Friday, August 5, 2011

Манастир Св.Ѓорѓи -Старо Негоричане и „Етно село “

Прошетката до Куманово поточно до манастирот во Старо Негоричане  беше  договорена два месеци  порано меѓу маж ми и еден негов колега ,а беше  утврден и датумот - 15. 07 .2011. Тргнавме по најжешкото некаде околу 16 часот од Скопје  . Тогаш ако се сеќавате беше почетокот на топлотниот бран . По автопатот  беше пеколно немаше многу  автомобили а со тоа немаше и многу бучава  и ќе беше уживанција за  набљудување преку прозор да не беше сонцето . По сите преземени мерки млеко 60 ка фактор и квалитетни очила за сонце патувањето не беше така неиздржливо .На  бензинската на почетокот од Куманово се најдовме со пријателите и продолживме према  манастирот . Кога стигнавме  до манастирот   тој беше веднаш до патот во Старо Негоричане . Пред нас се издигна  голема црква убава камена градба  ... Човекот кој беше одговорен за црквата не  беше дома ,  ни отвори жена му меѓутоа неговото неприсуство ме чинеа некои факти кои сакав да ги дознаам. Во дворот на црквата  мирно тивко зелено со огромни дрвја како листопадни така и зимзелени  ... вистински одмор за душата . Исто така во дворот се наоѓаат неколку гробови претпоставувам на црковните луѓе  .  Влегувањето низ не многу високата врата  беше проследено со групна воздишка  бидејќи внатре беше  многу поладно . Фрескоживописот беше посебно впечатлив на него се познаваа годините на кои им пркосел . Жената која ни ја отвори црквата ни кажа дека тоа истиот фрескопис од  обновувањето на црквата некаде 13-14 век  Истиот наместа е  оштетен меѓутоа  плени со боите , ликовите ,а  композициите  се наредени во циклуси  . Запаливме свеќи се помоливме поседовме . Чувството додека бев  внатре беше необично , прекрасно како да ги полните батериите 100  на саат . Искрено се чувствував како да се  раѓам одново ....
 Излеговме ..Имав  чудно чувство додека го нпуштав местото беше навистина убаво и ми беше  жал што мораше  за кратко да се замине меѓутоа  мнозинството од друштвото посебно децата беа со празни стомаци па мораше , а и изгледа никого не го влечеа старите храмови како мене .  Единствено ми остана нејасно зашто храмот го нарекуваа манастир кога тој во суштина е црква  бидејќи конаци не видов нигде 















За Етно село нема многу да зборувам  ... единствено ми го привлекоа вниманието селските алатки  и колата кои беа поставни во дворот 
Првата слика подолу е направена на патот од Црквата  до  Етно село










Sunday, July 10, 2011

Welcome back :)

Преголема  е празнината кога те испраќам и колку и да се обидувам да се навикнам на тоа  таа стои таму како дупка од  ништо.  Црнило кое може да ме голтне .... И колку да се трудам да ја избркам и заменам со убави мисли не иде . Повторно се појавува црно отпрвин малечко потоа се поголемо  и поголемо . Некогаш навистина се прашувам дали ќе ме голтне ...

Обожувам да ги бројам деновите кога те дочекувам последните 5 ги шкрткам во календарот  . Колку што претходно била голема празнината  станува голема возбудата за нови КОМПЛЕТНИ , ИСПОЛНЕТИ денови . Како на онаа празнина токму тоа да и е задача да создаде резерва место за да се всели возбудата   таму некаде во мене , не знам каде точно , но битно е ја чувствувам ...

И се така како во циклуси возбуда - празнина .... Живеам за денот кога нема да има потреба да те испраќам далеку туку ќе те чувам блиску блиску и секој ден ќе биде КОМПЛЕТЕН ИСПОЛНЕТ .




П.С Можеби требаше да почекам до Денот „Д “ но возбудата , инспирацијата и желбата за пишување  беа преголеми



Saturday, June 25, 2011

Дрвја во центарот на градот

Случајно поминував низ Жена-парк  кога погледот ми го привлече  едно од дрвата  кое имаше една многу интересна дебела гранка  која тргнува  од  долниот дел на стеблото и е дебела  околу полвина од стеблото . За среќа  апаратот беше во мојата чанта па  го фотографирав.  Потоа се рашетав и направив уште неколку фотки и од околните дрвја  . Тогаш ми текна дека секогаш кога поминувам спроти Црвен крст до тротоарот има едно интересно дрво со интересно групирани листови кои образуваат топки . Дрвово никогаш не сум видела  некој да го поткаструва ниту полева , можеби затоа  ми е толку интересно и привлечно







На последнава слика е прикажано „топчестото“ дрво спроти Црвен крст отприлика 

Thursday, June 23, 2011

Прошетка во Крушево

На оваа посета до Крушево беше татко ми , не јас . Ми ги донесе сликите вечерта . Беше полн со впечатоци што од градот , што од манастирот , и од доброто друштво кое беше со него , но не заборави да истакне  дека е потребно уште средување ... 
Уживајте во сликите , за овој пост не сакам многу  да пишувам и да го упропастувам со зборови 




















Дел од сликите  мене ми будат многу тажни спомени ... 

















Saturday, June 18, 2011

Чудесен цвет

Сега додека го пишувам постов цветањето и е при крај . Уште неколку дена  и ќе го отсечам стебленцето на кое се наоѓаа прекрасните цветови а сега се засушени . Чекав да  ги фотографирам сите фази од цветањето пред да го напишам постов . Ме изненади со цветањето не го очекував,  можеби затоа толку многу му се израдував  . Ја пресадив и очекував мирување а добив награда  преубав цвет со преубав мирис  . Ја чувам само 2 и пол  години . За неа пишував во вториот пост беше многу малечка т.е едно малечко стебленце кое се бореше за живот  , а сега е вистинско дрво . Кога ова растение го купувате од  цвеќара едни може ќе ви речат дека не цвета а  дека му се преубави листовите  , другите кои се поупатени ќе ви речат доколку цвета  да го отсечете стебленцето уште  веднаш за да не скапе  оттаму и  за да продолжи да расте нагоре . Со вторава констатација се сложувам делумно . Точно е дека стебленцето на цветовите може да биде место од каде ќе тргне скапување , но јас лично не се сложувам со негово предвремено отсекување зашто да се види и доживее цветот  на Dracaena (Дрво на живот ) , не само што е вистинска реткост туку и вистински благослов  ,а да не почнувам дека предвременото отсекување е нарушување на природниот развој на растението .
Да онаа малечка Dracaena за која пишував во неколку наврати процвета овој месец  . Кога прв пат ја забележав пупката  ме обзема силна радост и веднаш се сместив пред  компјутерот  и почнав да барам информации . Наидов на неколку форуми каде пишуваше дека нејзиното цветање во саксија  е вистинска реткост со просечно појавување на  7 години . Ретки беа написите (се на се 5-6) од некои сопственици  кај кои цветот се појавил после три четири  или пет години . Кај мене се појави на две години и  околу 6 месеци старост на растението .
Најпрво се појави едно топче на мало стебленце  со неколку пупки на него и си реков во ред за малата возраст  на растението е доволно . Но стебленцето растеше се појавија и други такви топчиња . Го погледнував секој ден пупките  се зголемуваа но сеуште не се отвораа .Случајно едно попладне  повторно седев пред компјутерот кога  почувствував  еден преубав мирис .Тоа беше сладуњав релативно јак мирис кој потсетуваше на мирисот на хојата  и на еден мој парфем  од јасмин  . Излегов надвор ,а таму ме пречекаа неколку  отворени   цветчиња . Тогаш сфатив дека кога во наредните неколку денови ќе се отворат сите цветови навистина ќе биде како да имам истурено парфем по дома  . Цветовите беа мали ситни распоредени во групи  со мали тенки бели ливчиња од чија средина штрчеа прашниците , но може да бидат и поинакви во зависност за кој подвид станува збор .  И сега кога полека мирисот исчезнува , а белите цветови стануваат кафеави и засушени се надевам дека и следната година ќе ме почасти со ваков цвет  .



Вака изгледаше кога прв пат ја забележав пупката



Вака изгледаше целото  гранче со пупките 




Фотографијата е направена кога прв пат го почувствував мирисот 






Вака изгледаа цветчињата 


Засушување 

Колку за споредба следнава слика е од јуни 2009 направена веднаш откако бев уверена дека Dracaenata ќе се спаси и истата може да ја видите во постот „Спасената Dracaena “



Претходни постови каде сум пишувала за оваа Dracaena со фотографии може да видите овде и овде