидот . Тоа е  еден од листовите кои сеуште не се паднати . 
А еве како изгледаше пред да биде масовно нападнат . 


Уште една слика од пред употребата на инсектицидот има тука

No comments:

Post a Comment