За денот на жената се опоравував .... со други зборови не можев да одам многу освен низ дома и тоа не подолго од неколку минутки и сакала -несакала бев прикована за телевизорот . Ги гледав сите анкетирања прифаќања и неприфаќања на празникот идеите за прославување по кафани и сл . Ми текна дека низ годините наназад се помалку сретнував луѓе кои купуваат цвеќе , сите земаа нешто практично вазни , чаши , сервиси . А не знам зошто и не знам од каде тој ден ми беше секогаш за подарувње цвеќе , можеби дека како деца само тоа им подарувавме на нашите мајки . Свежо цвеќе собрано од тревниците или откинато од некој двор . Бидејќи во текот на денот освен да размислувам ништо друго не можев да правам , почнав да мислам што би добила за 8 ми Март . Сега сум мажена веќе ја нема двосмисленоста за девојчиња/девојки не бил празникот и слично .... Повторно почнаа да ми се редат слики на цвеќиња. Можеби нешто со цвет или некое дрво . Не , не дрва имам веќе неколку , нема место за нив . Ми текна дека одамна се наканував да си купам сукулент -долар и се кога ќе дојдеше ред на него се парите ми притребуваа за нешто друго . Хммм што би било кога би му текнало на нешто такво , би било супер таман со преселувањето ќе го пренесам во новото дома , ќе го ставам покрај прозор и тоа на југоисток . Таму има совршен прозор и тераса за одгледување цвеќиња . Претпоставував дека ќе биде цвеќе бидејќи знае колку сакам цвеќиња ... Вечерта дојде маж ми со две цвеќиња во рацете едното за мајка ми иако мислам дека му беше јасно дека и двете ќе ги присвојам . Едното цвеќе беше сукулент мислам дека е долар ,а ако не е многу личи на него и прекрасно изгледа а другото кактус кој го немам . Дефинитвно најубавото изненадување за 8ми Март . Е после радоста долго време чекаа да бидат пресадени , но штом „застанав убаво на нозе“ ... подолу на сликите се пресадени и малку потпораснати
Цветчето на катусот е вештачко
Мило мое ти благодарам со тебе секој ден ми е посебен
No comments:
Post a Comment