Sunday, November 6, 2011

Aлое


Желбата да си купам Алое Вера ја имав одамна . Случајно на  пазарот во Чаир  поточно надвор пред влезот во едно мајско  пладне оваа година налетав на една  жена која продаваше цвеќиња .  Брзав многу  , а жешкото сонце ми ја печеше главата а немав ни наочари  . Покрај неа пројурив  и некаде одзади го слушнав нејзиниот глас „ајде цвеќињаааааа“ .  Влегов во пазарот да купам што треба и тоа не за мене  туку за  баба ми кога враќајќи си го филмот наназад помислив  дека таму имаше алое . По купувањето ми останаа уште 100 денари . Решив на излегување да поминам од истото место и  доколку има таму алое  и доколку цената му е до 100 денаро  да го купам . Алое за 100 денари мислев дека немаше шанса . Излегов и овојпат запрев  пред саксиите со цвеќиња и навистина долу имаше  2 саксии со алое . Прашав колку чинат .

- Помалото 50  а поголемкото 70 денари - ми одговори . 

Ха па тоа беше помалку од 100 денари . Го зедов поголемото , платив , ги однесов продуктите кај баба ми и му ја летнав дома . Одејќи дома приметив дека алоето беше скоро садено целото се нишаше наваму натаму а беше премало за таа саксија . Отпрвин помислив дека нема  да се фати  па затоа не го ни пресадив . Го ставив до прозор , сонце го грееше само во утринските часови , а го наводнував секогаш кога земјата беше  сува . Извесно време немаше нови листови но не венееше кога после 3 недели од земјата никнуваше ново стебленце . Откако стебленцето излезе некои 5 см над земјата поголемото стебло отпочна со пуштање на нови листови , а и помалото растеше  .Сега има уште едно ново стебленце и сега  уште повеќе ми е страв да го пресадам ама кај и да е ќе морам .
И кога се испофалив на неколку пријателки  дека конечно имам Алое вера  по 2 дена кај кактусарот го  видов  блог записот „Горчливо алое“  . Моето алое дефинитивно многу повеќе личи на горчливото алое отколку на алое верата ама кој си нема искуство .... 
Како и да е јас сум побогата за уште едно цвеќе кое  прекрасно си расте , а во следна прилика на купување можам и да го носам за споредба

Подолу на фотографиите  е прикажано веќе потпораснато сликано пред една недела 










No comments:

Post a Comment